S
smart ass
Гостин
Закон...имам јадено од коренот,најс тејст....жен-шен е повеќе адаптоген...му помага на организмот да се адаптира.Значи како што спомнав во претходниот пост комбинацијата на Зелен Чај и Жен Шен е многу полезна , која има доста придобивки од здраствен аспект според традиционалната источна медицина.
Што е Жен Шен?
Жен Шен или гинсенгот е билка која живее и до 100 години, а од неа се употребува само коренот кој по својот изглед, потсетува на фигура од човек. Има специфичен мирис и нагорчлив вкус. Коренот содржи тритерпенски сапонозиди наречени панаксозиди, витамини од Б групата, како и супстанции со хормонски својства, смоли, минерални материи и етерско масло. Коренот на Жен Шенот е едно од најценетите природни лековити средства во традиционалната источна медицина. Дејствата на Жен Шенот се многубројни, па затоа се нарекува еликсир на животот и лек за сите болести.
Кои се неговите лековити својства?
- Корисен е во контрола на процесот на стареење и зачувување на виталноста
- Особено е полезен при промена на годишните времиња, кога организмот треба да се адаптира на новите климатски услови
- Оваа комбинација на напиток е ефикасна за нормализирање на крвниот притисок - Го адаптира организмот на стресни ситуации и се употребува во превенција од стрес
- Делува на ендокрините жлезди со што се зголемува концентрацијата, се продолжува работната способност, се подобрува расположението и се намалуваат хипогликемските кризи. - Поволно делува при појава на настинки, кашлици и грипови
- Го подобрува метаболизмот на витамините и минералите
- Составните компоненти на овој напиток ја јакнат мозочната активност и позитивно влијаат на менталните и физичките функции -
Кај стари и изнемоштени лица е забележано т.н антизаморно дејство односно делува освежувачки на организмот, го одстранува заморот и го подобрува памтењето.
- Го олеснува и забрзува одстранувањето на холестеролот и жолчните киселини - Помага при ревматизам, болки во коските, анемија, несоница, главоболки - Го регулира менструалниот циклус - Спречува прогресивно уништување на забите
- Го подобрува развојот на мускулите и го намалува недостигот на кислород, поради што е добар за спортисти - Добар е во борбата против ракот
Фактички мешавината од Зелен чај и Жен Шен конзумиранa редовно влијае стимулативно на целиот метаболизам
Инаку добар е и Гинко Билоба Чајот(у комбинација со зелен чај.)
а за детоксификација....матичен млеч....Силимарин
Не го подмладува...туку го забавува стареењето....а за сексо-Гуарана таблети се закон- Ја зголемува сексуалната енергија и го подмладува целиот организам