Греењето зависи во најголем процент од самата просторија. Две простории (станови) од да речиме 70 квадрати, ако е едната о сендвич блок со изолација со дупли термо стакла со добро излолиран под и плафон, можеш да го грееш и 3-4 пати поефтино и со помалку енергија од иста кваратура со 30 сантми зид (надворешен) со единечни стакла и врати кои не дихтоваат.
Во сите математики 5 киловати се 5 киловати и нека не ве лажи некој дека со 5 киловати ќе греите повеќе иили “посилно“ од друг таков уред. Едноставно тоа е математиката. Разликите се во начинот на загревање, начинот на распоредување на топлината и начинот на оддавање на топлинат (облик на телото, материјал и слично)
Ова единствено не важи кај инвертер системите каде поради пумпата и компресорот со потрошувачка од 1-3 киловати ќе донбиете загревање од 7-10 киловати. Значи од страна на економија инверторот е несомнено најекономичен но дискутабилно е дали е и најефикасен.
Ако немате добра изолација ни комбинација на печка на дрва, термо печка и инвертер нема да ве спаси од високи сметки и одвај смлачени простории но ако сте инвестирале при градба во изолација... ќе може да се загреете и со рингла.
Инвертерорт е ефикасен до некои -12 до -15 степени, но (нарочно во битола) знае да подржи и недела две и до -20 а и по месец дена кога ноќе температурите ќе паѓаат испод - 15, плус зависност од струја... не знаеш што те чека ако дојде до рестрикции или некои проблеми во снадбување, зато едно централно на дрва и инвертер, на пример ко што сме на работа немам потреба од палење на каминот (со парно) и горење секој ден 24 сати, инвертерот е доволен да стопли околу 40-50 квадрати на сабајле додека се стани и спреми за на работа, или навечер да одржува постојна температура а каминот се пали поручек или за викенди. Во зависност од зимите со ваков начин за површина од 77 квадрати би ви требало од 4-6 кубици дрва и не многу голема сметка за струја.