Се сложувам, често го критикувам, најмногу поради тоа што еве јас само како фан нЧа Интер можам да проценам кога ќе згреши со некој трансвер и на крај ќе испадне така, а тој како стручњак да прави толку утки неможам да разберам.
Да не се разбереме погрешно иако го критикувам за изборот на играчи, презадоволен сум што е тренер на Интер, со овие играчи кој ги располагаме никој тренер на планатева неможе да постигне повеќе од Мурињо. Немам ништо против да остане во Интер цел негов живот.
Јас Интер го следам од 1989 година, и отогаш навака се до Мурињо никогаш Интер немал подобар тренер.
Единствено во овие 20 години имале секогаш врвни голмани: Валтер Зенга ( еден ден сигурно ќе го наследи на Мурињо), Џанлука Паљука, Анџело Перуци, Себастијан Фреј, Франческо Толдо, Жулио Цезар. Секогаш Интер имал врвни голмани...
Ги знаеме аспирациите на Морати, освојување на Лигата на Шампиони, е за тоа му треба да донесет неколку врвни играчи од средниот ред ( Фабргас, Есиен, Рибери ), а не Мота, Мунтари, Марига, Ледесма...
Да не се лажеме моментално Барселона, Челзи се многу пред сите други, а Интер е во втората група кандидат за освојување на ЛШ.
Јас лично се надевам дека Интер ќе успее да го помине Челзи во 1/8 финалето, но за тоа е многу битен факторот среќа. Треба да се случаат сплет на околности во наша полза за да успееме да ги поминеме.
Челзи 5-6 сезони игра во врвна форма со екстра играчи па не успеа да ја освои ЛШ, а ние можеме да очекуваме да ја освоиме ако се случи нешто слично кога Порто ја освои лигата на шампионите - многу среќа.
Сами се уверивме што ни се случи со Барса, бевме понижени до бескрај. Ете со победите против Милан и Јувентус ги залечивме раните. Јас сум задоволен и со по едно калчо секоја година, и тоа е доволно.