Прво, ти не си темата на оваа дискусија, туку феминизмот. Јас не те нареков неспособна, само логично го интерпретирав тоа што ТИ самата го кажа за себе, изедначувајќи го истото со "закоравен феминист", што нема никаква логика и смисла. Цел ми беше (не)логиката во твојот исказ, а не ти. Можеби јас не сум ништо подобар, но тоа не ме прави "закоравен шовинист".
За фрустрациите. Спомна дека студираш/учиш психологија, па би требало подобро од мене да знаеш дека тоа е само емотивен одговор на надворешни (како во овој случај) или внатрешни пречки кон остварување на своите мотиви. Затоа не ми е јасно зошто овде е употребена како нешто лошо. Најприродниот мотив кај луѓето е да создадат потомство. Тоа што сe' повеќе жени како приоритет имаат кариера наместо семејство (а да не почнувам за тоа колку голем апсурд е ''кариера"), директно влијае за намалување на квалитетот на потомството (па дури и на шансите воопшто да дојде до потомство). Многу нормално, ова создава фрустрација и отпор кон таквите трендови, не само кај мажите туку и кај жените.
Btw, што мислите, зошто опаѓа наталитетот низ целиот свет?
Ова е сосема на место.
Точно, исто како што мажите се дополнение на жените. Но дека некој на некого е приврзок, далеку од вистината. Мажот и жената, според мене, се две РАМНОПРАВНИ половини на едно цело. Од друга страна, тоа во никој случај не значи дека имаат исти улоги/задачи или дека треба да ги прават истите работи.
Тука е проблемот на феминизмот. Способноста на жените да раѓаат не е казна, туку благослов (и тоа најголем). Особено што тоа е основната разлика што го карактеризира женскиот пол, не само кај луѓето, туку кај целиот жив свет. Инаку, сите би биле еден род, don't you think?
Доказ на моето тврдење погоре - дискриминација НЕМА!
Забелешката ми беше во однос на тоа што не те научиле да бидеш. Јасно е дека си од ретките кои имаат среќа многу работи/услуги да си приуштат, но можеби нема секогаш да биде така (иако искрено ти посакувам). Денес си горе, утре долу, затоа јас би го учел своето дете да се справи со секоја ситуација.
Во две реченици кажуваш 2 контрадикторни реченици како дефиниција за "нормален маж". Со првата се сложувам (за татко ти). А оној "кој цел ден лока пиво слушајќи шабанарија има запотени мишки и се дере по жена му... " е се' само не нормален маж. Нормален маж е добар татко и сопруг.
Потполно се согласувам, освен за "доминација на подобриот". Не смее да постои доминација, не смее да постои подобар. Се знае кој е на прво место - семејството.
Дефинитвно не. Мажите бараат добра мајка за своите деца, а не за себе. Има многу голема разлика.
Уште еднаш, се' што кажав беше добронамерно. Целта не ми беше да те "оцрнам" тебе или твоите блиски, туку твоите нелогичности, лошите аргументи и иронијата во некои од кажаните работи. Да, на моменти не бев внимателен и СЕ ИЗВИНУВАМ.
Ќе те замолам тебе и сите други, во продолжение да се задржат на аргументите за/против феминизмот, а не на нечии субјективни мислења.
Мојот пост не се однесуваше само на тебе, туку општо на сите коментари и цитати на моите мислење. Некој кажа дека жените стануваат успешни со нудење сексуални услуги на своите претпоставени. Има тука вистина, не велам не, но не е секогаш така. И така доаѓаме до заедничкиот заклучок дека дискриминацијата на работното место е се помала, односно, и жените добиваат раководни улоги заради своите професионални потенцијали. Но Балканот си е Балкан, и ние доцниме со се. Закоравен феминист - не мислев со тоа дека ги мразам сите машки суштества. Напротив, јас имам полесен и подобар однос со мажите отколку со жените. Но имам желба да убијам маж кога (а се случува) замисли и ЗАБРАНИЛ на девојката да пие, пуши, не знам, излегува со другарките. ЗАБРАНИЛ???? Со кое право? Потоа, за жал, моите блиски другарки имаа сериозни проблеми со типови на кои им сметаше што тие студираат, имаат желба за поголемо професионално остварување - а типциве очекуваа после средно да се женат... И имавме случаеви каде што до тој степен досаѓаа па проблемите и со полиција ги решававме.
Јас не ги мразам мажите. Го мразам македонскиот и машки, и женски менталитет.
Не е вистина дека не знам ништо да правам. Не сакам. Има разлика. Добро, не знам да готвам, но тоа е сосема небитна работа. Знам се да правам друго, нели ,,за црни дани,,. Ама во тие ,,црнилишта,, немам намера сама да правам. Освен ако сум невработена.
Фрустрираноста е нешто што не можеме во никаков случај да го окарактеризираме како добрина, на ниту еден можен начин. Фрустрацијата со себе ја влече несреќата. Но, тоа не е тема за тука.
Очигледно имаме различни ставови за бременоста и женскиот феномен на раѓање. Прво, не сум религиозна, и не верувам во ,,благослови,,. Зошто казна? Зошто кариерата на жената трпи секогаш кога е таа бремена. Последните месеци од бременоста, и минимум првите 9 месеци од раѓањето на детето, таа седи дома со него, зошто му е од животно значење. Но кариерата не песна на јутуб, па ќе ја оставиме да почека. Посебно кај поамбициозните жени е ова проблем, затоа што ако во тој момент има можност да просперира, нема да ја пропушти за да роди дете. Затоа јас и сестра ми имаме голема разлика во годините - по моето раѓање мајка ми имаше можности да напредува, и немаше време за друго дете. Кога стигна таму каде што зацрта, ја роди сестра ми.
И јас сакам да имам големо семејство, посебно зошто поголемиот живот растев без брат или сестра. Но не по цена да си ги уништам моите соништа. Затоа реков - кога ќе имам пари, ќе имам и деца. За да имам помош, наместо од работа да трчам да им стоплам јадење од вчера, (не им го посакувам тоа никако) и на крајот да немам веќе живци да си поиграм со нив. А не би се ослонила никогаш маж ми да ме издржава за јас да бидам дома за децата. Не би можела да живеам така, би била крајно несреќна а со тоа би биле несреќни сите околу мене. Феминизмот, се согласувам, постоеше како една прекрасна филозофија, па и практика. Но, денес, се согласувам, почна да дава и контрапродуктивни резултати, а со тоа мислам дека мажите се повеќе се дискриминирани (мислам на психички здравите мажи) и ние се повеќе деспотски се однесуваме кон нив. Но историјата не научи да повредуваме пред да бидеме повредени.
Од друга страна, многу голема улога има и искуството, кое ме натерало да се згрозам и од мажи и од жени, и често да имам желба да му ја дувнам некаде. Една девојка, на еден форум, се плашеше да му раскине на дечкото зошто имала секс со него и ,,што ќе каже следниот,, беше проблемот. Значи постои, посебно надвор од Скопје (во Скопје фала богу конечно попримивме малку светска култура) една толку одвратна сексуална дискриминација. Мене лично најмногу ме нервира тој вид на дискриминација. Јас за среќа, не сум начекала во животов маж што би се занимавал со такви застарени и глупави работи. Ама очигледно постојат и такви.
И во однос на доминацијата - ако веќе мора да ја има - нека ја има тој што е поискусен, поспособен, не во однос на диктаторска доминација, туку на заштитничка доминација.
Со тоа дека мажите бараат замена на своите мајки - не го мислам само јас - е тоа дека се навикнати мајката нивна да се грижи за нив, за нивните браќа и сестри, за нивниот татко.... односно најчесто потекнуваат од патријархални семејства каде што односите се комплементарни. Докажано е дека вака или така, девојките бараат маж кој личи на татко им (ако имаат позитивни чувства кон него) и исто и мажите - жената очекуваат да биде како мајка им (доколку имаат позитивни искуства со неа и нејзината улога во нивниот живот). Но нашите баби и дедовци, а често и генерацијата на моите родители, има патријархална хиерархија дома, па затоа и повеќето мажи очекуваат да живеат во такво семејство и тешко им е да сфатат дека мама до вчера правеше ручек, само она, а од денес ќе треба и тие самите да направат нешто, да сменат пелена итн итн.
Верувам дека сите жени сакаат да бидат добри мајки и сопруги (зошто би родила дете, ако не сум способна да бидам добра мајка???) и исто така бараат добри сопрузи (а под тоа се подразбира човек кој стои зад неа во се, без да се секира за мислењето на комшијата) и добар татко (не воспитна рака, туку татко кој ќе менува пелени, ќе чита книги со децата, ќе ги носи по спортови, балети итн, ќе оди на родителски, ќе знае да зборува со ќерка му за секс, мажи, дрога итн итн. односно татко кој нема да изиграва јас сум газда, туку јас сум пријател). Тука си личиме мажите и жените (најчесто).
Но колку повеќе, во последно време, го запознавам женскиот род и тоа во што се претворивме, се повеќе ми е жал за мажите од аспект на тоа дека денес се повеќе ни се слични улогите (мислам на партнерски врски и бракови) но сепак се угнетувани најчесто од жени кои не се ништо освен манипулатори.
Јас на моите деца само им посакувам да бидам мајка барем половина како мојата, и да бидам татко како мојот. Зошто не сакам ниту маж ми да биде толку амбициозен да не се прибира дома од работа. Напротив, сакам да ручам со него и да заспивам со него секоја вечер, без исклучок. И знам само дека ми е поважно да биде човек кој пред се ќе ми биде пријател, а љубовта кон човекот со кого ќе го поминам животот мислам дека не треба да биде таква каква што ние ја замислуваме или практикуваме во нашата младост. Зошто таа љубов не е трајна, а бракот, барем за мене, треба да биде нешто за цел живот.
--- надополнето ---
Затоа што ти така мислиш, затоа што нашево опкружување така те социјализирало, затоа што твојата мајка е подредена на твојот татко, а тоа однесување и поделеност на улогите ти си го усвоил како најисправен начин на однесување и третман на жената.
Жената не е создадена да биде дополнение на мажот, таа не е предмет па да биде наменета за задоволување на некаква потреба, и кога ќе се истроши да биде фрлена како неупотреблива, таа е пред се човечко суштество исто како што си ти.
Зашто на мажот му е тешко да ги отфрли стереотипите и да ја погледне жената како човек, од што машкиот свет се плаши?
Жената не е машина за раѓање деца.
Жената не е слугинка- Пепелашка
Жената не е субјект врз кој мажот треба да се празни.
Жената не е боксерска вреќа......
Последниве години настапува една интересна ситуација во државичево, повеќето мажи седат дома без работа, а жените се тие кои работат или заработуваат повеќе од мажите.
Дали на вас мажите ви е пријатна таквата ситуацијата, не се чуствувате како бикови за приплод?
Е подобро, не можеше да кажеш. Не можам веќе репутација да делам, ама би ти поделила многу
![Насмевка :) :)](/styles/default/xenforo/smilies/smile.png)