Мурињо: Во Мадрид одиме како херои
Жозе Мурињо ја опиша елиминацијата на Барселона како најсреќен момент во неговиот живот и вели дека тие во финалето од Лигата на Шампионите ќе одат како херои По пауза од 45 години, Интер повторно е во финалето од најелитното Европско натпреварување откако Нероаѕурите на Камп Ноу загубија само со 1-0. “Оваа победа припаѓа на сите: на оние што играа вечерва и оние што не беа на теренот, на фановите што страдаа со нас на Камп Нои и фановите што страдаа дома.” – рече Мурињо.
“Историјата што ја испишавме вечерва е нешто за кое ќе треба да им кажуваме на нашите внуци не на медиумите. Ова е апсолутно неверојатен ден.”
“Ова е наша забава и сакам сите фанови да дојдат на аеродромот во Милано и да ги пречекаат овие момци, и сакам да дојдат во Рим каде што ќе играме уште едно финале.”
“Не можам да ја замислам нивната радост бидејќи сите наши фанови знаеа колку тежок натпревар не очекува. Беше тешко со единаесет играчи, уште потешко со десетмина. Ова е најубавиот пораз во мојот живот но овој тим заслужува реми 0-0.”
“Ова е тим на херои, сите ја оставија крвта на теренот. Горд сум на сите.”
По крајот на натпреварот, Мурињо истрча на теренот да прослави со фановите на Интер кои беа на Камп Ноу и стратегот влезе во конфликт со голманот на Барселона, Виктор Валдес.
“Ова беше неверојатна радост. Јас имам триумф во Лигата на шампионите, но можам да кажам дека против Барса се чувствував подобро. Порто победи со 3-0 во финалето и знаев на половна час пред крајот на натпреварот дека веќе сме победнци, тука се беше неизвесно до самиот финиш.”
“Валдес, како и другите, очекува да се пласираат во финалето. Тие имаа големо изненадување на Џузепе Меца и кога ги видовме пораките на нивните маици и вревата што ја правеа луѓето знаевме дека тие се исплашени.”
“На начинот на кој требаше да започнеме и доколку го завршевме натпреварот со 11 фудбалери сигурно ќе победевме. Горан Пандев се повреди па бев приморан на замени, потоа следеше црвениот картон на Мота, ова беше неверојатен натпревар.”
За дуелот со Баерн Минхен во финалето, Мурињо рече: “Очигледно е дека кога ќе стигнете до финалето саката да победите во него. На патот до Мадрид четири пати се сретнавме со Барса а противник ни беше и Челзи, тоа значи многу. Повторувам дека Интер сега е голема сила во Европа, па доколку овој пат не ја освоиме Лигата на Шампионите, тоа ќе го сториме следната година или таа потоа.”
“Мислев дека мојата поврзаност со фановите на Челзи не може да се најде на друго место, но успеа да најдам поголема љубов кај фановите на Интер.”
“Беше невозможно да се види кај беа нашите фанови на овој голем стадион, но во 85та минута можев да ги слушнам и знаев дека се тука.”
Мурињо исто така посочи на неколку нефер работи кои ги доживеал Интер.
“Меси е Меси, неверојатен талент, играч од друга планета, но како и сите останати тој не играше на нивото на неговите способности. Тоа треба да биде квалитетна игра и фер плеј, но јас не видов ништо од тоа на теренот и надвор од него.”
“Во 4 часот наутро не можевме да спиеме поради петардите фрлени пред хотелот. Се јавивме во полиција во 11 часот а тие дојдоа во 3:30 наутро.”
“Играч како Самуел Ето, кој доаѓа во Барселона на секој две недели беше пресретнат од полицијата на неколку часа пред натпреварот бидејќи имал да плати данок од 2005.”
Мурињо исто така не е задоволен од црвениот картон на Мота: “Можам да гарантирам дека следната сезона ќе се вратам тука. Секога се случува јас да се сретнам со Барса и секогаш нешто се случува.”
“Картонот на Тиаго Мота беше ист како оној на Дрогба. За жал Мота го загуби разумот во дел од секундата. Не му реков ништо на него на полу-време, разговорам со остатокот од тимот и им објаснив како да играат и да се адаптираат.”
“Перформансите на судијата? Нема да коментирам за тоа. Пред натпреварот реков дека играчите треба да му ја олеснат работата но некои луѓе се обидуваа да му ја отежнат.”
Запрашан за неговата иднина во Интер, ’Специјалниот’ рече: “Во моментов мојат пат води во Рим потоа во Сиена и Мадрид.”
“Дали сега го сакам повеќе Италијанскиот фудбал? Не. Ги почитувам сите и се, но не ми се допаѓа Италијанскиот фудбал.