Ке може ли малце подетално за тоа кој е тој York -Rite темпларско масонски ред. Јас сум малце упатен во тоа и до сега не сум го сретнал токму тој вид на ред. Знам дека York-Rite Е САМО МАСОНСКИ РЕД и дека лугето што припагаат на тој ред се масони. А постои и Шкотски Темпарски ред.
ДО ДАМАТЕМПАР
Иако е прашањето упатено до "Damatemplar", сепак, ќе одговорам и јас, затоа што е во врска со масонството. Иако е ова тема за темпларството, сепак, сметам дека вакво едно објаснување ќе биде корисно во оваа тема, затоа што инаку настанува забуна кај читателите во врска со масонското темпларство и нејаснотија околу тоа каква е разликата меѓу него и останатите темпларски организации.
Првин, нека да ја објаснам структурата на развојот во масонството. Има вертикален и хоризонтален развој.
Вертикално, има 3 нивоа, односно три степени - Чирак, Калфа, Мајстор. Највисокиот степен во масонеријата, во целиот свет е мајсторскиот степен. Нема ништо што е повисоко од тоа (и покрај тврдењата на многумина кои реално, не ја познаваат темата).
Кога ќе се стигне до третиот степен, постои можност за хоризонтален развој, односно, задлабочено проучување на третиот степен.
Тоа се одвива на неколку начини, во неколку таканаречени "странични редови", од кои најпознати се два - Шкотскиот Ред и Јорк Редот. Да појаснам само дека Јорк редот е поим кој се користи само во Северна Америка, додека во Европа, за овој ред се користат имињата на посебните структури во рамки на овој ред (ќе објаснам подолу кои се).
Шкотскиот ред се состои од степени од 4-ти, до 32-ри, и 33-ти степен, кој е административен, но не и езотерички.
Многу е битно да се разбере дека масон кој има 32-ри степен, не е повисоко од масон кој има 3-ти степен - токму заради тоа што го објаснив на почетокот - вертикален и хоризонтален развој. Во интерната масонска хиерархија, многу често се случува некој со трети степен да е повисоко поставен од некој кој е 33-ти степен во Шкотскиот Ред.
Јорк редот (пак ќе повторам - ова е назив кој се користи само во Северна Америка), се состои од три посебни тела, односно организации (и во Европа секоја од нив функционира сосема независно една од друга) - односно - Royal Arch, Cryptic и Knights Templar.
Royal Arch (ројал арч), е отворен за припадници на сите вероисповеди и нема никаква религиозна конотација. Во некои Европски ложи (особено Англија и Шкотска) е неразделно сврзан со основните три степени и речиси секој еден масон поминува и низ овој ред, затоа што таму се смета дека е директно комплетирање на третиот степен.
Cryptic (криптик), е истотака отворен за припадници на сите вероисповеди, и истотака нема религиозна конотација. Во повеќето Северно Американски ложи, овој ред речиси целосно се прескокнува, затоа што иако се наоѓа меѓу Royal Arch и Templar степените, сепак, не е услов за понатамошно напредување. Има пофилозофски и помистичен карактер од Royal Arch.
Knights Templar (темплари), е отворен за секој кој е спремен да го брани учењето проповедано од Исус Христос (ова е официјалното формулирање). Ова реално претставува пречка за нехристијаните, иако не претставува пречка за агностици, како и за припадници на други религии кои се со недогматски пристап кон религијата.
Во некои од воените PHA ложи, Јорк степените се нераздвоен дел од самата ложа, што понекогаш претставува проблем околу нивното признавање, затоа што највисоката јурисдикција мора да е секогаш во рацете на основната ложа, а не на Јорк редот.
Мора да се разбере дека Темпларските степени се чисто симболички. Иако масонството е директно поврзано со оригиналниот витешки темпларски орден, сепак, не може да се зборува за директно наследство на тој орден, ниту пак да се тврди дека масоните темплари се вистински темплари - не се монаси, не се воини (не во смислата во која биле темпларите), не се борат за ослободување на Светата Земја (нешто што било основна цел на постоењето на Темпларите), не живеат по правилата поставени од Орденот во 11ти век (или пак редефинираните правила од 14-тиот век, по апсењето на Де Моле).
Нивната денешна функција е симболичка, како и се во масонството, односно - од чисто морален аспект да се придржуваат до вредностите, симболиката, алегориите и езотеричките вредности на оригиналните темплари. Ништо повеќе, ништо помалку.
Исто така - мора да се разбере дека и останатите таканаречени темпларски организации денес (немасонски), не можат да претендираат за директна поврзаност со Темпларите, затоа што таква не постои (иако во својот романтичен занес, многумина се обидуваат да тврдат такво нешто - за на крај да не се во состојба да приложат било какви докази за тоа)!
Основната разлика меѓу масонските темплари и останатите е во тоа што првите се пред се масони (само мажи), потоа, поминуваат низ доста сложен процес на езотеричко развитие (ех, кој повеќе, кој помалку), додека да стигнат до Темпларските степени, кои исто така содржат езотеричко симболичко учење. Вторите, немаат езотеричко учење, иако имаат одреден морален кодекс и учење и примаат и мажи и жени.
Да не бидам погрешно разбран - не ја критикувам работата на вторите - сметам дека вршат доста добра хуманитарна дејност. Но - не можам да се согласам со некои историско-фактографски претензии кои многу често нивните членови ги имаат.