Фан Клуб: Јувентус

Статус
Затворена за нови мислења.

Vartolu

1897 Fighter
Член од
29 декември 2007
Мислења
14.992
Поени од реакции
5.605
Пред почетокот на натпреварот со Милан, Алесио Секо се поздравил со играчите, и веќе е сигурно дека од Понеделник повеќе не е Спортски Директор во Јувентус.

Крај на разочарувачката сезона.
 

Vinnetou

Continium Transfunctioner
Член од
15 мај 2005
Мислења
3.513
Поени од реакции
482
Имиња кои нема да ги гледаме догодина:

- Закерони
- Секо
-----------------------
- ГроЗо
- Канаваро
- Молинаро
- Тиаго
- Алмирон
- Григера
- Каморанези
- Поулсен (најлоша утакмица денеска од кога е во Јуве)
-----------------------

А неизвесно за:

- Број 33
- Трезеге
- Сисоко
- Амаури
- Зебина
- Де Чеље
- Џовинко
- Мело
- Диего
--------------
Вкупно 17 играчи, плус целиот медицински тим.

Поголем ремонт од ова не може да има!
 
Член од
29 март 2007
Мислења
6.820
Поени од реакции
238
Да се надеваме дека Џиџи ја даде изјавата со доза на нервоза како што му ја видов фацата и дека понатаму ќе се помири да видиме како ќе мине летово и дека ќе остане во Јуве ако си оди барем за добра пара да се даде :(
 

Vinnetou

Continium Transfunctioner
Член од
15 мај 2005
Мислења
3.513
Поени од реакции
482
Имиња кои нема да ги гледаме догодина:

- Закерони
- Секо
-----------------------
- ГроЗо
- Канаваро
- Молинаро
- Тиаго
- Алмирон
- Григера
- Каморанези
- Поулсен (најлоша утакмица денеска од кога е во Јуве)
-----------------------

А неизвесно за:

- Број 33
- Трезеге
- Сисоко
- Амаури
- Зебина
- Де Чеље
- Џовинко
- Мело
- Диего
--------------
додадено...

Ќе ми биде многу жал ако отидат Диего и Џиџи.
-Џиџи е веќе докажан и неговото присуство му дава на клубов посебен шарм и шмек, а за Диего убеден сум дека човеков може да биде успешен во Јуве, само му треба малку адаптација и тим што ќе игра фудбал заедно со него. Јас не би го продал после само една изиграна сезона.


Не очајувајте другари Јувентини, кога ќе го допреш дното има само еден правец - НАГОРЕ!!!

Il cielo e bianconero
 

G@rfielD

Модератор
Член од
10 февруари 2007
Мислења
10.751
Поени од реакции
9.786
додадено...

Ќе ми биде многу жал ако отидат Диего и Џиџи.
-Џиџи е веќе докажан и неговото присуство му дава на клубов посебен шарм и шмек, а за Диего убеден сум дека човеков може да биде успешен во Јуве, само му треба малку адаптација и тим што ќе игра фудбал заедно со него. Јас не би го продал после само една изиграна сезона.
Диего останува, слушајте ми зборов. За Џиџи после ова денеска, не знам што да кажам... Се надевам у момент на нервоза рекол дека не е сигурна неговата иднина во дресот на Јуве, пошо нели како што знаеме повеќе пати изјавуваше дека останува кај нас без оглед на се.

Иначе, би ги додал на листата на неизвесни и Зебина и Јакинта... =/
 
Член од
29 март 2007
Мислења
6.820
Поени од реакции
238
На Џиџи е да одлучи дали ќе замине ја ќе му бидам вечно благодарен за тоа што го направил за Јуве ако си замине иако мислам дека нема срце да го напушти клубот
 

Bianconero vero

Il Capitano
Член од
10 ноември 2008
Мислења
9.237
Поени од реакции
8.135
Денеска си добивме уште една во низата лекции по фудбал кои ни беа одржани годинава (кој не играше со нас, тој не не победи). Среќен сум што проклетава сезона конечно заврши и можам да кажам дека ова беше најкатастрофалното нешто што сум го гледал во животот (зборам за целата сезона, не само за вечерашниот натпревар).

Ајде, со Господ напред, се надевам дека следната сезона ќе биде многу подобра од оваа и дека сезонава ќе остане само како лош сон во нашите сеќавања. Сега, ме загрижува само една работа. Сите ние, и оние кои однапред ја отпишаа новата управа и оние кои ги полагаат своите надежи во неа, сепак потајно се надеваме на позитивна промена. Но, она што ме загрижува е дека веднаш ќе почнат со погрешен потег со кој веднаш ќе си потпишат смртна пресуда а тоа е продажба на Буфон. Незнам зошто, ама мислам дека ќе се случи ваква глупост во теков на летово. Ме интересира што мислите вие за ова.
 

Stara dama

Luciano Moggi fan
Член од
1 октомври 2008
Мислења
1.336
Поени од реакции
95
Јас лично сум за продажба на Диего , не е толку лош играч колку што беше купен напамет и без никаква цел , чисто колку да се докажат способните луѓе во клубот дека можат да доведат големо име после 2 катастрофални трансфер лета ...

Друго што не ми се свиѓа кај Диего е што е пребавен и кога изведува корнер се плашам дали топката ќе стигне до 16никот ... за неговиот шут со брзина од 0.5 километри на час не е ни потребен збор ... мое мислење е дека никако не му лежи италијанската лига ...

И она најважното , ако се оствари она што се најавува , дека Јувентус ќе се врати на 4-4-2 , Диего тука ама баш ич не се вклопува ... Најдобро за Јувентус би било да се признаат грешките за доведувањето на Диего и Мело и да се продадат. За нив двајца би требало да се добијат минимум 45 милиони евра ... значи да се доведе барем десно крило (за лево сметам на Џовинко ако воопшто му дадат шанса) , по можност Красич кој не е прескап и еден централен везен , откуп на Кандрева или Аквилани кој најверојатно ќе биде продаден од Ливерпул ако стигне добра понуда за него. Убеден сум дека Аквилани со Маркизио би чинеле извонреден тандем во средината и уз 2 квалитетни крила би се добила одлична средина ...

Друго , јас сум за продажба и на сите напаѓачи освен капитенот и да се доведат нови двајца , како што се најавува тоа би биле Џеко и Пацини (за Џеко малку потешко) ...

Останатиот дел од парите да се вложи во одбрана т.е. најголемиот. Стопер , 2 бека и откуп на Касерес кој е универзалец и може да игра на секоја позиција во одбраната по потреба ...

Значи продажбата на овие што ги споменав + тие 80 милиони евра би биле сосема доволни за ваква реконструкција ...

И она најважното ќе го забораев , бидејќи се поизвесно е заминувањето на Џиџи. Читав дека Јувентус бил заинтересиран за Маркети , шо би било огромен кикс , подобро нека го остават Манингер ако веќе се одлучиле за таков чекор. Не постои голман кој може да го замени на Буфон , но веќе кога би морало да се пополнува таа дупка јас гледам само 3 “достојни“ решенија , Адлер , Акинфеев или Лорис ...

Како што читав деновиве , во ваква насока би требало да оди реконструкцијата на тимот летово ... најслаба алка веќе 4та сезона по ред ќе биде тренерот
 
Член од
20 декември 2009
Мислења
445
Поени од реакции
341
Ја гледав утикмицата 15 минути и повеке неможев.... нее битно нема да се повторувам со сите овде , знаеме сите каква е ситуацијата само мислам за ремонт на Јуве ќе треба повеќе и од буџетот на манчестер сити .... не сакам да си одат Диего и посебно Буфон зашто ке изгубиме многу.... ке кажам уште еднаш станувам се по песимист за иднината на овој клуб.... не знам со која намера се уништува ама тоа добро им иди од рака.....
П.С не знам зашто навивачи од некои клубови како Р. Мадрид или милан го читаат нашиов форум , нема ништо паметно кај нив веројатно па затоа..... Сваќам дека си ги ценат нивните играчи ама Касиљас нема никогаш да го достигне Буфон едноставно нема капацитет за тоа а ти колку сакаш топкај се од земја...... и да мислам дека треба да замине Џиџи бидејки заслужува трофеи овој човек а како што иде работава со Јуве тоа нема да го видиме во блиска иднина.... :cry:
 

ManUtdChampions

Lleyton Hewitt
Член од
5 февруари 2009
Мислења
32.717
Поени од реакции
43.745
Да не барам назад,одма ќе си прашам.. Ќе играте догодина во Европа Лига?
 

Stara dama

Luciano Moggi fan
Член од
1 октомври 2008
Мислења
1.336
Поени од реакции
95
Но, она што ме загрижува е дека веднаш ќе почнат со погрешен потег со кој веднаш ќе си потпишат смртна пресуда а тоа е продажба на Буфон. Незнам зошто, ама мислам дека ќе се случи ваква глупост во теков на летово. Ме интересира што мислите вие за ова.
Никој не би се осудил да го продаде Буфон , но ако неговата желба е да си замине среќно му кај и да оди и не треба апсолутно ништо да му се приговори. Има доволно кредити и во клубот и кај навивачите за да може да прави што сака ... Можеби тој сам ќе одлучи да си замине , но веројатно сите знаеме кои се најголемите виновници за таквата негова одлука , тоа е буквално исто како да го продале на сила ...

Ќе повторам , јас лично би бил пресреќен да го гледам Џиџи како крева трофеи и освојува награди во друг клуб отколку да стагнира во моментално просечниов Јувентус , кој сигурно нема да се дигне целосно на нозе уште 2 сезони ...

Ако некој заслужува се најдобро во кариерата , тоа е Буфон , најдобриот голман на денешницава и воопшто на сите времиња и уште поголем човек и спортсмен ...
 

Bianconero vero

Il Capitano
Член од
10 ноември 2008
Мислења
9.237
Поени од реакции
8.135
Никој не би се осудил да го продаде Буфон , но ако неговата желба е да си замине среќно му кај и да оди и не треба апсолутно ништо да му се приговори. Има доволно кредити и во клубот и кај навивачите за да може да прави што сака ... Можеби тој сам ќе одлучи да си замине , но веројатно сите знаеме кои се најголемите виновници за таквата негова одлука , тоа е буквално исто како да го продале на сила ...

Ќе повторам , јас лично би бил пресреќен да го гледам Џиџи како крева трофеи и освојува награди во друг клуб отколку да стагнира во моментално просечниов Јувентус , кој сигурно нема да се дигне целосно на нозе уште 2 сезони ...

Ако некој заслужува се најдобро во кариерата , тоа е Буфон , најдобриот голман на денешницава и воопшто на сите времиња и уште поголем човек и спортсмен ...
Toa e веќе друга работа ако сам посака да си оди. Мене ми е муабетот дека управата ќе се попали по парите на Сити и ќе го продаде. Реално гледано, тешко дека во Сити ќе крене некој трофеј, единствено што платата би му била поголема. Јас лично сакам да го гледам Џиџи и понатаму на голот на Јуве и сакам да го гледам како дига трофеи во црно-белиот дрес(додуша голманскиот дрес не е црно-бел ама така иде зборот).

--- надополнето ---

Да не барам назад,одма ќе си прашам.. Ќе играте догодина во Европа Лига?
Да, поради тоа што Интер и Рома играа во финалето на купот па се отвори уште едно место на табелата, односно седмото место.
 

Stara dama

Luciano Moggi fan
Член од
1 октомври 2008
Мислења
1.336
Поени од реакции
95
Ако веќе си заминува , најверојатно ќе оди во Јунајтед. Уште лани изјави дека нема шанси да заигра за Сити ...

А за тоа дека ќе крева трофеи со Јувентус ќе треба да почекаме уште 2 сезони минимум да поминат , евентуално трофеј од купот кој не верувам дека е дел од амбициите на Џиџи ...

Што и да одлучи за мене ќе остане легенда и после Дел Пиеро, уз Недвед најголемиот играч на Јувентус кој сум имал среќа да го гледам ...
 
Член од
27 јануари 2010
Мислења
2.430
Поени од реакции
723
Фала богу заврши кошмарот:vozbud: Е сега што се однесува до реконструкција тешко ќе биде за секаква како играчка така и тренерска:nesvest: Се плашам дека Буфон ќе си отиде:nenene:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom