Фан Клуб: Јувентус

Статус
Затворена за нови мислења.

Vartolu

1897 Fighter
Член од
29 декември 2007
Мислења
14.992
Поени од реакции
5.605
Се се изгледа изгледа супер , почнувајќи од клоците кои ќе ги добијат Секо и Блан па се до најавите за реконструкција, и на крај мора да ти расипат филинг со некој инвалид тренер ...
Во ред. Се сложувам дека Дел Нери не е којзнае колку звучно име за тренерската позиција во Јувентус.Дел Нери имаше фантастични сезони со Киево, еве сега и со Сампдорија, но имаше и лоши искуства со Рома и Порто.Но, тоа не мора да значи дека во Јувентус нема да биде успешен.

Мала споредба на Дел Нери со Марчело Липи: Кога дојде Липи во Јуве 1994 година, најголем тим што претходно Липи го водел беше Наполи, кој во 1994 година на чело со Липи заврши на шестата позиција во Сериа А, а пред тоа Липи водеше тимови како Пистоезе,Чезена,Лучезе и Аталанта,и немаше освоено ниту еден трофеј.

Липи дојде во Јувентус во 1994 година заедно со Лучијано Моџи кој до 1994 беше Генерален Директор во Наполи. Кога дојде Липи во 1994 немаше освоено ниту еден трофеј, со ниту еден тим немаше освоено ниту 4 место во Сериа А а имаше 15 годишна тренерска кариера, за подоцна со Јуве да освои се што можи да се освои. Не велам дека и Дел Нери сигурно ќе го повтори успехот на Липи во Јувентус,и јас повеќе сакам на тренерската клупа да го видам Бенитез или Капело, но не значи дека треба да се отпише Дел Нери, а сезоната уште не е почната.
 
Член од
22 февруари 2007
Мислења
7.076
Поени од реакции
1.940
скоро да е решено дека Дел Нери е тренер,мислам дека се мали шансите да направи нешто,ќе помине нешто слично како Зак...
Не го споредвај ДелНери со Жаки. ДелНери е брилијантен тренер и осеќам дека то ќе го докажи. Тој е подобро решение и од Бенитез и од Прандели, и од некојси Хоџсон и ред други

--- надополнето ---

Во ред. Се сложувам дека Дел Нери не е којзнае колку звучно име за тренерската позиција во Јувентус.Дел Нери имаше фантастични сезони со Киево, еве сега и со Сампдорија, но имаше и лоши искуства со Рома и Порто.Но, тоа не мора да значи дека во Јувентус нема да биде успешен.

Мала споредба на Дел Нери со Марчело Липи: Кога дојде Липи во Јуве 1994 година, најголем тим што претходно Липи го водел беше Наполи, кој во 1994 година на чело со Липи заврши на шестата позиција во Сериа А, а пред тоа Липи водеше тимови како Пистоезе,Чезена,Лучезе и Аталанта,и немаше освоено ниту еден трофеј.

Липи дојде во Јувентус во 1994 година заедно со Лучијано Моџи кој до 1994 беше Генерален Директор во Наполи. Кога дојде Липи во 1994 немаше освоено ниту еден трофеј, со ниту еден тим немаше освоено ниту 4 место во Сериа А а имаше 15 годишна тренерска кариера, за подоцна со Јуве да освои се што можи да се освои. Не велам дека и Дел Нери сигурно ќе го повтори успехот на Липи во Јувентус,но не значи дека треба да се отпише од почеток.
Точно така, буквално истата споредба сакав да ја напрам
 
Sluzbarski

Македонец
Член од
21 јули 2009
Мислења
3.364
Поени од реакции
78
во помали клубови се докажа,а во поголеми кога се очекува нешто од него тоа не се повтори....шо има повеќе да се зборува
 
Stara dama

Luciano Moggi fan
Член од
1 октомври 2008
Мислења
1.336
Поени од реакции
95
Липи кога дојде во Јувентус имаше 45 години и беше млад амбициозен тренер (слично како сега Алегри да дојде) , додека Дел Нери е 60 годишен старец кој секоја престапна година има некој забележителен “успех“ со некоја просечна екипа ... својата вредност ја докажа кога изгоре на клупите во Рома и Порто ... Нема што да се очекува од Дел Нери , 0 од тренер, исто како да останал Ѕакерони уште една година кој има дури и поуспешна кариера. Впрочем Јувентус е во такви лајна и потребна му е таква реконструкција што следната сезона Капело , Липи , Мурињо и Фергусон заедно да го водат тимот нема да освојат титула ... На Јувентус одма му е потребен тренер за да почне да се работи на засилувања уште пред почетокот на светсково , а моментално на располагање се Дел Нери , Прандели , Спалети и Алегри кои се горе долу ист калибар , па веројатно соработката помеѓу Дел Нери и Марота ќе пресуди ... Она лошото е што Дел Нери ќе потпише 2 годишен договор па доколку следната сезона се пласира во лигата на шампионите со Јувентус , што е и цел на клубот со оглед на моменталната ситуација, ќе остане сигурно да ја одработи и другата година од договорот што автоматски значи уште 2 сезони без титула ...

Затоа јас бев за да се донесе некое звучно име за тренер , не за да ја освои титулата одма следната сезона туку да добие сезона-две да изгради тим кој ќе биде конкурентен. Вака се врти клубот во круг , после 2 сезони ќе дојде нов тренер и пак се од почеток ...

--- надополнето ---

И да ќе заборавев да кажам , вака кога ќе размислиме со ладни глави горе долу треба да сме задоволни... Она најголемото зло е отстрането од клубот , сега преостанува тимот одново да се изгради бидејќи е во многу полоша ситуација отколку во 2006 ... Но, она доброто е што сега го водат луѓе кои знаат како се гради конкурентен тим и кои не работат со цел да се уназади тимот. Е сега дали и како ќе го изградат тимот или ќе изгорат во желбата и под притисокот, нас единствено ни преостанува да чекаме , да бидеме трпеливи барем уште сезона-две ...
 
Vartolu

1897 Fighter
Член од
29 декември 2007
Мислења
14.992
Поени од реакции
5.605
Но, она доброто е што сега го водат луѓе кои знаат како се гради конкурентен тим и кои не работат со цел да се уназади тимот. Е сега дали и како ќе го изградат тимот или ќе изгорат во желбата и под притисокот, нас единствено ни преостанува да чекаме , да бидеме трпеливи барем уште сезона-две ...
Токму така. Фановите скоро цела сезона го бараа Андреа Ањели за Претседател, Марота е човек кој 3 години со ред ја земаше наградата за најдобар спортски директор во Италија (оваа година наградата ја зеде Корвињо од Фиорентина),скоро цел медицински тим на Јуве ќе биде сменет,Секо веќе не е спортски директор, Блан најверојатно ќе си замине после турнеата на Јуве во САД (и ако евентуално остане ќе игра минимална улога, и ќе биде задолжен само околу финансиите за новиот стадион).

Како што изјави Марота, летово има многу работа во Јувентус,и се надевам дека Марота ќе ја изврши таа работа на максимално највисоко ниво.
 
Sluzbarski

Македонец
Член од
21 јули 2009
Мислења
3.364
Поени од реакции
78
летово ќе биде пеколно за новата управа на Јуве,да го реконструираш цел тим,заедно со резервите не е мала работа.....сепак се надевам приоритет ќе бидат младите надежи на Јуве како Џовинко,Маркизио и останатите кои се на позајмици,а се потенцијални првотимци и потенцијални репрезентативци кои со гордост би го носеле овој дрес и би знаеле зошто се жртвуваат.....видивме платениците како се однесуваат и не ми е ништо чудно-нив само парите ги влечат....за пример ја земам Барса во која стожерот се состои од Каталонци,кои кога играат за Барса,играат со срце,играат за Каталонија......Јуве ја има скоро истата основа,има една од најјаките школи на светот-мора во иднина да се земи во предвид
 
Ивица ЈМК

Forza Juve Per Sempre!!!!
Член од
28 март 2010
Мислења
1.399
Поени од реакции
270
Токму така. Фановите скоро цела сезона го бараа Андреа Ањели за Претседател, Марота е човек кој 3 години со ред ја земаше наградата за најдобар спортски директор во Италија (оваа година наградата ја зеде Корвињо од Фиорентина),скоро цел медицински тим на Јуве ќе биде сменет,Секо веќе не е спортски директор, Блан најверојатно ќе си замине после турнеата на Јуве во САД (и ако евентуално остане ќе игра минимална улога, и ќе биде задолжен само околу финансиите за новиот стадион).

Како што изјави Марота, летово има многу работа во Јувентус,и се надевам дека Марота ќе ја изврши таа работа на максимално највисоко ниво.
се сложувам Кико.мислам дека пред време се плука по Дел Нери,дај боже да ве демантира сите вие што го критикувате.Како и да е,после светското ќе биде интересно,сега за :smir:трансфериве се само шпекулации ќе искачаат.
 
Vinnetou

Continium Transfunctioner
Член од
15 мај 2005
Мислења
3.513
Поени од реакции
482
Како што изјави Марота, летово има многу работа во Јувентус,и се надевам дека Марота ќе ја изврши таа работа на максимално највисоко ниво.
Не сум баш во тек околу ситуацијава со Марота. Има нешто потпишано со него / треба да се потпише? До каде е таа работа и колку е сигурно дека ќе дојде во Јуве?
 
Марота веќе поднесе писмена оставка до претседателот на Сампдориа Гароне и изјави дека го очекува многу работа за да го извлече Јувентус од кризата со своето искуство и талент. Исто така рече дека Андреа му дал стимулативна сума на пари и одврзани раце ...

Иначе Андреа е многу нафуран , летово ќе има голема распродажба во Јувентус , па сигурно ќе има минимум 150 милиони евра за трансфери(80 + продажба на повеќето играчи) и според најавите нема да се жалат пари за некое звучно име (најверојатно Џеко и ако успее да се привлече уште некоја ѕвезда ако се земе во обзир отсуството од лигата на шампионите) ...

--------------------------------------------------------------------------------------------

и уште нешто за крај

:tv:
 
Фала на инфо :)

Сликава е PRICELESS! :pos: :pos:
 
Mr.47

Juve Fan
Член од
29 јули 2008
Мислења
10.042
Поени од реакции
6.070
ПРО страната за фудбал го објави својот тим на сезоата.
Тимов е зини земјо голтни ме

И ова, за крај.
Шпекулациите се потврдени.
Дел Нери ќе го следи Марота, но пред тоа требада зборува со Претседателот на Самп, Гароне.
 
Vinnetou

Continium Transfunctioner
Член од
15 мај 2005
Мислења
3.513
Поени од реакции
482
И Garrone, претседателот на Сампдорија, потврди дека Дел Нери си оди. Тој исто така потврди дека Дел Нери ќе дојде во Јуве. Сега можеме со 100% сигурност да кажеме дека Дел Нери е новиот тренер. Не би предвидувал какви резултати ќе постигне, се надевам дека ќе ни овозможи возбудлива сезона и сакам само да му посакам многу среќа (нешто што сезонава немавме воопшто)! Аирлија! :)

p.s. Се надевам дека под водство на Дел Нери младите играчи како Џовинко, Екдал, Јаго итн. ќе ја добијат својата шанса да докажат дека го заслужуваат Црно-Белиот дрес!

p.p.s има едно нешто што ме плаши, а тоа е Легротаље! Дел Нери му беше тренер и во Киево, па да не помисли да му стане прва опција со Киелини во Јуве! Се надевам дека ќе биде продаден или во најлош случај закован на клупа како 3-та замена.
 
Член од
29 март 2007
Мислења
6.820
Поени од реакции
238
Штом Марота меша прсти решен е да го земе Дел Нери а со тоа и некој од Сампдорија ќе се земе сигурно епа ај нека е за арно и само почеток на трансверите
 
G@rfielD

Модератор
Член од
10 февруари 2007
Мислења
10.751
Поени од реакции
9.786

:icon_lol:

Нека му е со среќа, поопширно кога ќе го потврдиме...
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom