Тоше Проески

  • Креатор на темата Креатор на темата ZOTE
  • Време на започнување Време на започнување
ќе се оди преку средните училишта т.е. ќе има нешто организирано (барем за карти или) ?
има уште карти ? само во Скопје се продаваат?
 
Многу мислење и решив оваа година да бојкотирам. Знам дека се оди за Тоше, ама парите не одат за Тоше или неговите неостварени цели. Сепак тие пари ќе ги земат идиоти, кои ќе гледаат да ивадат што повеќе пари за нив.


Еден е Тоше!
 
Некако и не сум задоволен од концертот.
Конкретно од целата организација..
Некако беше како на митинг,како на..што знам.
Чудно!

Како прво Игор Џамбазов ме разочара максимално.Човекот мислиш Супер Бинго Води.
Ни да каже некој убав збор за Тоше(како лани Тони што правеше),ни да покаже малку жал..
Тој привикуваше,и кажуваше "посластици"
Останатите водители како и да не постоеја,по два збора кажаа,прочитаа од книгата на жалост и толку.

За музичкиот дел..
Испеаа што испеаа српско-хрватски пејачи..песните беа непознати за нашава публика и за нас.
Брзински по два стиха и толку..
И шлагот на тортата беше фацата од бендот со кој Тоше настапувал...
цитирам како ја пееше песната(згора на се со лист од текстот):Да можам бнар да се разбудам,па да те бакнувам,па да те бакнувам,па да те бакнувам..

Мислам стварно бруки.Па земи прочитај научи го текстот не е на Индиски да му ебам мајката..
Исто така очекував свечено да им ги доделат статуетките,али додека камерата ја снимаше публиката Џамбазов им ги спопика без никој да види и толку.

Се на се,лани повеќе ми се допаѓаше концертот во негова чест,не знам зошто.

И да..
Преглупо ми беше тоа,Тоше среќен роденден и балоните фрлени во воздух со таков текст.
Човекот го нема,а ние му честитаме роденден...
 
Концертот беше досаден.
Песните сите до една ми се преубави навистина. Музиката на песните е прееееедобра, не дека е на Тоше но стварно е одлична. Песната на Елена е предобра, балада која мислам дека ќе се слуша уште многу долго.

Но за концертов да беше подобар и поинтересен на публиката требаше цд то да излезе бар месец дена порано, да ги научиме ние песните и да имаме и ние некоја улога во концертот. А не вака стоиме и слушаме, типично фестивалски, како да бев на Макфест. Жива среќа што седев, не знам како им беше на тие што стоеја и дремеа речиси 2 саати.

Спотовите се ок, какви спотови може да се има за личност која веќе не е со нас за жал. Песната нова Још увек сањам да сме заедно е исто така убава. Не може човек да не ја сака.
Барем тоа е добро концертот изобилуваше со балкански ѕвезди кои пееја одлични песни кои ќе се хитовите годинава. Ама пак ќе повторам песните требаше да бидат пуштени во етер многу порано, не 2 дена пред концертот на интернет.

За миг посакувам да беше тука да му честитавме роденден. Боли исто како пред две ипол години :(
Вечна му слава...
 
Не го гледав цел ама очекував да трае барем до 00 часот и така да му честитаат роденден :toe: се на се саат време траеше...:nesum:
 
Не го гледав цел ама очекував да трае барем до 00 часот и така да му честитаат роденден :toe: се на се саат време траеше...:nesum:

Траеше час и 45 минути отприлика.
И второ роденден не се честита на починат човек. Не можеш да му честиташ 29ти роденден кога тој на 26 години починал.

Лани се буневме за оние саат време зборувања во студија од соседниве земји, а сега ни смета што кратко траеше. И лани без нив 2 саати ќе фатеше концертот.

Како и да е секој концерт посветен на Тоше ќе има недостаток најголем, а тоа е самиот Тоше и неготово неприсуство, останатото речиси и нема потреба да се коментира...
 
Траеше час и 45 минути отприлика.
И второ роденден не се честита на починат човек. Не можеш да му честиташ 29ти роденден кога тој на 26 години починал.

Лани се буневме за оние саат време зборувања во студија од соседниве земји, а сега ни смета што кратко траеше. И лани без нив 2 саати ќе фатеше концертот.

Како и да е секој концерт посветен на Тоше ќе има недостаток најголем, а тоа е самиот Тоше и неготово неприсуство, останатото речиси и нема потреба да се коментира...
во право си...Тоше е еден и единствен!
 
Досадно беше. Мислам дека концертот немат да беше толку без везе ако пејачите испееа една стара и една нова песна. Вака, сите чекавме нешто да се десит, и се деси. Заврши концертот.
 
Не бев. Има и останати начини да искажеш некому почит а да не се влечкаш по квазисрцепарајучи манифестации.
 
изглеа вчера поише луѓе го глеале Гоче него ли концертов.. еден не се произлезе со позитивни впечатоци
 
Не плукајте бе, и да е така речете дека не е така.
Други држави ништо немаат па некои работи го преувеличуваат ко којзнае што да напраиле.Отидовте за ликот и делото на Тоше, а што било тапа или кај отишле парите ич увце да не ве боли.:smir:
И мене не ми остави голем впечаток оваа година.Прошлата каде каде беше поубаво али не плукам си ќутам ќе речам супер било.Некој со ништо се праат светци, ние се имаме па плукаме не знаеме да чуваме да се радуваме.
Ајде одам да го гледам концертот.:smir:
 
Лани ми се чини беше многу подобар концертот,аку беше послабо организиран.
Оваа година две-три песни ако испеаја баш негови,другите сите ги промовираја.
Не бев. Има и останати начини да искажеш некому почит а да не се влечкаш по квазисрцепарајучи манифестации.
Концертов беше за да се донираат пари за осветлување на манастирот во Крушево.. е сеа колку и каде тие пари ќе отидат не знам..
Битно,се надевам дека ќе се исполни желбата на Тоше и исто така во шо поскоро време ќе се заврши неговата спомен-куќа, шо не ми изгледа за многу скоро,а би требало да е така со оглед на тоа шо во последно време се фрлаат пари на многу незнајчајни работи.. али ајде..ќе се прајме на три и пол.
 
Значи концертот лани и овој немаа везе... оваа година концертот имаше цел да се промовираат нови песни ! и нормално се очекуваше некој тажни песни балади..и се очекуваше да ви биде досадно тамо во салата... дома е океј да го гледаш...
али сепак , хуманитарно беше и со цел да се соберат средства така да кој отишол не направил ништо лошо :smir:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom