Фан Клуб: Интер

Статус
Затворена за нови мислења.
Капело, једино во него гледам соодветна замена. Да бидам јасен, мислам дека не постои поидеален тренер од Мурињо, но кога веќе си оди, само Капело.
 
Добар ден Интеристи...добар ден Шампиони на Европа !!! :vozbud:

Тоа што го посакав, го добив.... да изгинат момците на терен и сликата што ја замислував со Занети како го крева пехарот...стана реалност!! :vozbud:

Едноставно...Tripleta Di Inter !!! :pehar: :pehar: :pehar:

За видеото, ебави матер... 3 пати го гледав, 3 пати се расплакав :cry:

Не сакам да си оди Специјалниот...Интер не е Интер, ако не е тој тука :( ... Секако ќе имаме замена за него, ама ко него никогаш нема да е.

еве најдов еден web site -> http://www.ilovemou.com/ (Сите го сакаме :) )

Mou non ci lasciare ( Mou don't leave us )
MOU-NON-CI-LASCIARE.jpg
 
Остај Капело , глеаш цело време шпекулираат за Михајлович , а некако ме фаќа страв со тој али ај да не серам пред време ќе видиме што ќе се деси . Инаку да си кажам дека вчера ми беа помешани емоциите , многу бев радосен за освоената титула ама и исто толку лошо се чувствував дека си иде Хозе
 
Јас претходните денови бев за Капело но сега не сум.Не ни треба тренер кој ќе го обрне тимот за 360 степени.Ни Капело ни Бенитез.
Ни треба тренер кој го познава тимот Михајлович го познава затоа сум повеќе за него да се задржи костурот на тимот со 2-3 нови играчи и одиме напред.Барселона истото го направи по Рајкард зема неискусен тренер Гвардиола и им успеа.Јас сум или Михајлович или Прандели за мене најдобриот тренер во Серија А по Мурињо.


А за Мурињо никој нема да го замени но сум сигурен дека еден ден пак ќе се врати во Интер бидејќи вратите за него секогаш ќе се отворени.
 
И јас имав исти емоции како твоите!Среќен што ја покоривме европа,а несреќен дека Мурињо заминува од нашиот Интер.Нема да бидеме ист тим без нашиот лидер Специјалниот,но секогаш ќе му бидам благодарен.
 
Се само Михајлович не!,,,, ја би или за Рајкард или за Капело...
 
Честито титула сосема заслужено освоена!... Имаше некој од овде синоќа во Струмица? :) Еве каква беше атмносферата тука синоќа :)
 
Се само Михајлович не!,,,, ја би или за Рајкард или за Капело...

ја сум за Барези , ама него нигде не го спомнуваат :) Тој е човекот кој најдобро го знае тимот , работеше 2 години со Хозе , може да задржи дел од тимот на тренери кој што работеа под капа на Хозе , и сигурно има доста научено од него
 
ја сум за Барези , ама него нигде не го спомнуваат :) Тој е човекот кој најдобро го знае тимот , работеше 2 години со Хозе , може да задржи дел од тимот на тренери кој што работеа под капа на Хозе , и сигурно има доста научено од него

Може и Барези а и би го спомнал и Блан кој исто така имаше добра сезона со Бордо...

Туку да прашам кога играме со Атлетико и дали тоа што не снимаа во Опера и низ плоштад ке го видиме набрзо на ЈуТуб
 
А бе не видел некој на Канал 5?
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom