Кој е виновен за нашите грешки?

  • Креатор на темата Креатор на темата leandra
  • Време на започнување Време на започнување

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.565
Навидум глупо прашање, кој би можел освен ние самите, но дали е така?
Разговарајќи со луѓето околу мене, доаѓам до константација дека сите бараат оправдувања за она што го погрешиле, односно се обидуваат да ја исперат својата совест префрлајќи или делејќи ја вината.
Вие што мислите?
 
Сите ние сме направиле некоја грешка за која сме обвиниле некој друг, иако вината е само наша. Некогаш е тешко да се каже ,,Да јас сум крив" а многу полесно е да покажеш со прст на тој што ти е најблиску и него да го обвиниш. Иако зависи од карактерот на личноста.

Најчесто кога станува збор за неверства, секогаш тој што изневерил го обвинува и партнерот за своето лично неверство. Да знаеш јас изневерив, виновен сум (малку) ама тоа го направив зашто партнерот не ми пружа доволно внимание, не ме задоволува, мислам не ме сака или мислам дека ме изневерува (иако станува збор за мислење само), се скаравме и од нервоза го изневерив итн. Ако партнерот не ти е добар, раскини и најди друг. А не да се изневерува и да се обвинува лично тој, за сопствен злочин :)

Иако спомнав неверство али исто е и со лаги и кавги за кои често партнерот се обвинува, а ние самите алибито си го гледаме во некој негов недостаток и си ја префрлуваме вината за почиста совест, која нималку не станува почиста.
 
Ретко кој е доволно созреан и одговорен да застане и да каже "крив/а сум" и да се соочи со последиците. Особено кога се работи за поголеми грешки и со самото тоа и за полоши последици, тешко е да преземеш одговорност, колку и да си крив. Затоа луѓето си бараат некој да ја префрлат вината, зезнато е сам да се справуваш со грижа на совест и да прифатиш дека си несовршен и си направил грешка. Бара многу храброст и, пак ќе кажам, созреаност да може да се погледнеш во огледало, да си кажеш "згрешив" и да живееш со тоа (уште повеќе кога човекот што си го повредил не ти го простува тоа).
 
Со кого и да зборуваш, многу е веројатно да слушнеш за туѓите грешки од негова уста, додека за своите грешки некако е табу тематично да се говори. Се работи за страв од неприфаќање и голема гордост, недоволна храброст да се прифати фактот дека луѓето грешат. Едноставно, туѓата осуда е нож под кој не сака никој да се стави. Затоа пак, многу е полесно да се седи од страна и да се јадат семки и да се изигруваа психолог врз туѓите животи. Слично е и со луѓето кои сакаат да знаат се` за животите на другите, а не делат ништо од својот. Доволен доказ од старт дека нешто кријат и им фали.
 
Зависи до ситуацијата.
Но најчесто ние најмногу сме виновни за сопствените грешки.
 
Секој човек греши, зарем не? Јас сметам дека грешките се добра работа. Тие се оние нешта во животот кои не потсетуваат дека не сме семоќни, ниту пак совршени. Благодарение на нив, ние учиме и стануваме подобри. Меѓутоа, прв чекор што секој човек треба да го направи кога ќе погреши секогаш треба да биде признавањето на грешката и превземањето на одговорност за неа. Искрено мислам дека треба да се има голем интегритет и чест за да се направи ова. Јас секогаш признавам кога грешам и со последиците сум се справувал машки. Зошто? Затоа што не гледам друг начин. Затоа што не гледам поента во кукавичлук и криење зад други лица и лаги. Едноставно, тоа не е мој стил.
 
А бе секогаш мора Цацко да е крив за нашите грешки, а за туѓите грешки секогаш е крив тој што згрешил. Значи самокритичноста е нешто што секој човек треба да го поседува и да си кажува стоп на неговата егоистичност и потреба секогаш он да биде во право и жртва, а другите криви. Еве сега го пишувам ова и не може никој да претпостави колку се нервирам. Мајку му, не знам што тешко гледаат луѓето да погледнат во самите себеси. Со признавање на грешка нема никој да те убие, напротив тоа е чекор напред кон станување општо подобар човек. А посебно кога станува збор за љубовта. НЕ е возможно бе само партнерот да е крив постојано, не може и ти кога ќе згрешиш он да ти е крив. Ај у пм, се изнервирав стварно, затоа што многу ме нервираат тие работи, ок, може сите некогаш не сакаме да признаеме дека сме виновни, ама ало бе па ок е некогаш да се случи, ипак човечко его, ама кога е нон-стоп - е тоа не можам да поднесам.
 
А бе секогаш мора Цацко да е крив, за нашите грешки, а за туѓите грешки секогаш е крив тој што згрешил. Значи самокритичноста е нешто што секој човек треба да го поседува и да си кажува стоп на неговата егоистичности и потреба секогаш он да биде во право и жртва, а другите криви. Еве сега го пишувам ова и неможе никој да претпостави колку се нервирам. Мајку му, не знам што тешко гледаат луѓето да погледнат во самите себеси. Со признавање на грешка нема никој да те убие, напротив тоа е чекор напред кон станување општо подобар човек. А посебно кога станува збор за љубовта. НЕ е возможно бе само партнерот да е крив постојано, не може и ти кога ќе згрешиш он да ти е крив. Ај у пм, се изнервирав стварно, затоа што многу ме нервираат тие работи, ок, може сите некогаш не сакаме да признаеме дека сме виновни, ама ало бе па ок е од време на време, ипак човечко его, ама нон-стоп е тоа не можам да поднесам.
Нервозата е ирационална работа и не доведува до ништо. Секој проблем се решава елегантно со факти. Секогаш, без разлика на тоа колку сакаме да ја скриеме, вистината излегува на виденило и секој од главните актери во приказната си го открива своето вистинско лице. Така било отсекогаш и така и ќе биде. Факти си се факти, зарем не?
 
Нервозата е ирационална работа и не доведува до ништо. Секој проблем се решава елегантно со факти. Секогаш, без разлика на тоа колку сакаме да ја скриеме, вистината излегува на виденило и секој од главните актери во приказната си го открива своето вистинско лице. Така било отсекогаш и така и ќе биде. Факти си се факти, зарем не?

Фактите си се факти, ама мразам кога нема самокритичност. Значи, ок, и јас не сум секогаш 100 посто самокритична, ама се трудам барем да погледнам каде била грешката и дали јас сум ја предизвикала. Свесна сум за сите грешки што ги имам правено во врските и знам дека и јас сум можеби виновна што истите завршиле. Ама не можам да поднесам целата вина да се пренесува на партнерот, со намера себе човек да се претстави како жртвено јагне или како чиста невина душа што кога ќе згреши тоа го прави затоа што друг и предизвикал да згреши.
 
Јас во последната врска во која бев пак, развив дијаметрално спротивна особина.. За се бев јас крива. Тој ќе се испонаша како морон - јас ќе „сфатам“ дека имам превисоки очекувања... Него не му е денот и ми го заебува и мене - јас се извинувам за тоа што сум го направила а не ми е јасно што...
На крајот дури и некое време бев убедена дека раскинувањето е поради мене, а не поради тоа што тој е разгалено дете што не знае што сака со себе...
 
mene voopsto ne mi e bitno koj e kriv,najbitno e da ne se slucuvaat greski,a ako veke se slucile vo sekoj slucaj jas prvo ja baram vinata vo mene pa posle vo partnerot...vo najmala raka moja vina e sto voopsto sum dozvolil da se sluci nekoja greska...i samo baram nacin kako da se popravi istata ako voopsto e vozmozno,bez da se tesam deka ne e do mene i sl...:smir:
 
Да. Секогаш некој друг е крив. Повеќето од олуѓето не гледаат дека они зафркнале, туку бараат вина во некој друг. Дури и кога се жалат не ја кажуваат целата приказна, кажуваат само сегменти и тоа само оние кои на нив им одговараат. Тоа го прават свесно или несвесно. Но, порано или подоцна ќе увидат дека и нивна била грешката. Некогаш ќе признаат, но најчесто не. Едноставно таква е човековата природа за се, а особено за љубовта. Ние сме секогаш оштетената страна. Навистина, некогаш е така. НО... не секогаш.

Лично за мене. Секогаш јас сум ја барал грешката во сам себе. Често сум ја наоѓал и кога сум грешел сум се извинувал на повредената страна. Некогаш тоа извинување доаѓало прекасно, некогаш личноста не го заслужувала. Но... барем сум бил чист према сам себе. А кога ми било погрешено - ретко сум добивал извинувања. На крајот јас сум бил кривецот - повторно.

Вистинската причина за тоа што некои не ја признаваат својата грешка = егоизам, ништо повеќе и ништо помалку. Познавам токму такви личности.

(во мојот случај личности = девојки)
 
Кој е виновен за нашите грешки?

нормално самите ние........:toe:
 
ако збориме за врска и грешките околу неа ... се зависи од грешката некад вината е пола-пола, некад во голема мера твоја но и другата страна допринела, некад во голема мера негова но и ти си допринел .

Како и да е за заебување на една врска во 90 посто од случаевите се потребни двајца , а после коа ќе се десат сите срања џабе е зборење едино да си ја изладиш главата и да видиш кај сте ја заебале работата за да следниот пат не ја заебеш на истата ствар.
 
Мајка ми затоа што сите ги споредувам со нејзе :icon_lol:.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom