Фан Клуб: Интер

Статус
Затворена за нови мислења.
А бе не видел некој на Канал 5?

Дремевме ја Снајдер и уште еден дечко пред ONE во трговски и чекавме вести да почнат да се видиме :) и си се видовме на крај ,,, :) Браво за Канал 5 што не дадоа како прва вест :)
 
Дем ит! И јас сакам да видам на Канал 5 што чуда било тоа :)
 
Сеа станувам ја бидејки сабајлево се вратив,иначе поздрав до Велес стварно добро не пречекаа и стварно е луда атносферата.На крај коа ги запаливме димните и огномет беше уживање немам зборови,ова не се опишува ова ми беше најуабвииот ден во мојот живот се славеше до сабајле со трубачи и ке го памтам ова цел живот!!!ИНТЕР ТЕ САКАМ
 
Може и Барези а и би го спомнал и Блан кој исто така имаше добра сезона со Бордо...

Туку да прашам кога играме со Атлетико и дали тоа што не снимаа во Опера и низ плоштад ке го видиме набрзо на ЈуТуб

Мислам на 22 или на 27 август , некоја таква дата беше
 
Она што го чекав скоро две децении се случи конечно. Сега дури и да го расформираат клубот или да играат само егзибициони натпревари, не е битно, срцево е полно. Еј не можам да верувам, Интер е на врвот на Европа. Вчера викав и скокав и плачев и гушкав и пеев, ама признавам сум се радувал на обични победи со Џенова, Сиена и слични тимови повеќе, зашто не сум потполно свесен што се случи. Знам, има навивачи на Реал, на Барса, на Милан, кои го славеле ова и повеќе пати, ама никој не може да го доживее истото како што на еден навивач на Интер му значи ова. После сето патење, губење, уништени сезони, годинава наплативме за се.

И, знам дека не треба да збориме за Мурињо. или за Милито, или за било кој, ова е успех на Интер како целина. Но, Мурињо е човекот што го овозможи ова, заедно со Морати, и затоа ми е многу криво што ќе си замине, иако до последен момент ќе се надевам дека ќе остане кај нас. Но, ќе замине како Шампион, на врвот, и колку и да не го посакувам тоа, сепак, подобро е оваа приказна да остане блескава засекогаш, одошто било што во иднина да ја засени. Сезонава нема да се повтори, веројатно сите се свесни за тоа, но додека некои уште вчера ми порачаа како со нетрпение го очекуваат моментот кога Интер повеќе нема да биде шампион, сега, денес, ИНТЕР е најголем на планетава. На истиот начин, можеби сега е најдобро време да се повлече и капитенот, со тројна титула, со сите заслуги, но верувам ќе сака уште една сезона да го слави овој успех.

Поздрав за сите тука, иако не сум пишал никогаш, редовно ве читам, и верувам кај сите го има ова задоволство кое го чувствувам јас денес, без разлика колку време сте со Интер.
 
А бе не видел некој на Канал 5?

Знам дека ти беше во крупен кадар, исто ко и јас и Андреј во некој кадар подоцна. Најмомент беше типот што викаше НАПРЕД и онда луѓево - ИНТЕР !!! :icon_lol:
 
Јас во кадар?! Хах,е сеа морам да видам :)
 
Сега во 5 саат колку што знам ќе даваат вести на Канал 5, гледајте :)
 
i sega koj ke vi bide trener ?
so sinisa mihajlovic ne veruvam deka ke storite nesto povike,a i od segasniot sostav ke si zaminat sigurno 2 3
 
Она што го чекав скоро две децении се случи конечно. Сега дури и да го расформираат клубот или да играат само егзибициони натпревари, не е битно, срцево е полно. Еј не можам да верувам, Интер е на врвот на Европа. Вчера викав и скокав и плачев и гушкав и пеев, ама признавам сум се радувал на обични победи со Џенова, Сиена и слични тимови повеќе, зашто не сум потполно свесен што се случи. Знам, има навивачи на Реал, на Барса, на Милан, кои го славеле ова и повеќе пати, ама никој не може да го доживее истото како што на еден навивач на Интер му значи ова. После сето патење, губење, уништени сезони, годинава наплативме за се.

И, знам дека не треба да збориме за Мурињо. или за Милито, или за било кој, ова е успех на Интер како целина. Но, Мурињо е човекот што го овозможи ова, заедно со Морати, и затоа ми е многу криво што ќе си замине, иако до последен момент ќе се надевам дека ќе остане кај нас. Но, ќе замине како Шампион, на врвот, и колку и да не го посакувам тоа, сепак, подобро е оваа приказна да остане блескава засекогаш, одошто било што во иднина да ја засени. Сезонава нема да се повтори, веројатно сите се свесни за тоа, но додека некои уште вчера ми порачаа како со нетрпение го очекуваат моментот кога Интер повеќе нема да биде шампион, сега, денес, ИНТЕР е најголем на планетава. На истиот начин, можеби сега е најдобро време да се повлече и капитенот, со тројна титула, со сите заслуги, но верувам ќе сака уште една сезона да го слави овој успех.

Поздрав за сите тука, иако не сум пишал никогаш, редовно ве читам, и верувам кај сите го има ова задоволство кое го чувствувам јас денес, без разлика колку време сте со Интер.
Честито нека ние.
Ти си вистински фан на ИНТЕР.
најголемиот број на фанови на Интер поминавме 20 години низ кој имаше многу неправди, но денеска сме горди што сме дел од INTERNACIONALE.
Клуб на кој се радуваа сите во Македонија, Бразил, Аргентина, Романија, Гана, Камерун, Србија, Португалија, Холандија, Словенија, Колумбија, Кенија, Швајцарија, Австрија...
А Жабарите нека се носиет у пм со Јубентус...извини ТОЛДО, Матераци, Орландини и Сантон....ивие све жабари.
 
Зашто бе не те видов тебе вчера во Опера? :)

Незнам, со Андреј седевме на чело, чудно што си не промашил :)

п.с. На Скај Спорт го прашаа Пандев како се вика шампиони на Европа на македонски, вика: сиамо Шампиони ди Европа :pos:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom