Авијациски битки од 91 до 2000 на балканот.

concrete

alte Esel
Член од
22 март 2005
Мислења
12.248
Поени од реакции
1.703
Ех Зељјава....такво нешто можеше на овие Европски простори само во Југославија да се изгради...:)..........за многу скапи пари, а после да се уништи.....што може и не било лоша идеа , ако се заме во обзир дека Американците немаше да ја напуштат 1000 години :)
На .............................44 50'43.95"N 15 46'07.47E пистите ептен добро се гледаат
 

Toecutter

Biafran Baby
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.243
Поени од реакции
2.444
На 12-ти Април 1982 Британскиот Адмиралитет носи контроверзна одлука и прогласува зона на исклучивост во радуис од 200 наутички миљи околу островите со право да го потопи секој не-британски брод кој би се затекнал таму во тој период.Оваа одлука е на граница на легалитет според меѓународното право и ќе има големо значење врз подоцнежните настани во овој судар.
Инаку Британците за секој случај (евентуален катастрофален пораз) си носат и тактички нуклеарни бомби :tapp:......некој вид на `сребрен куршум`.

Еве со што располагале Аргентинците за да се спротистават на Кралската морнарица...

1 Носач на авиони (`Виентесинко де Мајо`)

2 Крстарици (`Генерал Белграно` и `Нуеве де Хулио`)

15 Разурнувачи/Фрегати/Корвети (`Херкулес`,`Сантисима Тринидад`,`Сегуи`,`Иполито Бушар`,`Пиедра Буена`,`Комодоро Пи`,`Драмонд`,`Герико`,`Гренвил``Муратуре`,`Кинг`,`Азопардо`,`Розалес`,`Алмиранте Домек-Гарсија`,`Алмиранте Сторни`)

4 Дизел-електрични подморници (`Санта Фе`,`Сантијаго дел Естеро`,`Салта` и `Санта Луис`)

3 Јуришно-десантни брода (`Кабо Сан Антонио`,``Кандидо де Ласала`,`Урахан`)

2 Ракетни чамци (`Интрепида` и `Индомита`)

6 Патролни брода,2 Танкери,6 Транспортни брода,20 Патролни чамци,2 Ледокршачи,2 Истражувачки брода и 30-тина пловила реквирирани од цивилни оператори за потребите на морнарицата.

Авијација/Морнаричка авијација

11 Супер Етендар морнарички ловци-бомбардери
55 А-4 Скајхок ударни авиони
17 Мираж 3 ловци-пресретнувачи
37 Дагер/Нешер ловци-пресретнувачи
10 Камбера тактички бомбардери
41 Пукара турбоелисни авиони за огнена поддршка
17 МБ-339 школско-борбени авиони
15 Т-34 Турбо ментор школско-борбени авиони
9 Ц-130 Херкулес транспортни авиони
2 КЦ-130 летечки танкери
6 S2A Трекер морнарички патролни авиони
2 Бандеиранте транспортни авиони
3 Б-707 Патнички авиони
4 Нептун морнарички патролни авиони
22 Мохок Извидувачки авиони
2 Лирџет 35 за фотографско извидување
6 Фокер Ф 28 Патнички авиони
12 Фокер Ф 27 Транспортни авиони
3 Електра транспортни авиони
2 Скајвен транспортни авиони

2 Чинук тешки транспортни хеликоптери
2 Линкс морнарички борбени хеликоптери
11 Алует Противподморнички хеликоптери
7 Си Кинг Противподморнички и спасувачки хеликоптери
3 А-109 Повеќенаменски хеликоптери
22 Б-205 Хјуи Борбено-транспортни хеликоптери
7 Пума Борбено-транспортни хеликоптери
9 МД-500 Борбени хеликоптери

Пешадија/Морнаричка пешадија

2 Бригади, ПВО, Специјални единици (околу 11.000 војници)

12 Панар оклопни автомобили (90мм)
36 Хаубици 105мм
4 Хаубици 155мм
Роланд & Тајгеркет ПА системи со краток дострел
15 Двоцевни 35мм ПА топови
20 Двоцевни 20мм ПА топови
18 Хиспано 30мм ПА топови
Блоупајп & Стрела 2М преносни ПА ракети
90мм бестразајни топови
60,81 и 120мм Минофрлачи

Продолжува...
 
M

.:makedonec:.

Гостин
Почитувани досега не забележав тема слична на оваа освен еве за соборувањето на стелтот,кое беше дискутирано и на повеќе теми воедно и вон подфорумот авијација.

Па да започнам со елаборирање на инфо од мојата архива.

Во истиот подфорум има и тема САМ,но конкретно темава се надевам ќе даде добра основа за дискусија.

Имено ќе почнеме од почетокот,после прогласувањето на независност од страна на словенците ЈНА реагираше.

Сепак овде е првата жртва на 27 јуни беше соборен СА-341 Gazzele од страна на словенците,истиот експлодира во воздух,погоден од СА-7 стрела.

Ова е прво летало соборено во воената разврска на екс југославиа

Да летнеме малце накај хрватска во која имаше војна против хрватите и србите-фронтот беше околу 1600 километри .Но да се вратам на авијацијата,имено 7 октомври-воздушен напад врз загреб,при истиот беше лансиран АГМ-65 маверик прецизно наведуван,кој ја погоди претседателската палата во загреб-интересно според некои авионот кој го извршил нападот е миг 21,но мое лично мислење е дека станува збор за МИГ-29(ЈНА купуваше маверик од УСА).

Инаку 46 летала беа соборени на ЈНА во хрватска.

Интересно 7 јануари 1992 ЈНА собори Италијански Bell-agusta 205 кој патем имаше мониторинг мисија-истиот беше соборен од MIG-21 во хрватска се случи овој "инцидент" хеликоптерот беше невооружан,а имаше бела боја-Peace-мисијата на хеликоптерот како што кажав беше мониторинг под закрила на Europian community monitoring mission.

Хрватите немаа доволно авијација да се спротистават(1992) бидејќи авионите беа веќе во србија и дел во босна,но потоа неколку хрватски пилоти пребегаа со своите мигови,а им останаа и неколку МИ 8..и др хеликоптери.
Само би забележал дека за време на балканскиот сталинград-вуковар хрватите употребија АН-2 за залихи,но потоа истиот "бомбардираше"
со импровизирани авио-бомби поставени во тн oil drums-забелешка-ова е првиот хрватски мод откако хрватска стана независна и тоа рачно:vozbud:
договор за мир беше потпишан под притисок на САД и ООН во 1992,но сепак србите држеа под контрола 30% хрватска територија-затоа договорот едвај беше потпишан.

НО,овој т.н МИР Хрватска го искористи за да се спреми за "големата магија"-имено беа околу 20 МИГ-21,40МИ-8,и според мене најдобрата машина 15 МИ-24:vozbud: се тврди дека биле купени 15-сетте 24-ки од блек маркет. Исто така Хрватите ја прилагодија домашната индустрија колку толку да помага на авијацијата,а и набавија и UAV.

1995-јасно е. СТОРМ операцијата,каде ЈНА експертите беа пуздер направени.

БОСНА и ХЕРЦЕГОВИНА

Овде се знае дека парамилитаристичките четници беа вооружени од ЈНА и прогласената независна република Српска,босанците немаа авијација,но сепак успеаа да Набават МИ-8 од источно европските земји кој ги потпомагаше муслиманите(П.С сараево...се шпекулира дека имало подземен тунел ископан од муслиманите...за снабдување со оружје храна..).

НАТО присуството-беа присутни Бродови на алијансата а и добриот боинг Е-3А набљудуваше како би известил за евентуален напад врз алијансата.
Важно е да се забележи дека залихи со храна беа испорачувани во сараево од страна на франција,белгија,британија,грција,турција...па дури и Сауди арабија(за последниве сумњам храна да носеле)
Одредени количини залихи беа пренесувани од загреб до сараево.
3 септември-соборен Италијански алениа G222, истиот соборен во Сараево-одговорност никоја страна нема преземено.Реакција на ова имаше од USAF од 3 октомври наредните 3 години секој транспортен авион и хеликоптер беше соодветно заштитен со одбрана од ракети но и придружба-најчесто американски француски и германски авиони.

За време на овие три години беа соборени околу 200 ЈНА летала најчесто од Ф-15(истиот го нарекуваат МИГ килер-има извештаи дека денешните модификации со нови радари ќе го направат уште подобар)

Но 50 НАТО авиони беа погодени од ПА артилерија и Стрела системи,но ниту еден не е соборен.


24 март британски SeA KING HC4 и француски СА330 пума прелетаа над сребреница,беа погодени но не и соборени мислам дека принудно слетаа во северна босна,имаше повредени неколку ООН лица.

12 април 1993 започнува операцијата Deny Flight со цел патролирање врз босна за да се спречат евентуални напади помеѓу срби,четници хрвати,муџахедини марсовци.....:wink:

5 февруари 1944 Црните витези USAF, посебно пилотот херој(чиј идентитет се криеше)-Капетан Bob Wright истиот забележа напад од минофрлач врз пазарот во сараево.

Интересна битка имаше на 24 фебуруари 1994,имено НАТО АВАКС забележа 6 летала кои летаа кон бања лука(истите беа предупредени од аваксот да се вратат но игнорираа),всушност беа СОКО Г-2 wright и капетанот Scot O'Gradly беа пратени да ги пресретнат леталата и да ги предупредат,но србите бомбардираа фабрика за оружје во Нови Травник,по што Горенаведените пилоти побараа дозвола од центарот во винченца-дозвола добија,после бомбардирањето србите обидувајќи се да го избегнат радар-ја намалија висината на летање и се упатија но џабе,имено wright во 5:45 лансираше АИМ-120 АМРААМ(Advanced Medium Air To Air Missile)кој го погоди галебчето,потоа кон останатите два авиона беа лансирани 2 ракети АИМ-9 кои ги погодија целите,според пилотите не забележале еџектирање..авионите буквално биле фајрбал во воздух:toe:понатаму Ф-16 ките се повлекоа на дополнување гориво од Боинг KCR-135R.

Но истовремено беа испратени уште еден пар Ф-16ки Knight25 и 26
кои по инструкции од авакс успеаа да ги пресретнат останатите српски авиони Knight 25 успеа да собори уште еден авион со АИМ-9,останатите србски авиони веќе успејаа да излезат од босанскиот воздушен простор,па поради тоа не беа нападнати-истите слетаа во удбина.

Не помина подолго време француски авион etendard4 беше соборен од ракета со инфра наведување,а исто така и британски SEA Harrier FRS.(ова беше во горазд каде и Ф-16 бомбардираше србски тенкови со Мк-82,а потоа и Ф-18ки извршија напад.

1995 хрватите употребија МИ-8 за транспорт на специјалци behind enemy lines а и МИГ21.

Овде србите изгубија 2 авиони-врз хрватски воздушен простор.

Исто така и србската САМ претрпе загуби,имено Ф-18,Ф16 имаа за цел да ја онеспособат и уништат србскта САМ беа користени АГМ-88 и ласерски наведувани бомби-резултат 15 погодоци,меѓу кои комуникациски центри,радари,САМ батерии и командни центри.

Понатаму во сараево американски А10 и холоандски Ф16(после уништувањето на СА6 батерии како и онеспособувањето на српската САМ) извршија напад врз српски тенкови,артилериски позиции-но по барање на ООН,воглавно беа користени МАВЕРИК,а цел беа и магацините за муниција на србите.:coffee:

Понатаму следуваа уште напади,врз мостови понатаму српските позиции околу сараево...



Југославија 1998-2000


Не би мешал политика...уствари ова е свет-случувања и авијација:tapp::tapp:(иххх забегав пишејќи...оверхитуван сум:pos2::pos:):vozbud:

Покрај надчовечките напори на Холбрук кој со сите сили се трудеше да најде мирно решение,патувајќи Белград-Приштина,секоја чест за холбрук-респект,интересна забелешка е што кога на милошевоч му соопштил дека НАТО планира напад овој се изнасмеал-може бил сигурен во мајчица русија(П.С имаше 4 руски подморници во јадранот меѓу кои беше и курск:()
После неуспехот на преговорите во Париз беше јасно-мора да се спречи евентуален геноцид.(дали ќе имало или не геноцид и без интервенција на НАТО не се знае..тоа е друга алтернативна реалност:wink: мислам можеби србите ќе се бореа само против УЧК без притоа да убиваат цивили-затоа болдирав евентуален).

Додека НАТО се засилуваше неколку стелтови Ф-117А беа пратени во авиано. а во меѓувреме Б-52 stratofortress вооружени со крстосувачки ракети пристигнаа во во англија конкретно во Fairford.
(србите знаеа за ова-...руски извори..ама пусти национализам-негативен...позитивниот е дефиниран како сакање на својата нација,ценење на истата и давање придонес кон истата,но НЕ и наштетување или омраза кон другите Т.Е без етноцентризам)
Во Југославија беше првиот верувам би се сложиле.

Понатаму во авиано пристигнаа груман ЕА-6Б,25 КС-135 танкери и 4 дагласови КС-101А(Ова се исто така танкери)...И така се роди Армада од 250 НАТО авиони(турски,германски,холандски,САД..).

Се разбира пред акцијата следуваше собирање на информации,сателитско набљудување,а и би го спомнал Кумановскиот KVCK(ksovo Verification Centre Kumanovo) истиот работеше на собирање податоци,а од тетовско беше лансирана германска Шпион ракета.

Се разбира по неуспехот на преговорите операцијата Allied Force имаше три цели.

1.Деградација на Југословендката САМ одбрана.
2.Напад на Војската во косово и цела југославија.како и парамилитаристички формации.
3.Напад на логистички цели(фабрики,магацини за оружје...),патната инфраструктура(supply
routes)-ова оправдува бомбардирање мостови како легитимна цел.

Алијансата веруваше дека милошевиќ ќе попушти после неколку дневно бомбардирање(дури беа обележани специјални мети).

Се излажаа па така нападот започна во 20 часот
кога беа лансирани околу 10 крстосувачки ракети од Б-52 понатаму беша лансирани исто така и од бродови(остатокот) беа уништени 23 САМ системи.
Интересно е што сепак 1 САМ сеуште не беше целосно онеспособен па беа пратени холандски Ф-16 и Американски Ф-15 да ја довршат работата,во меѓувреме АВАКС забележа 3 МИГ29 кои имаа јасна цел,истите беа нападнати од НАТО-овци-резултат-3 МИГУЈАНИ соборени,2 од Ф-15 и еден од холандскиот Ф-16.

Нато немаше тешкотии околу САМ одбраната,туку проблемот беше со војската,тенковите...иако имаше погодоци сепак недоволно.

Но интересно првите денови од акцијата константно патролираа Ф-15 во македонија,босна бидејќи НАТО-вци се мислеа ќе има напад,МИГ-29 исто така беше соборен во босна од Ф-15 пилот...преживеан и вратен во Југославија преку босанските срби.

Интересно Британците бараа и заштита на петровец.

Нато силите најмногу користеа ласерско и оптичко наведување,па тоа објаснува зошто во првите 8 дена пола од мисиите беа откажани,имено времето е фактор кој влијае врз прецизноста на оваков тип наведувани оружја-од истата причина имаше додатни откажувања на мисии.

Без сомнение покрај Ф-16 ката соборена на 27/28 март НАТО претрпе загуба,имено беше соборен Ф-117А, истиот е соборен од СА3 нева,а на остатокот се приметуваат погодоци,најверојатно од фрагменти,од ракетата.

(материјалот беше пратен во русија,а во меѓувреме кина очајно се обидува да ги добие резултатите од руската анализа на стелтот-Иако B-2 во никој случај не е под закана и ден денес,бидејќи користи други композитни материјали,а и има посебен слој кој апсорбира радарски бранови а и инфраред одразот е минимизиран бидејќи погонот има систем за ладење-но затоа пак истиот бара посебен хангар со посебна температура...за слојот кој апсорбира бранови-Според многумина слојот е хлорофлуоросулфолна киселина-затоа и бара посебна температура...композитните материјали не реагираат со истата,но има инфо дека кај други Б-2 оваа киселина е заменета со подобар слој...но сепак тоа е строго доверливо:toe:)Б-2 го спомнав бидејќи беше изненадување,имено никој не очекуваше дека истиот ќе биде употребен.










Во мај алијансата имаше дури 912 авиони.

Со цел уништување на Ѕу армијата во косово,покраината беше поделена на т.н kill box секоја од нив со посебни мети,и авиони+наоружување.

Интересно е што бил употребуван белфосфор за маркирање на метите па понатаму нивно ракетирање или бомбардирање.
Сепак околу 50% од српската војска се криеше по фабрики(тенкови оклопни возила)-артилеријата беше добро камуфлирана а и лошото време предизвика мала доза на сомнеж-ОПРАВДАНО...НО за криењето тенкови по фабрики села,болници-НЕОПРАВДАНО.

ФАКТ=Ју војската и покрај бомбардирањето на косово и загубите сепак беше мобилна и оперативна-исто како да нема бомбардирање-тоа е резултат на добрата пасивна одбрана,и кукавичкото криење тенкови по села,болници хали....

Дечко очигледно е дека си анти српски настроен и неможеш добро да објасниш тоа ти е проблемот само НЕУТРАЛНА особа може да ја објасни вистинската состојба ЈНА нема изгубено и до ден денеска 200 БОРБЕНИ АВИОНИ(и во денешното време кога е Србија ) а многу големи загуби имаше и американската војска посебно кога ќе се сретнеа Ф-15 со Миг-29 (Миг-29 за разлика од Миг -21 е ѕвер)..........
Не е се така црно како што мислиш ти имаа и тие и тие загуби не јадеа ќотек само србите зборам најреално не сум на ничија страна ја сум само на македонска страна ама во овој случај сум неутрален некој друг може ќе може ама ти неможеш да ја објаснеш ситуацијата................

--- надополнето ---

Како споредба Ирак во првата заливска војна собори 75 авиони. Не ми изгледа како некаков успех двата соборени авиони на НАТО над Србија. Напротив, би рекол дека неочекувано слабо се покажаа.
Ама Ирак за разлика од Србија имаше 750+ авиони (кои шо нормално после војната со америте просто :vozbud: ги снема) а додека Србија имаше едвај 100-тина тоа е целата разлика !
 

Hurin

Pokerface bastard
Член од
3 јуни 2009
Мислења
8.543
Поени од реакции
14.678
На 12-ти Април 1982 Британскиот Адмиралитет носи контроверзна одлука и прогласува зона на исклучивост во радуис од 200 наутички миљи околу островите со право да го потопи секој не-британски брод кој би се затекнал таму во тој период.Оваа одлука е на граница на легалитет според меѓународното право и ќе има големо значење врз подоцнежните настани во овој судар.
Инаку Британците за секој случај (евентуален катастрофален пораз) си носат и тактички нуклеарни бомби :tapp:......некој вид на `сребрен куршум`.

Еве со што располагале Аргентинците за да се спротистават на Кралската морнарица...

1 Носач на авиони (`Виентесинко де Мајо`)

2 Крстарици (`Генерал Белграно` и `Нуеве де Хулио`)

15 Разурнувачи/Фрегати/Корвети (`Херкулес`,`Сантисима Тринидад`,`Сегуи`,`Иполито Бушар`,`Пиедра Буена`,`Комодоро Пи`,`Драмонд`,`Герико`,`Гренвил``Муратуре`,`Кинг`,`Азопардо`,`Розалес`,`Алмиранте Домек-Гарсија`,`Алмиранте Сторни`)

4 Дизел-електрични подморници (`Санта Фе`,`Сантијаго дел Естеро`,`Салта` и `Санта Луис`)

3 Јуришно-десантни брода (`Кабо Сан Антонио`,``Кандидо де Ласала`,`Урахан`)

2 Ракетни чамци (`Интрепида` и `Индомита`)

6 Патролни брода,2 Танкери,6 Транспортни брода,20 Патролни чамци,2 Ледокршачи,2 Истражувачки брода и 30-тина пловила реквирирани од цивилни оператори за потребите на морнарицата.

Авијација/Морнаричка авијација

11 Супер Етендар морнарички ловци-бомбардери
55 А-4 Скајхок ударни авиони
17 Мираж 3 ловци-пресретнувачи
37 Дагер/Нешер ловци-пресретнувачи
10 Камбера тактички бомбардери
41 Пукара турбоелисни авиони за огнена поддршка
17 МБ-339 школско-борбени авиони
15 Т-34 Турбо ментор школско-борбени авиони
9 Ц-130 Херкулес транспортни авиони
2 КЦ-130 летечки танкери
6 S2A Трекер морнарички патролни авиони
2 Бандеиранте транспортни авиони
3 Б-707 Патнички авиони
4 Нептун морнарички патролни авиони
22 Мохок Извидувачки авиони
2 Лирџет 35 за фотографско извидување
6 Фокер Ф 28 Патнички авиони
12 Фокер Ф 27 Транспортни авиони
3 Електра транспортни авиони
2 Скајвен транспортни авиони

2 Чинук тешки транспортни хеликоптери
2 Линкс морнарички борбени хеликоптери
11 Алует Противподморнички хеликоптери
7 Си Кинг Противподморнички и спасувачки хеликоптери
3 А-109 Повеќенаменски хеликоптери
22 Б-205 Хјуи Борбено-транспортни хеликоптери
7 Пума Борбено-транспортни хеликоптери
9 МД-500 Борбени хеликоптери

Пешадија/Морнаричка пешадија

2 Бригади, ПВО, Специјални единици (околу 11.000 војници)

12 Панар оклопни автомобили (90мм)
36 Хаубици 105мм
4 Хаубици 155мм
Роланд & Тајгеркет ПА системи со краток дострел
15 Двоцевни 35мм ПА топови
20 Двоцевни 20мм ПА топови
18 Хиспано 30мм ПА топови
Блоупајп & Стрела 2М преносни ПА ракети
90мм бестразајни топови
60,81 и 120мм Минофрлачи

Продолжува...
И?????
:vozbud:
 

Eisenhorn

Lord Inquisitor
Член од
6 мај 2009
Мислења
4.112
Поени од реакции
9.483
а многу големи загуби имаше и американската војска посебно кога ќе се сретнеа Ф-15 со Миг-29 (Миг-29 за разлика од Миг -21 е ѕвер)..........
во 99 Српските авиони немаат соборено ниту еден непријателски авион.

Немаат испалено ниту една ракета кон непријателите. Можеш да ја најдеш емисијата „Нико није рекао нечу“ и Лет у смрт по нет, стварно добра емисија.

Пилотите на Миговите 29 даваат интервјуа и си кажуваат отворено како било.

11 миг 29-ки можеле да летаат а само на 2 им работеле радарите и системите 90%, останатите така-така. Заради санкциите ресурсите на авионите истекуваат во 1996 година и потоа само се прикрпувани колку да летаат. Плус најслабата верзија на авионот ја имале. Како што кажа еден од пилотите, НАТО ги гледал од подалеку и ги напаѓал надвор од дометот на миговите, секогаш од подобра позиција.

На самото полетување АВАКС-от ги фаќал и местел цели ескадрили ф-15-ки кои од десетици километри ги гаѓале миговите кои немале толку јаки радари и ракети.

Да биле ремонтирани миговите и пилототе да имале редовен налет моѓе ке скинеле неколку авиони, али кога на секој миг иде цела ескадрила подобри авиони пак исто ке завршело.

Интересно беше кога еден од пилотите кажување како кога седнал во мигот полека го вршел уклучувањето на системите за да не испушти нешто дека заради горенаведените причини не летале долго време на авионите.

Плус иста состојба со радарите на земја, секое палење кошта (многу) пари и од 4 вежби дневно во 80-те под ЈНА во 90-те спаднале на една - две вежби месечно, пак заради немање можност за одржување заради санкциите.

--- надополнето ---


Ама Ирак за разлика од Србија имаше 750+ авиони (кои шо нормално после војната со америте просто :vozbud: ги снема) а додека Србија имаше едвај 100-тина тоа е целата разлика !
И Ирак не беше под санкции 10 години и радарите му беа нови и ремонтирани.

А нешто се шушка дека добар дел од опремата на Ирак од француско потекло (електроника и слично кај некои радари) едноставно „откажала“ кога требало да ги нишани авионите од западно производство.
 
M

.:makedonec:.

Гостин
Еве какви сухои 25 имаат гризијците
P.S- Израелските Елбит им ги модернизираа и сеа грузијците имаат 9 одлични ловец-бомбардер авиони и у наредните 5-6 години немаат потреба да ги мењаат !


 

Kajgana Shop

На врв Bottom