Eве ти 5 минутно видео од неговите best моменти минатата година.
Она што го бара Мур од играч во средината, цврст во одбрана, и да помага во напад, бар по видеово гледаме дека има супер контрола врз топка, креативен е, и добро покрива во одбрана, башка и како што можев да забележам темпераментен е, сјебан карактер има, такво копиле е потребно у среден ред зашто моментално го немаат.
Али пак ке кажам, едно е јутуб друг е оној приказ целосен на терен, но со оглед на тоа дека имаме еден аматер у средина кој сезонава покажа едно големо ништо, очекувам и играч од регионална лига во Азербејџан кој покрај фудбалот се занимава и со чистење на клозети да се покаже во подобро светло од дотичниот.
п.с. За Фернандес, важеше ( и сеуште важи, беше дел од составот на Португалија за време на квалификацискиот циклус ) за голем талент на португалскиот фудбал, на 22 години прави доста скап трансфер во Валенсија, 18 милиони евра, но имаше од една страна проблеми со повреда, од друга проблеми со тренерот, беше позајмен на Евертон но Валенсија бараа потоа Евертон да плати приближно иста сума ко што и овие дадоа при неговото купување, нешто што беше одбиено. Сега слична ситуација со тоа што максимум што можат да извлечат од него се измеѓу 10 и 12 милиони евра, нормално, ако задоволи во Интер.