С
Сатори
Гостин
Иако по насловот, темава припаѓа во друг домен, ја отварам тука затоа што сметам дека психолошкиот момент на нејзиното разработување е многу побитен од религискиот, исто затоа што не сакам да се претвори во рандом препуцавање помеѓу атеистите и верниците затоа што има сосема друга цел.
Веќе се јасни и познати скоро „сите“ теории за тоа зошто човекот се свртел кон непознатата сила да му го објасни она што не можел да го разбере, контролирање на широките народни маси или потрага по себеси во нешто повозвишено од минорното јас.
Ме потикнаа Плутарх и Бергсон, со нивните изјави.
„ Можеме да најдеме град без бедем, владетел, цивилизација, книжевност и театар, но никогаш човек не видел град без храм и со жители кои не се занимаваат со богослужење. “
Бергсон 20 векови подоцна ја констатира истата работа.
„ Се наоѓале и сега се наоѓаат човечки заедници без наука, уметност и философија, но сеуште не се нашла човечка заедница без вера. “
Зошто човекот има константна потреба од религија?
Зошто монотеизмот го потиснал политеизмот?
Зошто на атеистите не им „треба Бог“?
Итн ...