demmian
Попиванов
- Член од
- 9 јули 2008
- Мислења
- 1.613
- Поени од реакции
- 53
05.01.2010 - 13:01 |
На самиот почеток на средбата со израелскиот претседател, Шимон Перес го запраша Никола Груевски дали имаме риби во Македонија. - Имаме, одговори Груевски.
Израел е многу моќна држава која може многу да ни помогне на политички план со лобирање во светот. Со вакви импресии по средбата со израелскиот претседател Шимон Перес излезе македонскиот Премиер Никола Груевски.
Ословувајќи не постојано како Македонија, претседателот Перес посочи дека е добро да влеземе во НАТО, за да ги контролираме опасностите од насилство и деструкција. Вети и силна политичка поддршка:
- Израел има и силна дијаспора која може во иднина многу да ни помогне. Израелските инвестиции ќе значат не само економска, туку и политичка поддршка. Не би сакал да конкретизирам, но Израел е држава која не поддржува. Секогаш кога ќе побараме, ќе се потруди да ни помогне. Тоа чувство го имав и порано, тоа чувство го имам и сега по средбата со претседателот Перес, смета Груевски.
На политички план, Македонија има силен лобист. На економски се очекува влез на израелски инвеститори. Она што ние можеме да им го понудиме како земја во развој е политичка логистика во меѓународните организации и поволни услови за израелските бизнисмени. Но, иднината е во образованието, децидни се Израелците, со кои без приговор се сложи Груевски:
- Верувам дека сме на почетокот на голема технолошка револуција. Моќта на државите не се мери веќе во пари во банките, туку во иновациите и технологијата. Малите држави на овој начин ќе доминираат надвор од своите граници, таа ќе надмине се, порача израелскиот претседател Шимон Перес.
Според него, најисплатливи се инвестициите во образованието.
- Точно е дека има одредени проблеми со Сончев град, но ние работиме истите да бидат решени и проектот да се реализира што побрзо. Израелците се добредојдени и во други области да инвестираат, изјави македонскиот Премиер.
Со утрешната средба со Ципи Ливни, лидерка на израелската опозиција, завршува тридневната официјална на Израел. Владината делегација имаше и туристичко разгледување на Ерусалим, но не замина во Витлеем, кој е на палестинска територија.
На почетокот од средбата со израелскиот претседател, Шимон Перес го запраша Никола Груевски дали имаме риби во Македонија, како и дали одгледуваме и извезуваме и цвеќе, на што доби потврден одговор.
Политичко лобирање, економска соработка и меѓусебна поддршка. Ова се стратешките точки за продлабочување на соработката меѓу Македонија и Израел, кои овде во Ерусалим ги договорија Премиерот Никола Груевски со неговиот колега Бенјамин Нетанјаху на средбата доцна попладнево.
А доцна синоќа пак, Invest in Macedonia ги стави на продажба пред израелските инвеститори Тутунски комбинат Прилеп, ЕМО Охрид и прилепски Еврокомпозит.
http://sitel.com.mk/dnevnik/makedonija/premierot-gruevski-se-sretna-so-izraelskiot-pretsedatel-peres
Гоце Михајлоски Коментари (0)
05.01.2010 12:39
Никола Груевски
Македонија е мала држава по територија но може да стане голема доколку го следи технолошкиот напредок на Израел, порача израелскиот претседател Шимон Перес на средбата со македонскиот премиер Никола Груевски.
„Големината на државите денес не се мери во територии или население туку во знаење и технологија“, изјави Перес.
Тој понуди поинтензивна соработка на научно поле.
„Израел е земја од која може многу да се научи“, изјави Груевски по средбата.
Политички и економски силна со моќна дијаспора. Израел е земја која може да и помогне на Македонија како за побрз развој така и за лобирање во светот.
Македонскиот премиер попладнево ќе се сретне со својот израелски колега Бењамин Нетањаху, а тридневната посета ќе ја заврши утре со средба со лидерката со опозиционата „Кадима“, Ципи Ливни.
http://a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=118282