Темпларскиот Код, е систем на тајни знаци со кои се кодира претходно напишан текст. При дешифрирањето на кодот, целта е да се добие идентичен текст со оригинално напишаниот.
Текстовите кои се кодирале, биле напишани во тоа време на Латински, затоа што останатите европски јазици не биле во писмена употреба во рамките на Редот.
При дешифрирањето на Повелбата на Ларментиус, се добива латински јазик, кој е многу понов, од јазикот кој се користел во 14-тиот век и со кој се служел Де Моле.
Освен тоа - дури и тој Charter, се појавува на јаве, во 1705-та година, но во Масонските кругови, со што се формира масонскиот темпларски ред. Граѓанскиот темпларски ред, на чиј огранок сте и вие член, е формиран 100 години подоцна.
Иако Повелбата содржи имиња на Големи Мајстори, од Де Моле, па до 1804-та година, нема доказ за ниту еден од нив дека навистина бил Голем Мајстор, ниту пак дека редот функционирал во било која форма.
Сето тоа не е ни важно, од проста причина, што самата повелба на Лармениус, дури и да прифатиме хипотетички дека е историски точна, сепак, се заснова единствено и само на тврдењето на Лармениус, дека Де Моле усно му го пренел Мајсторувањето со Редот. Не содржи ништо што би докажало дека навистина Де Моле го рекол тоа (односно, не содржи информации кои само Де Моле би можел да ги знае, па на тој начин да се докаже коренот на информацијата), не содржи никакви елементи кои на било кој начин потврдуваат реално префрлање на управувањето. А Темпларскиот Кодекс налага сосема друг начин на префрлање на власта врз орденот, а не од еден Мајстор на друг, особено не во случаи на заточеништво (за кое оргиналниот Кодекс - сега изложен во Ватикан, содржи конкретни упатства).
Така да - во моментов, реално, не постои ниедна потврда за директно наследство на оригиналниот орден, иако романтичниот занес очигледно преовладува кај многумина.
При дешифрирањето на Повелбата на Лармениус, добиен е латински јазик кој потоа школски е докажано дека потекнува од XIV век. Е сега некои историчари тврдат дека Повелбата е лажирана и напишана во XVII – XVIII век од страна на Raymond Fabre-Palaprat, француски доктор и познат Француски Масон, во дворот на Наполеон кој тврдел исто така дека е Голем Мастер на Темпларскиот Ред. Palaprat јавно го “открил” постоењето на документот и историјатот во 1803-04, по Француската Револуција. Претходно документот бил полуприкажан во Версај во 1705 г, 400 год по оснивањето на Редот, кога Генералнот Одбор бирал нареден Голем Мастер- Philippe Duke de Orleans. Na овој состанок за првпат бил развиен и напишан статутот на Редот - Statuts Generaux 1705”
Во овој статут во првото Поглавје е напишано следново La R_gle јcrite par le Saint P_re Bernard; le Charte de Transmission, јmise par le Grand-Maitre de glorieuse mјmoire Jean-Marc, le treize de fјvrier treize cent vingt-quatre et souscrite par les Grands-Maнtres ses successeurs; les R_gles et les Lois sanctionnјs en Convent-Gјnјral, conformјment aux articles sept et neuf du Chapitre trois et les Dјcrets Magistraux.
Превод: Артикал 3 Редот е управуван преку суверените Акти како што се познатите Правилото напишано од Светиот Татко Бернард, Повелбата на Лармениус(или на Повелбата на пренесување) напишана од Големиот Мастер, Жан Марк на 13 ти февруари 1324, и потпишан од неговите наследници Големи Мастери, Правила и Закони санкционирани од Големото Собрание, во согласност со артикал 7 и 9 од 3 Повелба анд Магистралните Декрети.
Е сеа да не должам многу и објаснувам кое било правилото на Бернард, најбитниот дел од Статутот е дека директно укажува на Повелбата на Лармениус на Жан МАрк Лармениус наведувајќи ја датата во XIV век. Значи ова се случува 100 год пред покажувањето на документот од страна на Palaprat во дворот на Наполеон во 1803-04г.
Друг важен историски момент на Повелбата е дека е потпишана од секој Голем Мастер на Редот или Генерални Секретари или Регенти, запечатен и криен повеќе од 400 год исто акко што и работел Редот. Само така и можел да преживее. Значи не е точно дека нема никаков доказ за време од тие 400 години.
Е сега што точно се случувало тие 400 години се до 1705 никогаш и најверојатно нема да се знае во целост. Темпларите одсекогаш биле тајни а најверојатно оваа нивна навика ги одржала во живот и нивно преживување. Единствена информација на која што можеме да се потпреме од тој период е токму Повелбата на Лармениус. Занчи истата е зачувана, скриена и подоцна откриена во Париз, заедно со сите статути, записис, печати, стандарди и спомени од раните Темплари. Околу 1850 г Повелбата била здобиена од Англиски МАсон Crowe и однесена во Лондон каде се уште се наоѓа во Mark Mason Hall.
Е сега аз каков Кодекс праиш ти муабет тука незнам... Значи сите правила на Темпларите се наоѓаат во Статутот.(претпоставувам на тоа мислиш). Kои се тие правила од Статутот и кажи кога се напишани а се косат со нешто што (не) постои во Повелбата. Значи уште еднаш во Повелбата има само имиња на оние кои го наследуваат Редот.
Вечната дубиоза ќе остане дали De Molay му кажал или не на Лармениус...Важно е дека Редот опстанал толку време.
Друго нашата граѓанска организација не е створена 100 год подоцна туку директно наследена со пишани докази за наследниците по Palaprat па се до таткото на Дом Фернандо – Антонио.