Нема да цитирам, но само ќе се надоврзам на муабетот за последен пат, бидејќи очигледно имам работа со луѓе кои патат од тешки фрустрации, на моја среќа немам такви во мојот круг на пријатели во реалниот свет.
Еден погоре ме нарече неспособна затоа што немам намера да бидам домаќинка. При бракот, јас не барам автомеханичар, електричар, градинар.... барам маж, а тоа е човек кој ме поддржува во моите избори во животот, тука е со мене кога успевам и кога сум поразена. Предходните услуги можам и да си ги купам. Истото го очекувам од него, да бара жена, а не слуга. И не гледам што е погрешно во тоа мажот да извршува домашни работи? Дечко ми ги извршува зошто за разлика од него јас сум 10 пати повеќе зафатена со факс итн. и очигледно сум академски поамбициозна од него. Некој друг кажа дека ,,жените се надополнение на мажите“. Можеби тоа го кажува библијата (хахах видиш, атеист сум) но науката не го кажува тоа. Ниту пак јас се чувствувам како некаков привезок, напротив, јас мислам дека мажот и жената взаемно се надополнуваат.
Природата доволно ја казнила жената да носи плод 9 месеци и да раѓа, на крајот и да дои. Против тоа ниту една жена не може, но може и те како да биде еднаква (а најчесто и поуспешна) од мажите во професионалната кариера. Еден член погоре кажа дека жените просперирале со сексуални услуги. Тука се гледа неговата фрустрација, зошто мисли дека сите мажи се единствено примитивни суштества водени само од инстиктите (а не се, јас познавам многу паметни и разумни мажи) и дека сите жени се проститутки, односно немаат доволно потенцијал.
Не знам од каде сте, но ако имате допир со поголеми странски компании забележете го составот на извршните директори и слично. Многу често се жени, од кои јас познавам неколку кои стигнале таму со докторат и еден тон семинари, специјализации и курсеви, и познавам исти такви мажи кои се работодавци и поважно на работа им е остварување капитал од сексање, зошто можат секс да си купат на друго место каде што немаат што да изгубат.
Исто така, некој ги спомна моите родители како несоодветни и дека ми пружиле лоша социјализација, ќе го сфатам и тоа сосема добро, затоа што искрено сметам дека растев во едно нормално партнерско семејство, посебно затоа што мајка ми има поодговорна и посложена функција од татко ми, па тој има повеќе слободно време да се занимава со домашни работи, а тоа не го прави папучар туку маж кој ја разбира и почитува својата жена. Не е слуга (папучар) туку нормален маж. На Балканот свесни сме дека нормален маж е оној кој цел ден лока пиво слушајќи шабанарија има запотени мишки и се дере по жена му... нели де.
Не знам зошто мислите дека жената треба да нема кариера за да биде добра жена? Мене ме обвинивте дека не знам ништо да правам, а дали знаете вие?
Имате среќа што сеуште постојат глупачи што подлегнуваат на мажите и на нивната исфрустрираност. Мора да имам среќна ѕвезда што ниту моите другарки ниту другари немаат ни пола сфаќања како вас.
И за крај, немам намера да доминирам над маж ми, зошто така ќе станам деспот, а против тоа се бореа жените со векови. Јас не ги мразам мажите, напротив, ги сакам, но било кој маж го почитувам онолку колку тој што ме почитува мене. Мојот дечко е свесен дека за него нема нешто што нема да направам, ама и тој треба така да се однесува. Затоа имам врска во која тој не ржи по секој што ќе ме погледне, не се обидува да ме сокрие од светот, присуствува на секој мој успех и ме поддржува во секоја смисла на зборот. Затоа знае дека на крајот на денот, нема да флертувам со можеби прекрасниот онлајн пријател, ниту со колегата од факс. Затоа што се што барам има кај него.
Имам еден совет, би било добро да размислите два пати, да и дадете простор на вашата девојка да ви покаже што планира и што сака, за никогаш да не бидете во ситуација ,,леле нешто ми крие,,. Од искуство, најголемиот дел од тие ,,добрите,, на крајот излегуваат ,,едни од најлошите,,. И студирам психологија, а моите професори, ама баш сите, се согласуваат со мене и на многу добар начин советуваат како треба да изгледа едно хармонично семејство, од кое би излегле добри воспитани и продуктивни деца.
Пријатно, уживајте во темата, уживајте во животот....
Whatever women must do they must do twice as well as men to be thought half as good. Luckily, this is not difficult.
- Charlotte Whitton
--- надополнето ---
На моменти ми е смешна расправијава ( општо). Колку што памтам одамна не сме едно со природата и живееме во бетонска џунгла каде владеат други правила. Нема везе.
А бе што си смешен . Голема е веројатноста дека мајка и заработува повеќе пари од татко и ,веројатно работи повеќе.
Општо вака жена ти да заработува повеќе од тебе ќе ја тераш да седи дома ако треба некој да останува дома со децата и да се грижи за домаќинството? Додуша реткост е жена да заработува пари повеќе од мажот, ама се случува. Ваквите феминистки, жените, на крај ќе научат да чистат перат готват перфектно .
Да не ќе го тера мажот и кој ринта и заработува повеќе од неа да готви, чисти , пере , пегла мртов уморен? Нема . Особено ако имаат дете , мајчински инстинкт чуда прави. Нема да го остави своето дете да седи во прљаштиња, да јаде џанк храна, да седи непеглано во нечист кревет. Остај ти што солат памет , тресат зелени сто на саат овде на форум во стилот : кога јас ќе пораснам ќе бидам астронаут, знаеме дека нема да се случи. Праксата друго покажува. Жени ко жени џавкаат постојано,таква им е природата, на крај ќе си легнат на брашното
Е сега што има ѓубриња што злоупотребуваат има, увек имало од обете страни. Има и лајна мажи пијаничишта има и говеда од жени кои оставаат мажи зошто така им прднало. Све има на светов. Ама најмалце е крив феминизмот или природата или ѓаолот. Криви се тие што не отвориле очи навреме и не виделе што земаат за маж/жена.
Јас многу се согласувам со тебе. Да мајка ми заработува многу повеќе од татко ми, но тоа не е толку голема причина зошто постои заеднички семеен буџет, туку зошто таа седи многу подолго од него на работа и има поодговорно место. Најмногу од се со тебе се согласувам (а и предходно кажав) дека доколку едниот од двајцата не работи или пак помалку работи, логично е повеќе (ако има кратко работно време) или целосно (ако не работи) да се грижи за домаќинството. Доколку не работам, а маж ми работи, сигурно нема да дојде дома и да му речам фати правосмукалката и дај забриши ми го телевизорот. Но ако работам еднакво или повеќе од него, а немам пари да си приуштам чистачка, е тогаш заедно со мене ќе си работи, ама за тоа постои договор и поделба на обврски. Ние денес имаме некоја поделба - но сепак не живееме целосно сами - па негови си се тањири, џогер, алишта, а мои си се прашина, пеглање, правосмукалка
![Насмевка :) :)](/styles/default/xenforo/smilies/smile.png)
Интересно ама функционира. Па на крајот сме и двајцата среќни што сме завршиле побрзо - наместо јас (или тој) да бидам нервозна што он дембелел пред ТВ а јас сум чистела
![Насмевка :) :)](/styles/default/xenforo/smilies/smile.png)
Убав е животот кога има разбирање, навистина. И тука си во право, има секакви мажи и секакви жени, јас се згорзувам од жените кои наоѓаат работа со сексуални услуги или се мажат за пари итн итн.. исто и од мажи дал пијаничиште, ил развратно директориште сеедно. Затоа не советувам бракови заради бременост или кратка врска - брак. Ништо не е сигурно во животот, но превенцијата е важна

Какви се тие
феудални традиции? Повеќе за
феудализмот
И убаво е што „продаваш“ вакви теории, сепак, колку и да се инатиш или така ти рекле/научиле да размислуваш не можеш да го се смениш фактот дека мажите и жените никогаш нема да бидат исти, никогаш нема да работат исти работи ниту да имаат исти интереси.
Нема да бидат исти, во право си, природно сме различни, но комплементарните односи ќе се променат. Зошто не би имале исти работа? Или интереси (мислам на професионални интереси, семејни, социјални - не на мода, шминка, гардероба итн)? Зарем бракот не е заедница на маж и жена со исти интереси? Не сме толку различни, колку што мажите сакаат да бидат доминантни. А јас велам - доминацијата на подобриот, ако мора да ја има. Е ако жената е поквалитетна од мажот, заслужува и да е доминантна, ако не е - се знае.