Атеист сум. Од моја песпектива и покрај моето очигледно одстуство на припадност на некоја религија сепак факт е дека во сите нас има потреба од верба, во секој атеист има барем капка сомнеж, потреба да поверува и обратно во секој верник мала доза на иронија. Веројатно тоа е врзано за елементот на мистерија на сите религии, а ипак без тоа религијата не би била религија. У минатото религијата за луѓето бил еден вид на психијатар и поткрепа, ја згаснувал нивната жед за надеж и што ти ја знам им помагал да ја оправдаат својата сопствена слабост и неможност за соочување со работите такви какви што се, а денес поише од кога било религијата е злоупотребувана за разни гадотии, убиства и срања кои се само наша вина. Потребата нашата лудост да ја индетификуваме со религијата е чиста глупост. Никаде никоја религија не го учи човекот да земе и да испоубие се пред себе по ѓаволите! На крајот на краштата у доба каде што основен постулат за развој и деструктивност во општеството е најуката човекот сепак ВЕРУВА. Верува бидејќи утре кога во смрттниот час ќе го допре подот со лицето, има потреба да знае дека оди на некое проклето подобро место, дека ова не е неговиот крај, верува бидејќи разбира колку е мил и драг животот каков и да е, па потребна му е каква годе утеха, а науката не му ја дава. Е друга прича е што религијата и сите проповедања многу криво и со предрасуди се разбрани, а се повеќе и навистина се, буквално како реклами, само нз дали Бог е спонзор или проклет продукт. Што ве знам, не ви е доволно да гледате дека една градина е убава без да верувата дека има некакви самовили на дното? Секој наоѓа своја смисла, сите тежнееме кон некаква среќа, бараме одговори кои ги немаме, место да разбереме и да ја видиме убавината.