Најекономично греење и ладење

Член од
31 октомври 2010
Мислења
14
Поени од реакции
2
Здраво.

Јас имам едно прашање во врска со греењето, поточно за соларен систем како додаток на постоечки систем за греење (дрва, струја, пелети и сл.)

Исто така постоела и соларна клима за ладење во лето, (се користи топлата вода од соларни колектори наместо компресор на струја)

Дали се ефикасни овие системи, дали некој има искуство, дали некој користи ?
 
Член од
14 мај 2009
Мислења
1.581
Поени од реакции
1.853
Токму така Даре, на сметката за струја мислам, со конвектори би била поголема. Инаку она што реков потрошувачка за струја од 1000-1200 би било само за греење на твојата соба со квалитетен инвертор (како што е оној што го посочив) башка трошоците за останато - готвење, бојлер, пегла, осветлување.... или на летната сметка (која претпоставувам ви е некаде 1500 до 2000) додај 1,200 па ке видиш колкава ке ти биде сметката зимно време - при услови на загревање, ако се загреваш со инвертор.... значи во услови инверторот да го користиш дневно во просек 10 часа, месечно сметката не ни требало да биде повисока од 1,200,- денари, па дури и во Декември и Јануари... Проста е математиката! Квалитетен инвертор со ЦОП фактор од 3,5 до 4, би трошел просечно 0,8-1Кв/час Х 10 часа = 80-100КВ Х 30 = 240 до 300 кв.... Е сега види на сајтот на ЕВН колку ли е КИЛОВАТ сега 4 или 5 денари!? И 6 да е на скапа, пак со евтина нема да поминеш 1,200 месечно. Но распрашај се ти Даре, не избрзувај! Можеби во нешто јас грешам! И уште една логика. Ако си купиш конвектор кој БТВ + - кој од 2 Квчини , цца 80 Евра.... тебе ти остануваат како разлика на цена на јапонски инвертор (од 620 + 50 монтажа) безмалку 600 Евра разлика!!! Пресметај сега и распрашај се дали тие 600 Еура за 5-6 години не би ја покриле разликата во струја.
 
Член од
11 мај 2010
Мислења
2.952
Поени од реакции
718
И уште едно прашање за климиве, дали работат добро за нестабилен напон за приградски населби?
ako по некоја случајност напонот паѓа под 190 волти, доста веројатно е дека ке прегори, мегутоа не значи. уствари прегорува електрониката, иако сум видел случаеви кај што компресорот неможе да тргне и тоа нај свежо е на многу јак бренд на климатизери т.е кериер. едноставно морав да го сецкам компресорот за да тргне.. пад на напон на околу 175 волти. а ако семеш јак бренд, тој и има некакви стабилизатори и заштити од падови на напон. меѓутоа, падот и не е страшен и опасен... страшни се пиковите. во еден момент на комшијата некој, ке му изгаси котелот од 24-36 киловати и ке има краткотраен скок на напонот кој всуност ја гори електрониката... тоа е страшното кај што има големи падови на напон...
 
Член од
3 ноември 2010
Мислења
2
Поени од реакции
0
Луѓе, ептен сум нов на форумов, иако не толку нов околу темите со греење-ладење... Ај, нешто малку кажете, ако знаете, за можноста на искористување на природната геотермална вода како можност за греење. Бидејќи сум од Кочани, таа веќе се користи во неколку јавни објекти за оваа намена (судска зграда, школи, спортска сала, оранжериски комплекс...), ама имате ли сознанија какви параметри се потребни за да секористи во индивидуални објекти. (Да кажам дека температурата на геотермалната вода во Кочанскиот басен е околу 75-80 степени С. Водата е донесена до градското подрачје со цевковод... е, сега останува изградба на детална мрежа, што веројатно е многу скапа инвестиција. Инаку, се црпи вода во количина од околу 250-300 литри/сек на споменатата температура.
 
Член од
11 мај 2010
Мислења
2.952
Поени од реакции
718
да... го знам случајот со изворот на термалната вода.. го знам и момакот на одржување што беше или можда и сеуште е.. зоки, квалитетн мајстор за греење. а исто така знам дека водата што доага од термалните извори не е 75-80 туку 50 степени... после иде во котел со нафта (конкретно во судската зграда и салата) и се догрева на некои 55-60 степени за во ептен ладните денови инаку како таква се користи со 50 степени и е топ греење... реткост и дар од природата е вакво нешто и греота е да не се искористи. мегута освен ако не си блиску цевководот (до 25 метри да речеме) се друго е млатење празна слама... и со тие 25 метри ке треба потстаница и обезбедуање на проток. а мрежна инсталација за повеке кратно користење т.е. за повеке домакинства е стварно скапа инвестиција... а кога би се зголемил капацитетот и би се оформило ротационо движење на таа температура со 300 литри проток во секунда може да се обезбеди повеке од пола кочани за греење.. мегутоа тоа е тоа... инвестицијата е сериозно голема...

п.с. мајка ми е од кочани, вујко ми живее таму, имам и брачеди некои, плус сега пред 5 дена турав парно т.е. кано систем (а парното зоки го направи) кај еден таму, што сигурно го знаеш:pipi:
 
Член од
3 ноември 2010
Мислења
2
Поени од реакции
0
Хммм, браво за брзиииот одговор... па, точно е тоа дека водата до градот доаѓа со намалена температура... има загуби во температурата ваљда, два ипол километри е цевководот, плус луѓето (балканско-македонски) си „позајмуваат“ од изолацијата (им треба џабе лим за кокошарници, тв антени... и разни други глупости...)... Да не забегам у темава, тоа што велиш
..“а кога би се зголемил капацитетот и би се оформило ротационо движење на таа температура со 300 литри проток во секунда може да се обезбеди повеке од пола кочани за греење..“
...мислам дека баш овие денови прават нешто, односно на терен привршуваат со проектот околу ротацијата, демек пред некоја година австриската влада даде грант од 1,5 милиони евра за таа намена, искористената вода да се враќа назад во земјата (реинјкекција)... е, сега, дали може да се зголемува капацитетот количински не знам, ама 300 литри у секунда не ми изгледа малце... Ианку, кога мене до дома би ми ја донеле водата макар и со температура од 45 степени С мислам дека би бил презадоволен, оти после со мало догревање би се постигнал задоволителен ефект... е, сега прашање е колку би наплатувало јавното претпријатие за потрошена геотермална вода (по кубик или со поставување калориметри, ствар на вкус...) ... Значи, според тебе, иако е футуристичка идеја за македонски прилики, сепак би било изводливо?! (кога некои горе не би млателе слама за политика, туку за практична реализација...) а, пари секогаш можат да се најдат ако се сака... поздрав...
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.455
Поени од реакции
18.456
Здраво.

Јас имам едно прашање во врска со греењето, поточно за соларен систем како додаток на постоечки систем за греење (дрва, струја, пелети и сл.)

Исто така постоела и соларна клима за ладење во лето, (се користи топлата вода од соларни колектори наместо компресор на струја)

Дали се ефикасни овие системи, дали некој има искуство, дали некој користи ?
Да соларни колектори се одлично надополнување на греењето во зима, посебно во одредени региони во Македонија кој имаат над 250 сончеви дена во годината.

Во главно се користат акумулатори за чување на толината, кои ја пеглаат инрецијата на системот, посебно со котел со дрва или ќумур.

Да има системи за ладење со сончеви колектори, во америка се користат малце повеќе ми се чини од остатокот во светот. Во Македонија немам видено таква инсталација.
Системот за ладење е многу скап, ми се чини некаде 15.000 еур се италијански системи кои можат да ладат со сончеви колектори.
 
Член од
8 октомври 2009
Мислења
780
Поени од реакции
385
Во потрага по најекономично греење
Новите видови за загревање на домовите со штедливи печки и пумпи контра традиционалните начини на греење на дрва, нафта, струја, парното...
http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=5B65E13C2C9456428992DEFA41A25AF7


Енергија и заштеда
Обновливите извори на енергија штедат пари

http://www.utrinski.com.mk/default.asp?ItemID=4657655ECEC22A4B80BC7FD322513597
 

korka

Голтар
Член од
25 септември 2008
Мислења
1.027
Поени од реакции
435
podno parno greenje kako funkcioniraat cenite kaj nas da ne e nekoj izvesten pa i ako ima nekoja moznost so soncev kolektor dofrlen kako bonus grejna voda
da ne znae nekoj kako odat od MQ ili na nekoj drug nacin???
 
Член од
11 мај 2010
Мислења
2.952
Поени од реакции
718
podno parno greenje kako funkcioniraat cenite kaj nas da ne e nekoj izvesten pa i ako ima nekoja moznost so soncev kolektor dofrlen kako bonus grejna voda
da ne znae nekoj kako odat od MQ ili na nekoj drug nacin???
подно греење... посакувано е сегде во полускузните куќи, ама има и гооолема негативност... онака како што кај нас се прават куќите, тие се страшно не економични. тоа е прво=1
2. нема контрола на температура
3. не е препорачливо од страна на докторите
4. инертно е
 

korka

Голтар
Член од
25 септември 2008
Мислења
1.027
Поени од реакции
435
подно греење... посакувано е сегде во полускузните куќи, ама има и гооолема негативност... онака како што кај нас се прават куќите, тие се страшно не економични. тоа е прво=1
2. нема контрола на температура
3. не е препорачливо од страна на докторите
4. инертно е

znaes deka ke go mestam jas veke pravevme muabet
jas toa sto mi e zacrtano ke go pravam
ima goooooolema kontrola na temperaturata so termostati vmetnati sekade
na baza na ekonomija e dosta golemo ako stavis extra termicka izoalcija na kukata da nema gubenja na energijata
kazi cena ajde pukaj
ako dojde red ke pravime jas i ti specijalno greenje so termicki soncevi paneli i plus fotovoltaicni za proizvodstvo za struja
znaci zasteda na energija pravime muabet a ne doktori
koj gi smirgla

znaeme li cena plus minus mQ kako odi
 
Член од
11 мај 2010
Мислења
2.952
Поени од реакции
718
неможам да пукам цена на форум... само на објект директно и пресметки на лице место... колку по јаки контроли бараш, толку по скапо ке биде, тоа знаеш... просечно, со се кано системот, почетни контроли за подно греење и подно греење со се работна рака иде од 19 до 28 евра квадрат... тоа е цена сега... со електричен котел ке иде 1-2 евра подоле...
 

korka

Голтар
Член од
25 септември 2008
Мислења
1.027
Поени од реакции
435
fakt e deka ne se puka cena tuka
cena tuka gledame za site da znaeme a koga ke dojde den se razgovara licno i personalno ne e tuka mesto za ponudi
znaci znaeme pocetok startna cena koja.e sega toa koj kako saka se e po zelba
 
Член од
11 мај 2010
Мислења
2.952
Поени од реакции
718
fakt e deka ne se puka cena tuka
cena tuka gledame za site da znaeme a koga ke dojde den se razgovara licno i personalno ne e tuka mesto za ponudi
znaci znaeme pocetok startna cena koja.e sega toa koj kako saka se e po zelba
точно... реков погоре колку иде просечно цена со стандард подно греење, без екстра контроли по соби и слично... еве пример, ако сака некој контрола на соба за подно греење, тоа се додатни термо вентил, термо глава, сонда, спојници, гипсирање... околу 50-70 евра по контролер... колку соби толку контролери... понатака има и со електро магнетни вентили и собен термостат.. бап уште 80 евра... сакате уште? па има.. се мести наместо 1 да има 2 змии за секоја соба за да се има подобра измена на температура... ај уште еднаш оние 2 ставки додате ги, и плус уште 20 евр апо соба за работна рака, па поголем појдувачки развод или во зависност од далечината можда ке треба по двојни разводи за секоја соба... дополнителни 60-80 евра и така... како што реков, нема теорија да се се тоа скоцка и да се објасни на форум... тоа само со презентација на лице место и убаво објаснување, зашто подно греење не е нешто едноставно... проектирањето на густината на цевките, како и протокот, во комбинација со изолацијата, пресметаната зима и желбата за собна температура и на крај температура на вода... се тоа се параметри кои треба да се пресметаат и да се стават на кантар за да се добие и економично и практично греење.... се друго е бла бла бла муабети... вие немате појма колку пати го слушнав муабетот дека подното е просто како грав.. е што е тоа комплицирано де? само ставаш цевки и... браво.. така треба... само ти стави си цевки онака и се ке биде таман...

после ке се чудат зашто онаа соба е потопла од оваа, и секако одговорите обично се во стилот на само објаснување, самооправдување (себеси си дава утеха): па добро, таа соба е занеш, со два надворешни зида, па зидот е потенок, па послаба изолација е, па прозорот таму не го сменив, па не дихтува баш нај нај, па горе не е покриено, па доле не лежи на подрум па вака, па така, па онака.... џабе се тие муабети... просто и едноставно кажано, подно греење е многу поголем, потежок и покомплициран проект одколку радијаторско греење... секоја соба се рачуна и пресметува посебно и се додава снага уште 30% од саканато, за еве баш вакви зими како што е сега ова надвор... се дешава еднаш во 5 години ама се дешава...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom