Идеме ...
1. Прво, ваљда цела недела слушавте како на 13ти се спрема нешто големо во врска со судењето од одбраната на Моџи, и, истото беше најавувано како пресвртница на ова судење и истиот тој разговор на Факети и Бергамо беше наречен '' мајка на сите разговори '' ( ова ко alien да гледам ).
И сега што се случува тука, наводно, како што тврдеше и не убедуваше одбраната на Моџи, Факети бил тој што му рекол на Бергамо дека Колина треба да суди на меч за Интер, т.е. го споменува името на Колина во разговорот. Истиот тој разговор, од јузер
Ju29ro.com, фан на Јувентус нормално, веднаш се најде и на интернет, односно на јутуб и беше достапен за пошироката јавност.
И што се случува сега, се испостави, дека одбраната на Моџи прави грешка која е од корист и на Интер и на Факети со тоа што во целиов овој разговор, Факети Се што бара е добри судии односно квалитетни судии кои ке судат меч на Интер ( тоа не е спротивно на регулативите ) а Бергамо е оној кој го спомнува името на Колина, а не Факети,
нешто што го тврдеа од одбраната на Моџи.
И пазете момент, линкот од јутуб беше преплавен со коментари дека е направена грешка у целиов муабет т.е. од истиот, од онаа '' мајка на сите разговори '' Интер нема буквално никаква штета, дури и извлекоа корист бидејќи уште еднаш се потврди дека Факети Се што сакал е квалитетно судење од квалитетен италијански судија. И, многу јасно, тоа видео е тргнато од страна на фанот на Јувентус но за негова жал голем број од фановите на Интер веќе го здиплија и истото е достапно на сите релевантни медиуми во Италија, вклучувајки го и најчитаниот спортски весник таму, Газета дело спорт.
Заклучок, од онаа долгонајавувана прествртница, т.н. денес '' мајка на сите разговори '' Интер немаше никаква штета, напротив, извлекоа корист од тоа поради фактот што Бергамо бил оној кој го споменува името на Колина и со тоа одбраната на Моџи направила грешка во своите проценки.
2. Одиме со оние 75 разговори денес дадени на судот, за кои Газета Дело Спорт ( повторувам, најчитан весник во Италија )
дојде до нивната содржина и од истите, повеќе од половина се поврзани со Интер, остатокот е со Милан, Болоња, Каљари, Палермо, Реџина и Удинесе.
Дел од нивната содржина веќе беше позната неколку дена пред ова судење и пак, во истата немаше ниеден момент во кој Интер ги кршат правилата кои тогаш владееа во Калчо Фудбалот, плус, таму е и онаа '' мајка на сите разговори '' ( смешно звучи
) за чија содржина веќе говорев погоре.
Е сеа доаѓа она за кое во моментов се дискутира на фан клуб Јувентус а е наводно спорно во овие нови муабети, а тоа се подароците од Морати. За нивна жал, премногу слабо очигледно се упатени со Калчото па заборавија на неколку релевантни работи.
Имено, Морати наводно имал подарок за Бергамо а истиов за тоа бил известен од Факети, што е и точно и што истово
никаде буквално не било криено од клубот.
Она што за оваа ситуација е релеватно за сите вас е тоа што Морати имал порадок за божиќ, нешто што во тоа време било карактеристика за сите клубови од Серија А, да делат подароци. Еден податок, кои они не ви го спомнуваат многу јасно се златните ролекси кои Сенси ги делеше на судиите а за што нормално, не беше Рома како клуб казнет бидејќи тоа, за некое чудо, било нормална работа.
А подарокот на Морати бил ... wait for it, wait for it ... шунка, ракавици и шал со логото на Интер, нешто што тој период веќе и било објавено во
медиумите. :wink:
Кхм, пазете :
Eве ви го и преводот на англиски од ова
Смешно звучи, знам, и пак ке ви повторам, во тој период давањето на подароци била нормална работа, Рома делеа проклети златни ролекси, па никому ништо. :wink:
И повторно остануваме на прашањето, зашто Интер ќе оди во Серија Б,Ц,Д,Г, по кој основ ? По '' мајката на сите разговори '' ?