Фан Клуб: Јувентус

Статус
Затворена за нови мислења.

Bianconero vero

Il Capitano
Член од
10 ноември 2008
Мислења
9.237
Поени од реакции
8.135
Дали приметувате дека СКОРО сите екипи кои со нас извадија позитивни резултати се уствари тапа? Еве го Лацио губи дома... Каква тапа ли сме ние тогаш?
 
J@mbo

Zack de la Rocha
Член од
18 септември 2008
Мислења
386
Поени од реакции
8
според газета јуве против џенова ке излезе

------------------буфон
--------кана-----бр 33----киелини
касерес-кандрева-сисоко-гросо
----------------диего
--------дедо перо---амаури
овие со црното би ги изоставил и би излегол во напад
-----диего---дел пиеро-џовинко а на местото на гросо де челје
 
Член од
11 јули 2008
Мислења
4.757
Поени од реакции
3.794
Ме фати некој инат, да му најдам целосна статистика на Амаури за сите натпревари од почетокот на сезоната до денес. Луѓе мои - БЕДА!

Амаури нема постигнато гол на последните 16 натпревари во сите конкуренции. Последниот гол го постигна против Сампдорија или попрецизно - на 28 Октомври 2009.

Последната асистенција исто така против Сампдорија на 28 Октомври 2009. Таа е прва и последна асистенција за Амаури од 17 август до денес, во сите конкуренции. Тоа се добри 30 натпревари.

Амаури на последните 13 натпревари има шутнато само 14 пати кон противничките голови. Тоа 1,07 шута по натпревар. Од последните 13 настапи на Амаури, човекот не успеал ниту еднаш да шутне на противничкиот гол на 8 утакмици или конкретно против: Бордо, Каљари, Баерн Минхен, Парма, Наполи, Интер, Лацио, Ливорно. На овие 13 натпревари само 2 пати стартувал од клупата, што значи сите останати му се од стартниот состав.

Катастрофален учинок. Срамно за 22.5 милионско засилување и уште посрамно за напаѓач. Единствено нешто што прави за време на натпреварите:

1. Ја тера косата зад уши
2. Прета со рацете лево - десно и горе - доле, како демек да им појасни на соиграчите каде требале да му ја додадат.
3. Расчистува на корнери или слободни удари.

Само за споредба.

Трезеге на 13 натпревари има постигнато 7 гола. Тоа е нешто помалце од секој втор натпревар гол за Трезеге или математички - секој 1,8 натпревар:).
Нема потреба да пишувам шутеви за Трезеге на противничките голови затоа што знаеме сите дека на Трезеге му се доволни од 1 до 3 шута за да постигне гол, независно за кој/каков противник се работи.

Мој совет е дека Амаури треба на лето да се продаде. Малку сум скептик за тоа кој ке сака да го купи, но ме радува фактот дека за Молинаро се најде клуб па затоа сум убеден дека и за ова дрво ке се најде некој што ке го прибере. Пред некое време ако не се лажам, Зампарини рече дека со отворени раце ке го пречека Амаури назад во составот.

Искрено, се надевам не негово заминување ова лето.
 
Член од
29 март 2007
Мислења
6.820
Поени од реакции
238
препорачувам нашиве да не ги носат црно белите дресови сега зошто ги брукаат поарно нека земат сиви или помаранџести да не не препознаваат на тв не го заслужуваат црно белиот дрес за сега.
 
Vinnetou

Continium Transfunctioner
Член од
15 мај 2005
Мислења
3.513
Поени од реакции
482
Многу педерски потег од Ди Натале за третиот гол, лежи играч на Удине повреден, еден од Наполи му помага и со тоа Ди Натале избегна офсајд ситуација и така даде гол. Буљашки...
Во секој случај супер резултат за Јуве.
 
Член од
22 февруари 2007
Мислења
7.076
Поени од реакции
1.940
Ме фати некој инат, да му најдам целосна статистика на Амаури за сите натпревари од почетокот на сезоната до денес. Луѓе мои - БЕДА!

Амаури нема постигнато гол на последните 16 натпревари во сите конкуренции. Последниот гол го постигна против Сампдорија или попрецизно - на 28 Октомври 2009.

Последната асистенција исто така против Сампдорија на 28 Октомври 2009. Таа е прва и последна асистенција за Амаури од 17 август до денес, во сите конкуренции. Тоа се добри 30 натпревари.

Амаури на последните 13 натпревари има шутнато само 14 пати кон противничките голови. Тоа 1,07 шута по натпревар. Од последните 13 настапи на Амаури, човекот не успеал ниту еднаш да шутне на противничкиот гол на 8 утакмици или конкретно против: Бордо, Каљари, Баерн Минхен, Парма, Наполи, Интер, Лацио, Ливорно. На овие 13 натпревари само 2 пати стартувал од клупата, што значи сите останати му се од стартниот состав.

Катастрофален учинок. Срамно за 22.5 милионско засилување и уште посрамно за напаѓач. Единствено нешто што прави за време на натпреварите:

1. Ја тера косата зад уши
2. Прета со рацете лево - десно и горе - доле, како демек да им појасни на соиграчите каде требале да му ја додадат.
3. Расчистува на корнери или слободни удари.

Само за споредба.

Трезеге на 13 натпревари има постигнато 7 гола. Тоа е нешто помалце од секој втор натпревар гол за Трезеге или математички - секој 1,8 натпревар:).
Нема потреба да пишувам шутеви за Трезеге на противничките голови затоа што знаеме сите дека на Трезеге му се доволни од 1 до 3 шута за да постигне гол, независно за кој/каков противник се работи.

Мој совет е дека Амаури треба на лето да се продаде. Малку сум скептик за тоа кој ке сака да го купи, но ме радува фактот дека за Молинаро се најде клуб па затоа сум убеден дека и за ова дрво ке се најде некој што ке го прибере. Пред некое време ако не се лажам, Зампарини рече дека со отворени раце ке го пречека Амаури назад во составот.

Искрено, се надевам не негово заминување ова лето.
Не е потребна статистика, доволно е шо го гледаме како игра.

Ме загрижува шо Жаки вика дека то и го очекува од Амаури т.е. да му спушта топки на Диего и компанија а тие да се распуцаваат на гол.Значи Амаури да има асистира на средината. :nesvest:

Кога веќе се загреа за барање на статистики ајде уште една задача ако не те мрзи. А мене (вервам и вас) ептен ме/не интересира. А то е дали Амаури е проблемот. Значи дали типот добива топки и колку топки добивал по натпревари и ги прокоцкал. IQ и Трез си ги стопираат пред нив или пукаат од прва а овај ги губи. Жаки изјави дека проблемот е во средината. Ваљда мисли дека Амаури е беспрекорен. Ако можи некој да најди статистика со изгубени топки на Бланка супер.
 
H

^HITMAN^

Гостин
меѓу подобрите,Буфон,Кандрева,Мело мислам дека незаслужено го јадеше,судијата беше кретенчина,Диего исто така другите non tanto bene:) Сисоко многу фалеше,а исто како да игравме без бекови Гросо го немаше нигде а Касерес изигра послабо од што знае и неочекувано Киелини правеше грешки ,омилениот играч на влатче дае гол со глава и тоа беше од шутевите во рамките на голот,не памтам многу и една позиција на Дел Пиеро од слободен али мора да признаам дека Ливорно играа доста добро,беа агресивни и многу спремни,ние уште се бараме,си го бараме идентитетот на стариот јуве:)
Што бре Мело меѓу подобрите. Повеќе се расправа и пцуе отколку што игра. НЕ НИ ТРЕБА ТАКВА СВИЊА. Кандрева како некоја трска е, го фалевте неваре кој знае кој е пред да дојде, се виде аирот од него. Класичен тупав играч, без техника, без ништо. Оној Амаури неможам да го гледам, ебате шминкерот со тоа косата, само скока ко ненормален и се врти после ко дезориентиран да е, напаѓач од кого се очекуваат голови а од се врти ко дрвар. Гросо е најпропал трансфер од такви истрошени играчи - НЕМА НИКАКОВ КВАЛИТЕТ, ама баш никаков, играч од некова позиција треба да центрира кога е во напад а не да ги рока ко ненормален. Једино, Касерес одигра добро, се бореше човекот барем колку можеше.
И немојте после секое коло последниве 8 утакмици да цмиздрите, ама подобро ќе биде. ЌЕ БИД ЖИМИ К***В, со такви акмаци ништо нема да биде. Чиста катастрофа, здравјето ми го расипаа последните 8 кола. Ремонт треба целосен.Ми пишувате пофалби за некој играч небаре нерешено играле со Барселона на гости.
 
апец

Јувентус фан
Член од
5 декември 2007
Мислења
1.083
Поени од реакции
60
Кога ке се вратат Трезеге и Јакинта тогаш ке се сменат работите во нападот. Амаури ке биде закован на клупа за резерви и ке мора повеќе да се труди ако сака да добие шанса и да заигра на некоја утакмица. Напаѓач да не постигне гол 15 натпревари е срамота. Незнам како може уште да има првотимски статус. Но да беше само Амаури проблемот ке се радувавме, но не е така. Очигледно има некој поголем проблем што ги кочи работите во Јувентус.
 
Со Трезеге и Јакинта = прво место во ЛШ. Потрошена роба, тој французиот ми изиграва ѕвезда и ја чека на волеј секогаш кога со глава може да даде гол и тоа 100% сигурен гол, и ќе ја рокне позади трибините и ќе прави гримаси и ќе се смее небаре 3 гола дал само оваа ја утнал.
Само Буфон, Диего, Киелини,Сисоко, Касерес и Дел Пиеро од респект треба да останат во клубот - Сите останати - по 2 години затвор најпаметно ќе биде, од Јувентус направија тим за подбивање.
 
Vartolu

1897 Fighter
Член од
29 декември 2007
Мислења
14.992
Поени од реакции
5.607
Пред некое време ако не се лажам, Зампарини рече дека со отворени раце ке го пречека Амаури назад во составот.
Се споменуваше и опцијата Амаури да се искористи во трампа за Уругваецот Едисон Кавани наредното лето.Но многу тешко ќе биде Амаури да се врати во Палермо, бидејќи Палермо веројатно нема да бидат во состојба да му ја дадат истата плата која ја зема во Јувентус.Инаку реалност е дека Амаури потфрли. Одлично играше на подготвителните натпревари, постигна 8 гола во 7 натпревари и од него се очекуваше да биде главниот реализатор во Јувентус, но не ги исполни очекувањата. Но реално, не е само Амаури проблемот.

На Јувентус му треба елитен напаѓач, напаѓач кој ќе биде постојана закана за противничкиот гол, и напаѓач кој ќе знае да погоди и во случај кога тимот не игра добро, и да знае да ја искористи и единствената шанса на натпреварот да ја претвори во гол. Убеден сум дека барем Јакинта да беше здрав, нападот ќе беше далеку поопасен, а со тоа Јуве ќе беше со многу подобра реализација од оваа во моментов.

Наредниот натпревар, мислам дека е време да му се даде шанса на Џовинко како втор напаѓач, на местото на Дел Пиеро. Вреди да добие шанса, а уште повеќе во овој случај каде на терен недостига креативност во нападот. Со Џовинко, нападот на Јуве ќе биде доста покреативен, и убеден сум дека ќе се ствараат многу повеќе шанси, а со самото тоа Јуве ќе биде со многу подобра реализација.
 
Leo Bonnie

Кад се врате скитнице
Член од
20 декември 2008
Мислења
4.481
Поени од реакции
5.562
Добро бе како можиме да очекуваме победа кога играме со 5 души во одбрана и плус 2 ДМ. Разликата од овој меч со тој со лацио е таа што тогаш Кандрева му ги носеше топките на Диего а вчера Диего ги земаше од центар. Стигнавме играта да ни зависи од Кандрева (со сета почит за детево стварно е добро но не може да биде лидер во тим како Јувентус).

А за Амаури може слободно да снима реклами за Бучен Којзак со Цацко и нека дрибла јогурти таму колку сака

Sluzbarski

Македонец
Член од
21 јули 2009
Мислења
3.364
Поени од реакции
78
а шо се случува со Паолучи,толку не задоволи младичов ?! можеше вчера да го внеси во игра барем од 70та минута,сигурен сум дека барем ќе се ангажира повеќе од Амаури
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom