Миленко Неделковски Шоу

  • Креатор на темата Креатор на темата Kostic
  • Време на започнување Време на започнување
Дефинирај АНТИМАКЕДОНСКИ........ Македонија е демократска земја, дали спрема тебе сите тие новинари, политичари и др. што не се согласуваат со политиката на сегашната Влада се антимакедонски настроени, немаат ли тие право на свое мислење???


да бе треба да ги величаме оние кои секој ден кењаат против Македонија, кои серат за нашето име дека треба да го смениме, соросоидите, а кога некој кон нив се однесува баш онака како што треба да се однесува кон гад и предавник баш тој не чини
кога тие имаат право на такво мислење тогаш и другите имаат право за нив кажат што мислат

ако тебе побитно ти е како се однесуваат другите кон нив, мене побитно ми е се помалку да ги има таквите кои не сакам ни име да им спомнам
 
добро луѓе, Миленко робјрашот е у питање, анти Нато - Еу - ЕСАДЕ расположен...
 
исто и јас
анти нато и анти еу и еден куп други

абе добро ни јас нешо не сум по тоа, да им бидеме кучка на поразвиениве али сепак типов е јавна фаца, нека се среди малце... нека ги мрази али нека го прави тоа на покултурен начин, ем нема да остава слика на дебел дебил ем ќе биде попоштуван меѓу колегите и народот...
 
Му се може бе, му се може.
Како што му се можеше на Хауард Стерн на времето во Америка, па сеа стигна до милионски хонорари, така и Миленко си оди по патот на медиумски спектакуларното новинарство.
Можете да го мразите или да го сакате.
Јас за среќа немам телевизор :pos:
 
Новинарството во Македонија е сведено на евтин ракометен натпревар каде евидентно постојат „наши“ и „ваши“ (кои год тие биле), и целта и сврха на нивното постоење е давање на погодоци.
Трагично е што веќе несвесно „се фаќам“ себеси како според интерпретација на веста можам да препознаам за кој медиум се работи.
Серизна криза која според мене покажува колку е далеку отидена економската криза; не сакам да поверувам дека „маката“ не ги натерала да си ја погазат етиката, здравата мисла и службата кон сервис за кој имале некаква визија.
Во денешно време останува да се прочитаат колумните на младите новинари кои сеуште не ги отуѓиле нивните права над сопствените центри за пишување.
(пр. Новинарка, која е сеуште чиста и утописта (ова го кажувам со огромни симпатии кон нејзината неисквареност))...
Премногу е голем океанот на „ангажирани“ новинари кои инконтаминираат се околу себе...
Мене лично, ова сериозно ме плаши...
 
абе добро ни јас нешо не сум по тоа, да им бидеме кучка на поразвиениве али сепак типов е јавна фаца, нека се среди малце... нека ги мрази али нека го прави тоа на покултурен начин, ем нема да остава слика на дебел дебил ем ќе биде попоштуван меѓу колегите и народот...

убаво ти кажа Тончи му се може
како што на другите им се може другото кое според мене треба повеќе да не загрижува
 
абе добро ни јас нешо не сум по тоа, да им бидеме кучка на поразвиениве али сепак типов е јавна фаца, нека се среди малце... нека ги мрази али нека го прави тоа на покултурен начин, ем нема да остава слика на дебел дебил ем ќе биде попоштуван меѓу колегите и народот...

За јавна фаца треба да подослаби едно 5-60 кг, ама нели тоа си е негова работа.
Попоштуван ќе биде ако си го смени „речникот“ кој го користи.

п.с. Баш ме интересира кој ќе биде гостинот во петок....сем ако не е некоја финта, а ништо чудно и потенцијалниот гостин да не се појави во емисијата после навредата дека во петок кај Миленко гостува ГАД од СДСМ.
 
Јас не знам кој му дозволил на Миленко да се појави на телевизија и да има свое фрик шоу, не знае една реченица да поврзи, се губи....и нормално зарем од таквите да очекуваме култура. Згрешил што поканил човек (а не гад, срамота) од СДСМ. Миленко со речникот што го поседува и со интелигенцијата што не ја поседува, ќе биде начукан во дупка...
 
Вака... гледам не сте запознаени со тој тип на новинарство кое го фура Миленко.
Затоа ќе ви дадам 2 линка. Едниот е до официјалниот сајт на Хауард Стерн, и другиот е до статијата на Википедија за него.

И нека се спојат темиве, мислам дека веќе има тема за Миленко.
 
Вака... гледам не сте запознаени со тој тип на новинарство кое го фура Миленко.
Затоа ќе ви дадам 2 линка. Едниот е до официјалниот сајт на Хауард Стерн, и другиот е до статијата на Википедија за него.

И нека се спојат темиве, мислам дека веќе има тема за Миленко.

Temata ne e za Milenko tuku za Makedonskoto novinarstvo....Takvi kako nego gi ima poveke.
 
Па кажи кои се. Цело време муабетов се врти околу Миленко. За него има неколку теми, од кои една е најприкладна на муабетов.

Џабе си ставил општ наслов на темава кога воведот ти е тотално Миленко.
 
ех ми отиде цел коментар дур ја префрлаа темава... муабетот ми беше Миленко не е Хауард Стен, бидејќи овој вториот поише ја тера работата на пародија.. и неговите колеги сите се занимаваат со позицијата, Миленко и уште 2-3 се едини на овие простори кој сеуште го потат за Б.Ц. и неговата багра.... чим е мртов политичар нема шо да напињаат нели.

се гледа дека е пристрасен, затоа више му ги баталив емисиите
 
Е вака е веќ боље, мене исто ми ојде прашањето каде се другите лоши новинари, дали од ЗНМ, вон ЗНМ...но ете се расчисти дилемата.
Прстот е вперен кон Миленко.
 
И Хауард кани порно ѕвезди за гости во емисија. Миленко кани политичари, историчари, уфолози (имаше такво нешто во речник?!)...

Сакам Волчица да му гостува на Миленко во емисија. Таман и двајцата новинари, овај, нали :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom