Фан Клуб: Интер

Статус
Затворена за нови мислења.
Имам некое претчуство дека Лион ке изненади утре,голем фан сум на Робен и Рибери или Робери :) али мислам дека доста доволно среката им беше наклонета на Баерн и мислам дека Лион има капацитет за да изненади.

Битно да гледаме добар фудбал..па што биде нека биде
 
Честита победа Интеристи !!! :vozbud:

Со малу закаснување, али бев Меси да го барам...:tv:

Покажавме кој е кој на теренот, дека победува таа екипа која остава срце на терен и играат како едно!

Од Хулио до Милито...сите се на се беа ФАНТАСТИЧНИ!
Едноставно е...прикажавме подобра игра, имавме повеќе шанси и заслужено победивме!

За жал, на оваа прекрасна победа мораше некој да остави црна дамка, а тоа е Балотели, кој според мене повеќе не заслужува да го носи дресот на Интер и по брза постапка да се продаде некаде (уште пред некое време прочитав дека Манчини го барал во Ман.Сити, па нека им го дадат, а ние да го добиеме Тевез).

Наредно очекувам победа над Аталанта, а Сампдорија да им создаде проблеми на Рома...редно е мислам да си ја вратиме старата позиција :wink:.
 
Честито победа, не надигравте овој натпревар, но има уште 90 минути па ЌЕ СЕ ВИДЕМЕ.

Инаку нешто Лео бил во џебот на Занети, така беше и на Емирати го немаше Лео, ама прашајте ги фановите на Арсенал кај беше Меси на Кампот.ЌЕ ГО ДОЗНАЕТЕ ТОА ВО СРЕДА.

Спортски поздрав.Нека победи подобриот.
 
Тимот на Барселона по се изгледа ќе го напушти Милано после 3-4 дена, го продолжиле престојот во хотелот за уште толку дена...
 
Тренерот на Интер, Жозе Мурињо е презадоволен од изданието на својот тим, пред се од нивниот карактер. Според него ништо уште не е готово, но успеале да го добијат првиот дуел, сосема заслужено.
1571608e5e5188ca437d3badd117f4ecMou1.jpg
“Фудбалерите дадоа се од себе на теренот, го разбивме нашиот противник. Многу добро бевме подготвени за овој дуел, но карактерот на моите играчи беше зачудувачки, ментално бевме многу силни.“
“Денес сосема заслужено победивме. Нашето искуство сепак ни кажува дека имаме уште многу тежок пат за да стигнеме до финалето. Сепа денес успеавме, беше тешко, но заслуживме.“
Направивме голема грешка при примањето на голот. Не смеевме да го дозволиме тоа. Потоа мислам дека навистина им создадовме големи проблеми. До постигнувањето на вториот гол одигравме одлично.“
“Уште бчера им реков, нема да играме човек на човек. Не сакавме да ги елиминираме Чави и Меси и да играме 9 на 9, сакавме да ги победиме 11 против 11.
“Сакавме да играме многу блиску до линиите и да не им даваме многу простор таму. Моравме да играме пресинг секогаш кога тие ќе ја прифатеа топката. Сепак иако одигравме како што посакувавме, еден мал детал може да ја промени играта, правивме муабет за фантастични фудбалери.“ - рече на крај Мурињо.
 
Инаку нешто Лео бил во џебот на Занети, така беше и на Емирати го немаше Лео, ама прашајте ги фановите на Арсенал кај е Меси.ЌЕ ГО ДОЗНАЕТЕ ТОА ВО СРЕДА.
Ок, зашто толку плитко размислувате, ко прво, Арсенал е Арсенал, играа без Фабрегас, Ван Перси, десеткувана одбрана, средина и напад, Интер е Интер, тоа ти се 2 различни приказни.

Ако одиме со споредби, Арсенал на гостински терен го згазија и имаа резултат 2-2 со убер подобра игра, што не е случај во денешниов натпревар. Ова колку да ти доловам дека споредбиве не ви се на место, секој натпревар си е приказна за себе, и за денес викаа дека Интер ке паркира автобус, ке гледаме слична приказна ко во средбите од групите па ништо од тоа не испадна.
Денешниов меч ви е потврда за тоа дека фудбалот е непредвидлив спорт, реално, ретко кој очекуваше вакво издание на Интер во кое ке го надигра најдобриот тим на свет, и тоа по негатива од 0-1.

Не мора да ни црта тука некој дека гостувањето на терен во кој Цезар користи двоглед за да проигра некој од нападот е претешко, свесни сме сите ние тука за тоа, и затоа никој немаше напишано дека Интер е дефинитивно во финалето.

Но, си стојам на една работа, во случај да не иде таму, виновник број 1 ке биде Мурињо, предноста од 3-1 мора максимално да ја искористи во полза на Интер, ваквите прилики се реткост, поготово против тим ко Барса. :wink:
 
Најмногу ке ми биде мило за Занети бидејки нема освоено лш,ваков човек еднаш се раѓа и со цело срце чекам да го крене овој пехар во неговите раце.Кариерата ке му заврши во Интер или оваа или др.година па затоа ова му е голема шанса на нашата легенда да му се исполни сонот!! Да живее убедливо најдобриот играч на ИНТЕР ХАВИЕР ЗАНЕТИ!!!
 
И за крај пред спиење една фотка за сите што го мразат интер од дно да душа,,, :)

25873_405105384788_656529788_5211642_4601766_n.jpg

:hehehe:
 
Момци честито победа, сосема заслужено. Не паднаа психички после примениот гол, играа со срце, веруваа во победа и го остварија тоа. Ова е еден поинаков изглед на Интер, изиграа феноменално и ги затворија противничките играчи на најдобар начин. Мурињо покажа дека знае да врати на сечија тактика, им покажа и на Челзи. Агресивно и максимално мотивирано, и одбраната на Барса попушти. Знаев дека Ибра нема да мрдне, но секоја чест за блокирањето на Чави и Меси.

Голманот беше одличен, Лусио и Маикон исто, за Занети неам зборови. Како изигра типот на 30 и кусур години против брзиот тим на Барселона...од Пандев бев воодушевен, Снајдер е проверен квалитет, а Милито и Ето изиграа итро и првиот си ја искористи шансата. Имам замерка за Балотели, не навлегувам во инцидентот, пцуење, исвиркување, фрлање дрес, туку не ми беше јасно шо изиграваше типот на теренот, какво е ова влечење и набљудување, вооопшто не се трудеше. Цел тим трчаа ко луди 85 минути, фраерот изиграваше Пеле, добро шо тоа не се одрази на резултатот.

За судиите нема да коментирам, кој бил оштетен ова она, се дешаваат збрки скоро на секој натпревар, а и да биле оштетени нека осетат малку како е, пошто убаво беше кога Овребо им помогна да ја освојат титулата лани. Факт е дека Барселона одигра слабо, па нека ја бараат вината во нивните фудбалери. Имате одличен резултат, мислам дека Мурињо нема да го испушти ова, се надевам дека ќе одиграат добро и во следните 90 минути и ќе се пласирате во финале.
 
Ова што го гледавме сношти не беше Интер кој го знаеме. Сега дури се гледа кој е Мурињо. Тактички успеа да ги урне сите надежи на Барселона.

Напад - Префрлање на топка, и многу трчање на напаѓачите. До голот јас не го ни видов Снајдер, бидејќи топката "леташе" преку него. Тука Мурињо ја откри таа тактика на Гвардиола. 1:0 за Мурињо! Одбраната на Барса се обидуваше преку офсајд стапици кој успешни, кој не. Што е добро во ваквата игра? Добро - тоа што активни се само напаѓачите а сите останати можат многу брзо да се враќаат во одбрана. Лошо - им фали уште прецизност. Да беа попрецизни во тие додавања, резултатот ќе беше 5:1.

Одбрана - Како што реков, со ваквиот напад имавме 7 играчи во одбрана цело време. И добивме нонстоп играч-два плус за да се маркира Меси.
Мота, Занети/Камбиасо, Пандев цело време се грижеа за 2ца играчи Меси и Чави. Лусио немаше проблем со Ибра. 2:0 за Мурињо.

Е тука победивме.

За нареден натпревар очекувам нова тактика. И Гвардила сега ја знае оваа лекција. Ја помина обуката. Во Барселона ни треба нешто ново. Шах-мат!
 
Честито победа, заслужена нема што.:) Се гледаме на кампот.
 
Честито победа момци, 90% велгувате финале :helou:.. Иначе незнам за вас али ми падна жал за Балотели вчера :toe:
 
Koј не забележа! Пујол и Деки нема да играат на Ноу камп!
ќе биде работава брат за брат, диего за габи :)
 
:pos:

Им ја откри тајната на Камбијасо и Снајди. :pos:

Не е тајна бе, кантер финта е тоа. Ти текнува на кантер како стававме големи клански имиња, за кога ќе видат противниците да не може да дочитаат и да не знаат кој е кој?
Епа, иста фора им направија овие...:)

Него, супер издание на Интер, Барса дојдоа скоро комплетни, спремни за игра и газење - ама Интер не е Арсенал или било кој друг тим па да дозволат да бидат доминирани. Ми текнува дека кога Роналдињо беше во врвна форма, одбранбените се плашеа да му идат - ние го немаме тој комплекс.
Проба Меси да влезе меѓу тројца?
Проба, му ја земаа топката и го седнаа на земја. Не му текна пак да пробува такви PES 10 финти.
Проба и со Занети?
Проба, топка не пројде.

Да не направеше Камбиасо грешка со што се измрда одбраната на Интер, многу лесно ќе беше и 3-0 за нас.

Единствениот кој се истакна кај Барса беше Педро, мал Спиди Гонзалес, ни направи неколку проблеми дечкото.


Инаку многу лошо ми почна утакмицата мене, прво го рикнав телефонот и морав да го поправам 20тина минути, таман почнав да гледам асално...и ете ти гол. :)

Ќе биде ИНТЕРесно на Ноу Камп од една проста причина. Пеп ќе мисли дека топката е кај него, тој е на потег и време е да нападне со сите сили. Мурињо е познат што скоро секогаш оди спротивно од очекувањата, за што и сведочи мечот кај Челзи. Очекувам брз гол на Интер и после Барса ќе треба да брка негатива од 4 за да продолжи, ако не грешам?
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom