Од денес после полноќ ќе започне надградба на MaxTV. Тоа за вас значи MaxTV со нови и подобрени карактеристики!
Започнувајќи од 10.11 (среда), па во текот на следните неколку дена, ќе се реализира надградба на MaxTV услугата, по што MaxTV ќе биде збогатена со нови и подобрени карактеристики. Со најновата надградбата на MaxTV, корисниците ќе добијат:
Можноста за преглед на последните 5 канали кои биле гледани и тоа со кликање на копчето
на далечинскиот управувач.
Побрзо менување на ТВ каналите.
Подобра организација на снимените серии. Отсега тие ќе бидат сместени на единствено место со што корисниците ќе имаат подобар преглед на содржините, а истовремено со само еден клик ќе може да се избришат сите одеднаш.
За сите кои имаат вклучен дополнителен ТВ приемник, новитет е можноста за снимање, гледање и пристапување до снимените содржини и преку медиа приемникот, МП100. Со оваа нова функционалност снимањето и снимените содржини стануваат достапни и за вториот, односно за корисниците на Optic пакетите и за третиот ТВ приемник.
За проблеми со MaxTV услугата, Службата за корисничка поддршка на бесплатниот телефонски број 0800 12345 е достапна 24x7.