Им ја откри тајната на Камбијасо и Снајди.
Не е тајна бе, кантер финта е тоа. Ти текнува на кантер како стававме големи клански имиња, за кога ќе видат противниците да не може да дочитаат и да не знаат кој е кој?
Епа, иста фора им направија овие...
Него, супер издание на Интер, Барса дојдоа скоро комплетни, спремни за игра и газење - ама Интер не е Арсенал или било кој друг тим па да дозволат да бидат доминирани. Ми текнува дека кога Роналдињо беше во врвна форма, одбранбените се плашеа да му идат - ние го немаме тој комплекс.
Проба Меси да влезе меѓу тројца?
Проба, му ја земаа топката и го седнаа на земја. Не му текна пак да пробува такви PES 10 финти.
Проба и со Занети?
Проба, топка не пројде.
Да не направеше Камбиасо грешка со што се измрда одбраната на Интер, многу лесно ќе беше и 3-0 за нас.
Единствениот кој се истакна кај Барса беше Педро, мал Спиди Гонзалес, ни направи неколку проблеми дечкото.
Инаку многу лошо ми почна утакмицата мене, прво го рикнав телефонот и морав да го поправам 20тина минути, таман почнав да гледам асално...и ете ти гол.
Ќе биде ИНТЕРесно на Ноу Камп од една проста причина. Пеп ќе мисли дека топката е кај него, тој е на потег и време е да нападне со сите сили. Мурињо е познат што скоро секогаш оди спротивно од очекувањата, за што и сведочи мечот кај Челзи. Очекувам брз гол на Интер и после Барса ќе треба да брка негатива од 4 за да продолжи, ако не грешам?