Фан Клуб: Јувентус

Статус
Затворена за нови мислења.

Bianconero vero

Il Capitano
Член од
10 ноември 2008
Мислења
9.224
Поени од реакции
8.093
Диего повторно блескал на денешниот тренинг.Имал неколку успешни продори,додавања и шутеви кон голот, а во денешниот тренинг натпревар повторно бил користен како втор напаѓач, а денеска партнер во нападот му бил Трезеге, а во другиот тим играле Дел Пиеро и Амаури. линк
Ме радува формата на Диего во предсезонава, само да успее да ја задржи и во текот на сезоната и мислам дека може да се покаже како најголемо засилување за Јуве без оглед на тоа со кои играчи сме потпишале или ќе потпишеме до крајот на преодниот рок. Убеден сум дека Диего не го кажал својот последен збор во дресот на Јуве.
 
Член од
22 февруари 2007
Мислења
7.076
Поени од реакции
1.940
1.Од почнувањето на тренинг кампот на Јуве во Пинцоло,Диего имаше задача или како втор напаѓач, или организатор во средината, а на денешниот натпревар постигна еден гол и имал две асистенции,што Тутоспорт и Тутојуве пишуваа дека изминативе 2 дена во Пинцоло поминале во знакот на Диего и неговите одлични игри, и Дел Нери бил воодушевен од прикажаното.Веројатно Диего ќе биде користен како втор напаѓач и можеби како организатор во средината.

2.За Џила мислам дека би бил тотален промашен трансфер, и мислам дека неговото доаѓање нема воопшто да донесе квалитет во нападот на Јувентус,плус Фиорентина нема шанси да го продаде за помалку од 20 милиони. Подобро би се снашол Кавани отколку Џила, а Кавани ќе го чини Јувентус многу поефтино. Имаше шпекулации дека Марота ќе се обидел со Карим Бензема да го стори истото што го стори со Касано во Сампдорија.Се споменуваше позајмица од 1 година,и потоа да се ангажира перманентно за сума околу 20 милиони.Многу се мали шансите да се реализира овој потег,ама мислам дека тоа би бил најдобар за во нападот.Сите напаѓачи кои се поврзуваат со Јуве, сите се проценуваат над 20 милиони, а само Џеко и Бензема од нив ја заслужуваат таа сума.

Агентот на Красич повторно изјави дека Јуве е фаворит за потписот на Красич, и дека Јуве е желбата на играчот. Исто така потврди дека сумата 15 милиони која што ја понудил Марота уште важела. линк
1. Добра е идејата со Диего како поддршка. Треба да добие слобода во играта и да кружи наоколу. Префрлањето на топката би ја правеле 4цата во средина а овај ќе биди слободен.
2. Кавани е светлосни години пред Џила. АМА не за таа позиција. И тој го бива за крилен напаѓач. Нешто како Јакинта. Идеална позиција за него би била член во тридент или некој напад кој ќе функционира во контри. Ако играме со 442 воопшто не ни треба играч како Кавани (па дури и Бензема). Во таква позиција треба убиец како Трезеге, Инзаги, Џила, Луис Фабијано, Панчев :) Значи треба некој кој знај да управува со топката скоро како сите нас само шо ќе има осет за позиционирање и убиствен шут. Осеќам дека дури и да го земиме Кавани и тој ќе помини слично како Амаури кој докажа дека е дрво за позиционирање. Буквално секоја проценка му е утната за пола метро (+/- косата). Изгледа ко сфати дека е глуп за да дај гол со ножички сега пробва со косата да дај гол.



Не верувам мислам дека е измислица кој е тој трансвер прво да се договори со играчот?од секогаш треба прво клубот да прифати после играчот ова се глупости за мене
Сите трансфери се такви. Скоро ниту еден клуб не се пазари одма со клубот туку има контакти со играчот за да го испита трансферот. Моџи имаше донесено еден куп играчи на тој начин и тоа по најповолни договори. Да беше Моџи на местото на Марота воопшто немаше да го ангажира еве да речиме Красиќ. Сигурно ќе кренеше раце уште сега (и ќе напраеше се шо можи да не оди играчот во друг клуб) а со Красиќ ќе си ја наредеше работата да остани уште една сезона во ЦСКА и да го земи догодина за бадијала. Ако успеј Марота вака да ги изигра русите е тогаш ќе го прифатам како звер за пазарење.
 

Vartolu

1897 Fighter
Член од
29 декември 2007
Мислења
14.669
Поени од реакции
5.351
Добра е идејата со Диего како поддршка. Треба да добие слобода во играта и да кружи наоколу. Префрлањето на топката би ја правеле 4цата во средина а овај ќе биди слободен.
Па според последните најави Дел Нери планира да го употребува Диего како втор напаѓач (односно,ќе му ја даде улогата која ја имаше Касано во Сампдорија).Плус,оваа сезона Диего ќе ја има поддршката од крилните позиции за разлика од минатата сезона, кога играше со тројца деструктивци позади себе,и целиот товар на организирањето на нападите беше врз него.


Моџи имаше донесено еден куп играчи на тој начин и тоа по најповолни договори. Да беше Моџи на местото на Марота воопшто немаше да го ангажира еве да речиме Красиќ. Сигурно ќе кренеше раце уште сега (и ќе напраеше се шо можи да не оди играчот во друг клуб) а со Красиќ ќе си ја наредеше работата да остани уште една сезона во ЦСКА и да го земи догодина за бадијала. Ако успеј Марота вака да ги изигра русите е тогаш ќе го прифатам како звер за пазарење.
Токму Моџи го оправда потегот на Марота околу Красич, и изјави дека да беа сега Секо и Блан, ЦСКА ќе добиеше над 20 милиони евра за Красич, и дека Марота добро ги води преговорите.Марота постапи потполно како што требаше,достави понуда од 15 милиони евра,се договори со играчот,играчот 100 пати изјави дека најголема желба му е да се пресели во Јувентус,и се чека само одговорот на ЦСКА.Марота беше јасен и дециден дека не сака да учествува на никакви аукции за играчот,и дека понудата на Јуве е на маса, 15 милиони. На потег е ЦСКА, а и агентот на Красич изјави дека Јуве има цврст став околу играчот и дека нема да се откаже од своите принципи.
 

Маци-

ragazzo pazzo
Член од
17 април 2007
Мислења
6.184
Поени од реакции
3.513
Цска веќе зема замена за Красич само се надеваат да земат што поголема пара од Красич ова лето ,очигледно не сакаат да го пуштат за 15 милиони,да не заборавиме они го земаа Тошич што значи планираат да го шитнат Красич ова лето ,или пак не.:)
 
Член од
21 август 2008
Мислења
5.204
Поени од реакции
953
мислам дека красич ке дојде но ако дојде Красич ке мора да ги зејме пацини или (Џилардино :tapp:) додека повеке одговара Џеко
овие се мрднати шо нема да го одкупат касерес само погледнете шо им прави на холандија
 
Член од
25 јануари 2008
Мислења
1.839
Поени од реакции
68
мислам дека красич ке дојде но ако дојде Красич ке мора да ги зејме пацини или (Џилардино :tapp:) додека повеке одговара Џеко
овие се мрднати шо нема да го одкупат касерес само погледнете шо им прави на холандија
Жити се кажи ми што направи денеска Касерес, за да докаже дека погрешија од нашата управа, игра катастрофално, едноставно нема памет, игра како мува без глава, којзнае колку пати беше поминат од противничките играчи особено од Робен, човекот има само срце и тоа е се.
 
Член од
27 јануари 2010
Мислења
2.430
Поени од реакции
723
Жити се кажи ми што направи денеска Касерес, за да докаже дека погрешија од нашата управа, игра катастрофално, едноставно нема памет, игра како мува без глава, којзнае колку пати беше поминат од противничките играчи особено од Робен, човекот има само срце и тоа е се.
Да да баш тоа ќе го пишав добро е што не дадоа 11-12 М за Касерес денеска беше катастрофа беше поминат од Робен неколкупати а и од други фудбалери можеби не му одговараше лев бек ама тоа е. Читам заинтересирани биле за Милер :pos: кој глуп ги прави овие шпекулации :tapp:... По мене ни фали уште лев бек крило(Красиќ) и напаѓач ама нема да ни е неопходен ако се знае дека Диего го планираат за втор напаѓач.
 
Член од
22 февруари 2007
Мислења
7.076
Поени од реакции
1.940
Касерес реално имаше неколку добри продори но е далеку од добар играч. ЧЕсто губеше топки и имаше лоши пасој, а во одбрана Робен од копачки го вадеше.
Како и да е жал ми е шо испадна Уругвај особено по добрата игра во првото полувреме.
 
Член од
27 јануари 2010
Мислења
2.430
Поени од реакции
723
"Исто така извори од Италија говорат дека и Интер и Јувентус се интересираат за Сами Кедира" ако е точна или приближно точна оваа шпекулација сум за доведување на Кедира а во спротивно да им го дадеме Мело :)

--- надополнето ---

Елано наместо Красиќ?:se_ molam:ne:
 

Sluzbarski

Македонец
Член од
21 јули 2009
Мислења
3.364
Поени од реакции
78
сите наеднаш заинтересирани за Кедира,еден од играчите со најмногу километри на првенството....после ваквите настапи неговата цена сигурно ќе достигни 20 милиони евра.....
Елано?! немој немоооооооооооооооооој
 
Член од
11 јули 2008
Мислења
4.703
Поени од реакции
3.659
Елано е играч, чии карактеристики му одговараат на Јувентус. На светското имаше одличен настап со 2 гола и 1 асистенција на два натпревара. Да не му се случеше повредата сигурно ке играше до крајот. Се работи за играч од сенка, кој не е лидер но одлично може да помогне на екипата. Знае да се уфрли во шанса за гол и што е најбитно ретко промашува.

Проблем може да биде тоа што има 29 години и мислам дека главна позиција му е полушпиц. Друга работа е тоа што турциве не сакаат да го пуштат па ке праат проблеми околу негов можен трансфер.
Главната работа. . . мислам дека нема да замине од Турција ова лето.
 

Sluzbarski

Македонец
Член од
21 јули 2009
Мислења
3.364
Поени од реакции
78
Елано е играч кој не успеал да се докажи и истакни во својата кариера,никој од големите европски клубови не се произнесол за негов трансфер досега......
 
Член од
11 јули 2008
Мислења
4.703
Поени од реакции
3.659
Ахам, доообро.
А во што се истакнал Красич ? Ерм, Мартинез ? Пепе? Бонучи !?

Апсолутно нерелевантно е тоа дали се "истакнал" до сега или пак дали има заинтересирани за него. До сега ретко кој играч на Венгер се истакнал пред да дојде во Арсенал, па испаѓа дека со прав тренер кој има одличен приод на играта, може да му помогне речиси на секој фудбалер да напредува.
Затоа реков, Елано има 29 години скоро и да нема простор за напредок, но досега тоа што го акумулирал во себе како искуство може да му биде од корист на Јувентус.
Нема да биде лошо засилување, во случај Јувентус да не успее да го ангажира Красич.
 

Sluzbarski

Македонец
Член од
21 јули 2009
Мислења
3.364
Поени од реакции
78
Красич е млад играч кој има потенцијал,во неговата игра се гледа дека ја сака играта и сака да се истакне,овој играч има шанса да стане едно од најдобрите десни крила,ако се работи правилно со него и баш во овој момент трансфер во Јувентус би била добра работа за двете страни-за играчот да го покажи потенцијалот и неговата вистинска вредност,а клубот вистинска замена за доодениот Каморанези.......Елано има богата интернационална кариера во просечни клубови,немал среќа да заигра во голем клуб,не верувам тоа да се случи до крајот на неговата кариера
 
Член од
11 јули 2008
Мислења
4.703
Поени од реакции
3.659
Играњето во голем клуб не те прави добар фудбалер. И обратно :tv:
Знаеш дека ние го осетивме тоа на наша кожа. . .
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom