Vartolu
1897 Fighter
- Член од
- 29 декември 2007
- Мислења
- 14.992
- Поени од реакции
- 5.605
Во ред. Се сложувам дека Дел Нери не е којзнае колку звучно име за тренерската позиција во Јувентус.Дел Нери имаше фантастични сезони со Киево, еве сега и со Сампдорија, но имаше и лоши искуства со Рома и Порто.Но, тоа не мора да значи дека во Јувентус нема да биде успешен.Се се изгледа изгледа супер , почнувајќи од клоците кои ќе ги добијат Секо и Блан па се до најавите за реконструкција, и на крај мора да ти расипат филинг со некој инвалид тренер ...
Мала споредба на Дел Нери со Марчело Липи: Кога дојде Липи во Јуве 1994 година, најголем тим што претходно Липи го водел беше Наполи, кој во 1994 година на чело со Липи заврши на шестата позиција во Сериа А, а пред тоа Липи водеше тимови како Пистоезе,Чезена,Лучезе и Аталанта,и немаше освоено ниту еден трофеј.
Липи дојде во Јувентус во 1994 година заедно со Лучијано Моџи кој до 1994 беше Генерален Директор во Наполи. Кога дојде Липи во 1994 немаше освоено ниту еден трофеј, со ниту еден тим немаше освоено ниту 4 место во Сериа А а имаше 15 годишна тренерска кариера, за подоцна со Јуве да освои се што можи да се освои. Не велам дека и Дел Нери сигурно ќе го повтори успехот на Липи во Јувентус,и јас повеќе сакам на тренерската клупа да го видам Бенитез или Капело, но не значи дека треба да се отпише Дел Нери, а сезоната уште не е почната.