Која пара ја млатат веснициве со шпекулацииве околу Јуве, утре можеби и Руни ќе биде во комбинација :pos2:
Шала настрана од тие формации и тренери што ги има на Тутоспорт не ми се допадна ама баш ниедна. Добро вика Stara dama дека ќе биде тешко нас со првотимци како Де Чеље и Легротаље. Исто така гледам се спомнуваат играчи како Џила, Ван дер Фил (ваљда така се чита), Кајт, Мексес. :nenene: Ако со овие играчи мислат да прават шампионски тим, мислам дека сме наебале. Ако веќе фрламе големи пари (80 милиони како што се спомнува) тогаш подобро нека бидат 2-3 играчи(играчишта)
Според мене ни треба еден централен дефанзивец, лев бек(според мене најслабата точка во целиот тим), еден играч од средниот ред со офанзивни карактеристики и еден шпиц. Тоа се 4. Со 80 милиони и продажба на „отпадот“ во тимот можеме да земеме и те како добри играчи.
Мексес мене лично ич не ми е по мерак, го загуби првотимскиот статус од еден Бурдисо. Пре би земал некој од Бонучи, Кјаер, Бокети. Лев бек желба ми е да игра Коларов.
Страшно ме нервира што Џила го поврзуваат со нас. Типот, барем за мене, нема ни ф од фудбал, а камоли да биде човек од кој ќе очекувам успех. Едноставно типот е FLOP за големи натпревари и големи клубови. Напаѓач што сакам да го видам во Јуве е еден од: Торес, Џеко, Игуаин. Мој фаворит е Торес.
Како што реков и претходно,како се ближи крајот на сезоната шпекулации ќе има се повеќе. Управава наша верувам дека ќе има добра сума на располагање за трансвери и се надевам дека паметно ќе ги искористи.
П.С. Утре со Фулам сме од 19h???