Последен гледан филм

Статус
Затворена за нови мислења.

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.624
Поени од реакции
59.477
Само што го изгледав и нема да се согласам. Сум гледал многу поголеми срања, а овој не спаѓа таму. Не е нешто особено, ама вреди да се изгледа и сосема си ја заслужува оцената 7,5/10.

.
Потпросечен филм, кој не го гледал, ништо интересно не пропуштил. 5/10.
Burn After Reading (2008) е од класата филмови “или ги сакаш/или ги мразиш“. Затоа можам да разберам што на многу луѓе им се допаднал. Јас лично, и покрај тоа што ги сакам Пит и Клуни, не можам да го сварам филмот. Мислев ќе рикнам од досада чекајќи нешто да се случи...

Awake (2007) точно дека не е ништо посебно ама се трпи, може да се изгледа без никакви високи очекувања.
 
Член од
6 август 2007
Мислења
4.063
Поени од реакции
175
:wub:

И пак и пак и пак и пак и уште 100000 пати да го гледам знам нема да ми здосади :pipi:
 

AtoM-AnT

Dexter
Член од
3 септември 2008
Мислења
4.530
Поени од реакции
583
Quantum Of Solace

Quantum Of Solace
Најлошиот филм до сега снимен за агентот 007,премногу брза акција и не можеш да приметиш кој тепа а кој е тепаниот...

 

MacedonianSun

herE I gO agaiN!
Член од
13 декември 2008
Мислења
1.111
Поени од реакции
33
Синоќа го гледав Extreme Dating, може да се рече добро филмче, комедија :tv::tv::tv:
 

Apokalipto

Tredici
Член од
4 март 2007
Мислења
15.576
Поени од реакции
2.585
Once Upon A Time In Mexico.... sдоста слаба реализација и покрај тоа што има некои моменти 6/10

 
Член од
20 март 2007
Мислења
8.493
Поени од реакции
308
Eagle Eye, еден тон пофалби уау брат многу е јак и слично, за на крај да испадне уште еден ТрансФОРМЕР амерички тип на филм. Мене не ме воодушеви ама баш ич, приказната уште помалку. Замислете го 2001: a space odyssey споен со хм, Deja Vu со Дензел Вашингтон и зачинето со класична патриотска најјаки сме, америчка приказна и воала. :)

Burn After Reading ми е ептен кул филмче. Што сакаат нека пишуваат критиките, филмов владее има таква испреплетеност, така добар хумор, така нетипична приказна што можам да го сместам категорија, еден оние подобрите филмови кои излегле оваа година. И само за напоменување актерската екипа е одлична, исто како и глумата.

Transporter 3, најлошиот филм што го имам изгледано во последниве неколку дена. Катастрофално, од сценарио, до режија, непотребни сцени, нелогичности... глупави линии и листата на негативности само продолжува.



Сега очекувам да ме изненади Grand Torino, и тој е гледам слабо оценет ама сигурно дека револверашот нема да се врати туку така на платното, во така просечен пак ќе речам, според ''kritikite'' филм. :)
 
Член од
22 февруари 2007
Мислења
7.076
Поени од реакции
1.940
Righteous Kill 4/10

Тапа, досадно сценарио, да играја други глумци место Пачино и Де Ниро веројатно филмов немаше да крени толку прашина.
 
Член од
23 јуни 2008
Мислења
4.002
Поени од реакции
4.245
Мене обично ете по многу примери имам видено дека сите филмови што имаат оцена на ИМДБ над 7,5 ми се убави, подоле од тоа, или се некои досадни или некои срањасти, сепак има и некои што имаат послаба оцена ама пак ми се свиѓаат ама такви се само High School Musical :pipi:

А како што гледам Гран Торино има 8,3 оцена па така не верувам да не ми се свиѓа :back:
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.624
Поени од реакции
59.477
Мене обично ете по многу примери имам видено дека сите филмови што имаат оцена на ИМДБ над 7,5 ми се убави, подоле од тоа, или се некои досадни или некои срањасти, сепак има и некои што имаат послаба оцена ама пак ми се свиѓаат ама такви се само High School Musical :pipi:

А како што гледам Гран Торино има 8,3 оцена па така не верувам да не ми се свиѓа :back:
На IMDB има ужасно преценети и потценети филмови, ги има толку многу што тоа заслужува посебна тема. Мој совет е да не се базираш премногу на оцената иако и таа кажува нешто. Ако веќе бараш дополнителни информации за филмовите пред да ги гледаш, подобро разгледај ги коментарите за филмот, само избегнувај Спојлери, ќе ти ја уништат забавата.
 
Член од
20 март 2007
Мислења
8.493
Поени од реакции
308
Офтопик се извињавам, ама вчера 6.5 имаше оцена филмот. :):S
А јас не успеав денес да го гледам, аиде утре ќе имам повеќе време.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom