Авијациски битки од 91 до 2000 на балканот.

S

smart ass

Гостин
Почитувани досега не забележав тема слична на оваа освен еве за соборувањето на стелтот,кое беше дискутирано и на повеќе теми воедно и вон подфорумот авијација.

Па да започнам со елаборирање на инфо од мојата архива.

Во истиот подфорум има и тема САМ,но конкретно темава се надевам ќе даде добра основа за дискусија.

Имено ќе почнеме од почетокот,после прогласувањето на независност од страна на словенците ЈНА реагираше.

Сепак овде е првата жртва на 27 јуни беше соборен СА-341 Gazzele од страна на словенците,истиот експлодира во воздух,погоден од СА-7 стрела.

Ова е прво летало соборено во воената разврска на екс југославиа

Да летнеме малце накај хрватска во која имаше војна против хрватите и србите-фронтот беше околу 1600 километри .Но да се вратам на авијацијата,имено 7 октомври-воздушен напад врз загреб,при истиот беше лансиран АГМ-65 маверик прецизно наведуван,кој ја погоди претседателската палата во загреб-интересно според некои авионот кој го извршил нападот е миг 21,но мое лично мислење е дека станува збор за МИГ-29(ЈНА купуваше маверик од УСА).

Инаку 46 летала беа соборени на ЈНА во хрватска.

Интересно 7 јануари 1992 ЈНА собори Италијански Bell-agusta 205 кој патем имаше мониторинг мисија-истиот беше соборен од MIG-21 во хрватска се случи овој "инцидент" хеликоптерот беше невооружан,а имаше бела боја-Peace-мисијата на хеликоптерот како што кажав беше мониторинг под закрила на Europian community monitoring mission.

Хрватите немаа доволно авијација да се спротистават(1992) бидејќи авионите беа веќе во србија и дел во босна,но потоа неколку хрватски пилоти пребегаа со своите мигови,а им останаа и неколку МИ 8..и др хеликоптери.
Само би забележал дека за време на балканскиот сталинград-вуковар хрватите употребија АН-2 за залихи,но потоа истиот "бомбардираше"
со импровизирани авио-бомби поставени во тн oil drums-забелешка-ова е првиот хрватски мод откако хрватска стана независна и тоа рачно:vozbud:
договор за мир беше потпишан под притисок на САД и ООН во 1992,но сепак србите држеа под контрола 30% хрватска територија-затоа договорот едвај беше потпишан.

НО,овој т.н МИР Хрватска го искористи за да се спреми за "големата магија"-имено беа околу 20 МИГ-21,40МИ-8,и според мене најдобрата машина 15 МИ-24:vozbud: се тврди дека биле купени 15-сетте 24-ки од блек маркет. Исто така Хрватите ја прилагодија домашната индустрија колку толку да помага на авијацијата,а и набавија и UAV.

1995-јасно е. СТОРМ операцијата,каде ЈНА експертите беа пуздер направени.

БОСНА и ХЕРЦЕГОВИНА

Овде се знае дека парамилитаристичките четници беа вооружени од ЈНА и прогласената независна република Српска,босанците немаа авијација,но сепак успеаа да Набават МИ-8 од источно европските земји кој ги потпомагаше муслиманите(П.С сараево...се шпекулира дека имало подземен тунел ископан од муслиманите...за снабдување со оружје храна..).

НАТО присуството-беа присутни Бродови на алијансата а и добриот боинг Е-3А набљудуваше како би известил за евентуален напад врз алијансата.
Важно е да се забележи дека залихи со храна беа испорачувани во сараево од страна на франција,белгија,британија,грција,турција...па дури и Сауди арабија(за последниве сумњам храна да носеле)
Одредени количини залихи беа пренесувани од загреб до сараево.
3 септември-соборен Италијански алениа G222, истиот соборен во Сараево-одговорност никоја страна нема преземено.Реакција на ова имаше од USAF од 3 октомври наредните 3 години секој транспортен авион и хеликоптер беше соодветно заштитен со одбрана од ракети но и придружба-најчесто американски француски и германски авиони.

За време на овие три години беа соборени околу 200 ЈНА летала најчесто од Ф-15(истиот го нарекуваат МИГ килер-има извештаи дека денешните модификации со нови радари ќе го направат уште подобар)

Но 50 НАТО авиони беа погодени од ПА артилерија и Стрела системи,но ниту еден не е соборен.


24 март британски SeA KING HC4 и француски СА330 пума прелетаа над сребреница,беа погодени но не и соборени мислам дека принудно слетаа во северна босна,имаше повредени неколку ООН лица.

12 април 1993 започнува операцијата Deny Flight со цел патролирање врз босна за да се спречат евентуални напади помеѓу срби,четници хрвати,муџахедини марсовци.....:wink:

5 февруари 1944 Црните витези USAF, посебно пилотот херој(чиј идентитет се криеше)-Капетан Bob Wright истиот забележа напад од минофрлач врз пазарот во сараево.

Интересна битка имаше на 24 фебуруари 1994,имено НАТО АВАКС забележа 6 летала кои летаа кон бања лука(истите беа предупредени од аваксот да се вратат но игнорираа),всушност беа СОКО Г-2 wright и капетанот Scot O'Gradly беа пратени да ги пресретнат леталата и да ги предупредат,но србите бомбардираа фабрика за оружје во Нови Травник,по што Горенаведените пилоти побараа дозвола од центарот во винченца-дозвола добија,после бомбардирањето србите обидувајќи се да го избегнат радар-ја намалија висината на летање и се упатија но џабе,имено wright во 5:45 лансираше АИМ-120 АМРААМ(Advanced Medium Air To Air Missile)кој го погоди галебчето,потоа кон останатите два авиона беа лансирани 2 ракети АИМ-9 кои ги погодија целите,според пилотите не забележале еџектирање..авионите буквално биле фајрбал во воздух:toe:понатаму Ф-16 ките се повлекоа на дополнување гориво од Боинг KCR-135R.

Но истовремено беа испратени уште еден пар Ф-16ки Knight25 и 26
кои по инструкции од авакс успеаа да ги пресретнат останатите српски авиони Knight 25 успеа да собори уште еден авион со АИМ-9,останатите србски авиони веќе успејаа да излезат од босанскиот воздушен простор,па поради тоа не беа нападнати-истите слетаа во удбина.

Не помина подолго време француски авион etendard4 беше соборен од ракета со инфра наведување,а исто така и британски SEA Harrier FRS.(ова беше во горазд каде и Ф-16 бомбардираше србски тенкови со Мк-82,а потоа и Ф-18ки извршија напад.

1995 хрватите употребија МИ-8 за транспорт на специјалци behind enemy lines а и МИГ21.

Овде србите изгубија 2 авиони-врз хрватски воздушен простор.

Исто така и србската САМ претрпе загуби,имено Ф-18,Ф16 имаа за цел да ја онеспособат и уништат србскта САМ беа користени АГМ-88 и ласерски наведувани бомби-резултат 15 погодоци,меѓу кои комуникациски центри,радари,САМ батерии и командни центри.

Понатаму во сараево американски А10 и холоандски Ф16(после уништувањето на СА6 батерии како и онеспособувањето на српската САМ) извршија напад врз српски тенкови,артилериски позиции-но по барање на ООН,воглавно беа користени МАВЕРИК,а цел беа и магацините за муниција на србите.:coffee:

Понатаму следуваа уште напади,врз мостови понатаму српските позиции околу сараево...



Југославија 1998-2000


Не би мешал политика...уствари ова е свет-случувања и авијација:tapp::tapp:(иххх забегав пишејќи...оверхитуван сум:pos2::pos:):vozbud:

Покрај надчовечките напори на Холбрук кој со сите сили се трудеше да најде мирно решение,патувајќи Белград-Приштина,секоја чест за холбрук-респект,интересна забелешка е што кога на милошевоч му соопштил дека НАТО планира напад овој се изнасмеал-може бил сигурен во мајчица русија(П.С имаше 4 руски подморници во јадранот меѓу кои беше и курск:()
После неуспехот на преговорите во Париз беше јасно-мора да се спречи евентуален геноцид.(дали ќе имало или не геноцид и без интервенција на НАТО не се знае..тоа е друга алтернативна реалност:wink: мислам можеби србите ќе се бореа само против УЧК без притоа да убиваат цивили-затоа болдирав евентуален).

Додека НАТО се засилуваше неколку стелтови Ф-117А беа пратени во авиано. а во меѓувреме Б-52 stratofortress вооружени со крстосувачки ракети пристигнаа во во англија конкретно во Fairford.
(србите знаеа за ова-...руски извори..ама пусти национализам-негативен...позитивниот е дефиниран како сакање на својата нација,ценење на истата и давање придонес кон истата,но НЕ и наштетување или омраза кон другите Т.Е без етноцентризам)
Во Југославија беше првиот верувам би се сложиле.

Понатаму во авиано пристигнаа груман ЕА-6Б,25 КС-135 танкери и 4 дагласови КС-101А(Ова се исто така танкери)...И така се роди Армада од 250 НАТО авиони(турски,германски,холандски,САД..).

Се разбира пред акцијата следуваше собирање на информации,сателитско набљудување,а и би го спомнал Кумановскиот KVCK(ksovo Verification Centre Kumanovo) истиот работеше на собирање податоци,а од тетовско беше лансирана германска Шпион ракета.

Се разбира по неуспехот на преговорите операцијата Allied Force имаше три цели.

1.Деградација на Југословендката САМ одбрана.
2.Напад на Војската во косово и цела југославија.како и парамилитаристички формации.
3.Напад на логистички цели(фабрики,магацини за оружје...),патната инфраструктура(supply
routes)-ова оправдува бомбардирање мостови како легитимна цел.

Алијансата веруваше дека милошевиќ ќе попушти после неколку дневно бомбардирање(дури беа обележани специјални мети).

Се излажаа па така нападот започна во 20 часот
кога беа лансирани околу 10 крстосувачки ракети од Б-52 понатаму беша лансирани исто така и од бродови(остатокот) беа уништени 23 САМ системи.
Интересно е што сепак 1 САМ сеуште не беше целосно онеспособен па беа пратени холандски Ф-16 и Американски Ф-15 да ја довршат работата,во меѓувреме АВАКС забележа 3 МИГ29 кои имаа јасна цел,истите беа нападнати од НАТО-овци-резултат-3 МИГУЈАНИ соборени,2 од Ф-15 и еден од холандскиот Ф-16.

Нато немаше тешкотии околу САМ одбраната,туку проблемот беше со војската,тенковите...иако имаше погодоци сепак недоволно.

Но интересно првите денови од акцијата константно патролираа Ф-15 во македонија,босна бидејќи НАТО-вци се мислеа ќе има напад,МИГ-29 исто така беше соборен во босна од Ф-15 пилот...преживеан и вратен во Југославија преку босанските срби.

Интересно Британците бараа и заштита на петровец.

Нато силите најмногу користеа ласерско и оптичко наведување,па тоа објаснува зошто во првите 8 дена пола од мисиите беа откажани,имено времето е фактор кој влијае врз прецизноста на оваков тип наведувани оружја-од истата причина имаше додатни откажувања на мисии.

Без сомнение покрај Ф-16 ката соборена на 27/28 март НАТО претрпе загуба,имено беше соборен Ф-117А, истиот е соборен од СА3 нева,а на остатокот се приметуваат погодоци,најверојатно од фрагменти,од ракетата.

(материјалот беше пратен во русија,а во меѓувреме кина очајно се обидува да ги добие резултатите од руската анализа на стелтот-Иако B-2 во никој случај не е под закана и ден денес,бидејќи користи други композитни материјали,а и има посебен слој кој апсорбира радарски бранови а и инфраред одразот е минимизиран бидејќи погонот има систем за ладење-но затоа пак истиот бара посебен хангар со посебна температура...за слојот кој апсорбира бранови-Според многумина слојот е хлорофлуоросулфолна киселина-затоа и бара посебна температура...композитните материјали не реагираат со истата,но има инфо дека кај други Б-2 оваа киселина е заменета со подобар слој...но сепак тоа е строго доверливо:toe:)Б-2 го спомнав бидејќи беше изненадување,имено никој не очекуваше дека истиот ќе биде употребен.
A more radical approach is to eliminate the tail completely, as in the B-2 Spirit. In addition to altering the tail, stealth design must bury the engines within the wing or fuselage, or in some cases where stealth is applied to an existing aircraft, install baffles in the air intakes, so that the turbine blades are not visible to radar.









Во мај алијансата имаше дури 912 авиони.

Со цел уништување на Ѕу армијата во косово,покраината беше поделена на т.н kill box секоја од нив со посебни мети,и авиони+наоружување.

Интересно е што бил употребуван белфосфор за маркирање на метите па понатаму нивно ракетирање или бомбардирање.
Сепак околу 50% од српската војска се криеше по фабрики(тенкови оклопни возила)-артилеријата беше добро камуфлирана а и лошото време предизвика мала доза на сомнеж-ОПРАВДАНО...НО за криењето тенкови по фабрики села,болници-НЕОПРАВДАНО.

ФАКТ=Ју војската и покрај бомбардирањето на косово и загубите сепак беше мобилна и оперативна-исто како да нема бомбардирање-тоа е резултат на добрата пасивна одбрана,и кукавичкото криење тенкови по села,болници хали....
 
S

smart ass

Гостин
Интересна тактика користеа Америте, имено каде што имаше СА3 САМ и СА6 америте праќаа жртва-беспилотно летало.а потоа вистинскиот ловец лансира ХАРМ и толку е од САМ системот.

Во мај речиси 70% од САМ системите на ЈУ силите беа оштетени/уништени-а остатокот намерно беше неактивен-што предизвика конфузија кај НАТО пилотите-истите репортираа дека нема САМ активност и им било сомнително па барале дозвола за откажување на мисијата-нормално параноја фрка-србите тука паметно изиграа мачка и глушец во овој случај ги надитрија најнапредните технологии.:pos2:

Ноќта 2 мај после успешен напад на САМ Ф-16 е погоден од ракета која се детонирала близински т.е (proxymity metod)

maydey maydey maydey се слушна :vozbud:

Британски UAV феникс сними единаесет МИГ-21 како излеваат од подземниот аеродром и се упатуваат кон србија(ова по потпишувањето на МИР. од милошевиќ)

Потоа од македонија со чинок беа транспортирани британски единици на косово(паралелно и копнено-знаеме македонија беше алфа и омега на НАТО од логистички аспект.

Понатаму има детали поединечно за учеството на франција,канада..и останатите 13 членки но нема нешто важно од авијациските битки.


П.С ова оти надминав над 13000 карактери...лол мислев еден карактер сум:wink:
 

Eisenhorn

Lord Inquisitor
Член од
6 мај 2009
Мислења
4.112
Поени од реакции
9.483
Многу е за цитирање али интересна тема иако нема некои воздушни битки над Балканот.

Е сега во твојот инаку добар пост има неколку нејаснотии. Јас вака ке пробам да ги разложам па како кој му текнува нека додава. Ако не сум кажал до сега обожавам историја, авијација и историја на авијацијата:vozbud:

1. Маверикот колку што знам од Југословенските авиони можеше само Орао и Г4 Супер Галеб да го носат, проектирани се ви бивша Југа и имаат (некои) софтвер и хардвер за носење и испалување на истиот така што не верувам Миговите да го испалиле. Лично мислам дека е Орао, ако воопшто испалил, зошто во салата каде демек бил директниот погодок во палатата имаше неколку пукнатини на зидовите, скршени стакла а лустерите беа „паднати“ на работните бироа без да се скршат, без да ги изгребат истите (лакирани бироа а масивни кристални лустери) и уште беа закачени со жици за плафонот, Маверикот е голема кучка со скоро 60 кила јак експлозив што та сала ке ја направел пуздер. Маверикот е користен од Орловите за гаѓање на командни центри и предаватели.

2. Бројката на соборени летала на ЈНА е горе доле точна (+/- пет-шест од френдли фајер:wink:)

3. во 95 ЈНА не постои, тоа е обрачун меѓу Хрватската војска и војска на РСК, со мала помош од НАТО кое ги гаѓа командните места и комуникациите на Србите пред нападот, а сега пиздат Хрватите зошто МПРИ даде неколку интервјуа како реклама во кои тврдат дека нивни (пензионирани Амерички) офицери ја испланирале и командувале операцијата со помош на поатоци добиени од сателит (лоби јеби га, им се може) и интелиџенс. Е сега знам дека МПРИ се моќни и се неофицијална рака на Америчката надворешна политика али маку е многу фалењето. Мислам дека Хрватска губи 2 Миг 21 од ПВО, едниот е пилотот со кацигата со тигрести шари покажана на ТВ али и двајцата се катапултираат.

4. „Мировниот“ Жабарски хеликоптер соборен од ЈНА пилотот Емир Шишиќ полетал неколку саати пред јавеното и договорено време, свесно го нарушил воздушниот простор (ЈНА уште постои, а Југославија е сеуште призната од Италија) и не се јавувал на повиците дека е во зона на борбени дејствија (од Унгарија со мали авиони се шверцувало оружје). Јадниот пилот одлежал пар години во Италија заради ова демек „злосторство“ а само следел ПС.

5. 200 авиони соборени во Босна? Да не е многу некако? Цела ЈНА имала 300, во Босна на Србите им останале околу 30 - 40. Америте ги признаваат 4-те галеби, и Босанците уште некој, така што оваа бројка од 200 е мноооогу голема, да не си грешка? Ако имало 300 пред војната, а Војска Југославије (не ЈНА) во 98 имала 155 некако ми е чудно, 40 кај Србите во Босна, нешто соборено или заробено, нешто повлечено од старост.......

6. 2-та Српски овиони изгубени во Хрватски воздушен простор, едниот е скинат од Србите (Галеб) несакајки и пилотот за малку ке го утепале кога го фатиле Срби али за среќа во новчаникот имал динари (и тоа не многу) па сконтеле дека е нивен, другиот мислам дека се вратил во база во Босна оштетен, во одделен случај еден Јастреб мислам дека е соборен од Хрватската ПВО. 2 Орли бомбардираат во Хрватска околу ова време и пратени се 2 Миг 21 (хрватски) да ги пресетнат али по некое маневрирање и двете страни се враќаат дома без испукан куршум.

7. ЈУ војската со јачина на чета (Не ЈНА) во 99 само во еден случај била стационирана во болница и тоа по наредба на својот офицер, кој имал ранети војници во истата болница, но без тенкови туку камиони и џипови. САМ батериите на Србите беа употребувани многу ретко од причина да не „навлечат“ акутен случај на ХАРМ, но периодичното палење/гасење иако не доведе до загуби кај НАТО ги натера да летаат над 5км и да потепаат повеќе луќе како „колатерална штета“ него Српски војници (350 војници и 320 полицајци се загубите на комплетната војна од 98 - 99 од кои пола УЧК ги утепал) а начинот на маскирање на Србите (јебига проучиле од братучедите во Босна како НАТО лупа) доведува до само 13 уништени тенкови, 20-на возила, 7-8 оклопни транспортери. Како што велиш методите за маскирае и залажување биле инвентивни и успешни. Се сеќавате на Џејми Шеј кој секој ден наведуваше десетици тенкови и топови уништени се додека после 4-5 недели еден новинар му ги собра и му предоли дека до сега „уништиле“ двапати повеке тенкови отколку Србија имала. Неколку авиони на НАТО оштетени слетуваат на Петровец, Сараево и Загреб али пилототе се ОК.

8. НАТО во 99 има соборено барем 6 МИГ 29 (тебе ти се наведени 3). Еден летан од Владо Аризанов (Македонец) кој избегнал 3 ракети али не и четвртата, а еден од мајор Муртеши (косовски Албанец) кој јадниот со падобран паѓа во Косово и се пробива до Српските позиции, сега е во пенија како потполковник во Белград и не смее да се врати во Косово. Можно е еден МиГ да е соборен од Србите.

9. Во 99 Србите имале „дури“ 11 комада МиГ 29 кои летале, али само на 2 им работеле радарите заради неможност на одржување под санкции без увоз на делови, и на уште 3 им работеле системите за предупредување ако те нишани некој. Двата соборени над Босна не ни маневрирале оти не знаеле дека се на нишан. МиГ 21 не ни полетувале зошто се скоро антички. Орловите и Галебите имаат триесетина - четириесет борбени мисии за бомбардирање над Косово, летале ниско и се вратиле само со една загуба, при низок лет по бомбардирањето командантот на ескадрилата закачил брдо.

10. НАТО на почеток не ги бомбардирал аеродромите зошто сакале да ги тепаат Миг 29 и 21 во воздух и да ги тестираат новите подобрени АМРАМ (или како и да се пишуваа на кирилица) ракети, али 21-ите не полетувале а 29 немало многу па по бомбардирањата од Орловите и Галебите решаваат сепак да ги рокнат. Сепак во Приштина подземната база издржува и по крајот на војната 14 МиГ 21 полетуваат од таму зачудувајки ги сите „експерти“ кои мислеле дека базата е „сол направна“

11. Имало план неколку глеби и орлови во низок лет да го нападнат Петровец каде имало 20-на или повеќе НАТО хеликоптери, али неколку офицери од ВВС и еден генерал од војската го одговориле Слобо.

12. Заради состојбата на Српските мигови без делови и ремонт, истите не успеале да испалат ниту една ракета а камоли да погодат нешто, најголем „успех“ е еден пилот без радар кој 3 пати полетувал и три пати избегнувал по 4-5 ракети и се враќал во база жив и здрав.

ОК, кој како знае или дознае нешто нека додава. Иако мислам дека со вклучувањето на ПВО и загуби од истото името Авиациски Битки веке не е сто посто точно, подобро воздушни операции да биде пошто вака изгледа дека се однесува само на борби во воздух кои речиси и да ги немало, али како сака Смарт Ес.

Добра идеја сепак.
 
S

smart ass

Гостин
5. 200 авиони соборени во Босна?
Да да грешка е..јбг кога пишуваш тема над 13000 карактери:toe:

Иако мислам дека со вклучувањето на ПВО и загуби од истото името Авиациски Битки веке не е сто посто точно, подобро воздушни операции да биде пошто вака изгледа дека се однесува само на борби во воздух кои речиси и да ги немало, али како сака Смарт Ес.
Да одговара повеќе.

Инаку за маверикот

1. Маверикот колку што знам од Југословенските авиони можеше само Орао и Г4 Супер Галеб да го носат, проектирани се ви бивша Југа и имаат (некои) софтвер и хардвер за носење и испалување на истиот така што не верувам Миговите да го испалиле.

Јасно е дека Миг21 бил над загреб за 29-ката е претпоставка....Г-4,ништо чудно да е и он.

Ех?Само неколку?

Ех...учи и читај.

Ова е едукативно.

12. Заради состојбата на Српските мигови без делови и ремонт, истите не успеале да испалат ниту една ракета а камоли да погодат нешто, најголем „успех“ е еден пилот без радар кој 3 пати полетувал и три пати избегнувал по 4-5 ракети и се враќал во база жив и здрав.
Ова да не е тој што го соборија во босна од Ф-15 ка кој кукаше дека радарот не му работел...ако претходно избегнувал и тоа 3-4 пати како тоа сега па да го погодат...нејсе зошто полетувале
 
Член од
18 февруари 2008
Мислења
2.201
Поени од реакции
86
тоа е резултат на добрата пасивна одбрана,и кукавичкото криење тенкови по села,болници хали....
Исклучително поучно и полно со факти.Посебно делот со тенковите во болници.И јас сум чул дека во оперативните сали можело т-55 да собере само екипажите морале да ги сместат во ходниците.Секако т-72 морале да ги кријат на гинекологија.
 
S

smart ass

Гостин
Дефинитивно-биле криени-не за џабе метата е таа-значи се врши константно набљудување и се знае кое каде е...а во болниците нема само еден влез ако не сте знаеле,инаку за во и хирургија се се што спаѓа под филијаа..нарочито Р или С
 

Eisenhorn

Lord Inquisitor
Член од
6 мај 2009
Мислења
4.112
Поени од реакции
9.483
Да да грешка е..јбг кога пишуваш тема над 13000 карактери:toe:
Ништо страшно, се случува. А за Маверикот сега те сконтав, Миговите летале пратња а Г4 или Орао пукале (ако пукале како што кажав).

Ова да не е тој што го соборија во босна од Ф-15 ка кој кукаше дека радарот не му работел...ако претходно избегнувал и тоа 3-4 пати како тоа сега па да го погодат...нејсе зошто полетувале
Не, двајцата над Босна не ги ни виделе. Воџа на парот бил тој со исправниот радар, али му откажува со уште некој системи по полетување и тука ги рушат и двајцата.

Типот со избегнатите ракети исто без радар полетува али системот за предупредување не е поврзан со радарот, инструментите се посебни и поиздржливи, иако после 10 години санкции без нови делови за редовна замена исто им се фаќа.

А имале и недоразбирања со дел од контролорите на земја (ги викаат кобасичари, зошто некои се ставени политички од Слобо за да зимаат плата и да ги надгледуваат воздухопловците) кои често не ги земале во превид советите и забелешките на пилотите, на пример дека со два авиона во воздух не правиш ништо освен што си мета и слично.

Има емисија „нико није рекао нечу“ во која зборат пилотите.

А она за криењето по болници, е само една инстанца, кога како што кажав една чета се сместува во болница каде имаат неколку ранети другари. Болницата е во Белград и никаква тајна не било дека има камиони и по некој џип таму и се тоа без некое криење, во центар на Белград е и секој можел да ги види, не мислеле дека нешто страшно е пошто не криеле САМ ракети во болницата. Е сега точно, од чисто технички аспект на војните правила не требале ни еден војник да имаат таму зошто ако има еден наоружан војник тоа се рачуна воен објект и НАТО ја рока болницата и гинат 3-4 војници и дузина цивили и деца.
 
S

smart ass

Гостин
Јеах...туку ако не се лажам треба да има во белград моментално Ирачки МИГ-33
..имаш инфо дали тие се вратени,или ќе бидат вратени..мислам над 15 21-ци беа исто така пратени,

Оти имаше посета на Ирачка делегација скоро...во белград,изгледа ги бараат назад.

Читај подоле..Садам:vozbud:

Iraq has fired 51 Scud missiles, 26 at Saudi Arabia and 25 at Israel, as of tonight, according to the general's figures. The allies say they have damaged 16 mobile Scud missile launchers and may have damaged three more on Saturday night in eastern Iraq. Scud Numbers Uncert
Исто и околу 80 ирачки летала беа пратени во иран...пред војната за да бидат заштитени...ама тешко дека ќе ги врати Иран.

али 23-ката би требало србите да ја вратат.

А имале и недоразбирања со дел од контролорите на земја (ги викаат кобасичари, зошто некои се ставени политички од Слобо за да зимаат плата и да ги надгледуваат воздухопловците) кои често не ги земале во превид советите и забелешките на пилотите, на пример дека со два авиона во воздух не правиш ништо освен што си мета и слично.
Епа тука е проблемот,србија не требаше во 98 да ризукува да губи...барем 29ките,ама тоа е насила убавина не бидува.

Сепак Г-4 биле функционални,а и по некоја 21ца...Ирак праќаше авиони оштетени за ремонт во тогашна Југославија-зборам за периодот додека садам ги тепаше иранците..80-89..
 

Eisenhorn

Lord Inquisitor
Член од
6 мај 2009
Мислења
4.112
Поени од реакции
9.483
Има мислам 8-9 МиГ 23 и дузина 21. Таму останале кога се пратени на ремонт, за време на СФРЈ но по војната во заливот во 91 остануваат во Југа заради ембаргото. Еден 23 беше во музејот на воздухопловството на Белградскиот аеродром (АКО НЕ СИ БИЛ МОРА ДА ИДЕШ, МиГ, Галеб, Орао, Јак, Спитфајер, Месершмит, Ил2, Тандерболт, Сејбр......... и тон други) али сега го тргнаа.

Србија моментално прави големи дилови со Ирак, им шитка оружје и муниција како и панцири и шлемови. Исто така го отпиша долгот на Ирак а се за цел за затоплување на односите и нови дилови (сега сакаат за градежништво) а авионите мислам дека изјавија дека ке ги вратат, Ирачки се, не летаат Србите на такви (дури и 21-те се друг тип) и ќе биде сигурно упакувано во нов дил за нафта/оружје/градење.

А за 98/99 јебига...што да не ризикува? Од нивна гледна точка НАТО им кажа да го дадат Косово ор елс. И би елс. По мене воопшто не требало да полетуваат авионите освен Г4 и Орао кога треба да се бомбардира нешто онака летајки ниско како што летале, а ловците чувај ги за во случај на копнен напад кога ке мора да ги бранат бомбардерите што теоретски би ги напаѓале НАТО колоните. Секако ловците ке биле изгубени брзо али дур ги тепаат нив овие можеле да ја тепаат колоната. А МиГ 21 како и 29 биле без делови 10 години, тешко нешто да направат освен како што кажав ако не полетаат цела ескадрила али ке награбусат така и они. Г4 и Орао не се ловци.

Нормално, НАТО немал ни најмала намера да упаѓа копнено и затоа на крај ги рокаат мостовите, фабриките, и други објекти потребни за живот на државата пошто од воздух не можеле да ја уништат војската а копнено не сакале.

Инаку стратегијата на Србија во 99 е заснована во добар дел на СФРЈ стратегијата на ОНО во случај да има напад од Варшавски или Нато пакт. Се рачунало дека во случај на општа војна и напад за окупирање на СФРЈ, оклопно механизираните единици на ЈНА ке бидат уништени за 7 дена, а ловечката авијација за 30 дена. Но тоа е доволно да се направи општа мобилизација и да се почне го масовна (општонародна) партизанска војна, затоа се и авионите крагуј и Г2 кои слетуваат и полетуваат од тревната површина исе всушност лесни јуришници (партизански авиони).
 
S

smart ass

Гостин
Ма они шиткаа оружје и за време на санкциите од 90+...туку за музејов вреди за Јаковлев,и за месершмитот да се отиде,инаку на чело на делегацијата ирачка имало и генерал.

Градежништво ќе фатат...туку дали Иран ќе го врати тоа што теба-а тоа е главнината од ирачката авијација...али тука сумњам...начисто.
Иако Иран е обврзан,а дел има и во кина.

П.С новиве Миг-29 се Ок сега што ги модифицираа србиве...која боја ја одбрале...маестрално.

Енивеј интересно за забелешка е дека во 70-тите кога на Југославија и беа испорачани првите Микојан21...САД одма ставија бан за извоз на оружје кон југославија...за потоа нецели 2 недели истиот да биде повлечен-ОВА е ЕДИНСТВЕН СЛУЧАЈ САД ТАКА БРЗО ДА ПРОМЕНИ ОДЛУКА од ваков тип.

(дури и 21-те се друг тип) и ќе биде сигурно упакувано во нов дил за нафта/оружје/градење.
Повеќе ќе биде за нафта и градење.. и ирачаните се добри за оружје...вавилонецот...добар мод на 72-ката,ама сепак за панцири,и пешадиско вооружување застава се ОК...ама лично мислам дека Израелскиот Галил е маестрална комбинација од Исток и Запад+Израелска технологија=Бинго.

Ама тешко тоа за ирак...за нашиве добар би бил,нејсе тоа е друга тема.


Од нивна гледна точка НАТО им кажа да го дадат Косово ор елс. И би елс.
Да ама зошто им онеспособија,петрохемија,енергетски систем,инфраструктура,добар дел од САМ системите...требаше милошевиќ да поигра малце подипломатски-кутриот свати дека не ја бива дури по најжестокото бомбардирање-кога белград остана без струја..
 

Eisenhorn

Lord Inquisitor
Член од
6 мај 2009
Мислења
4.112
Поени од реакции
9.483
Не сум сигурен али мислам дека Иран кажа дека не ги враќа авионите. Нешто како отштета за Ирачко-Иранската војна. Али ова морам да го проверам.

А за Злобо, нема тука дипломатија. Јасно беше дека ке им го земат Косово, кристално јасно. И во Рамбује такви беа и условите, Србите се сложиле со сите услови освен еден - НАТО да има непречен пристап на цела територија на СЦГ, да решава каде и колку ке гради на територија на СЦГ, да користи струја и вода колку сака и по која цена ке одреди НАТО на територија на СЦГ, да решава кого и кога ке апси на територија на СЦГ и секако да не одговара пред судовите во СЦГ - или со други зборови окупација. Едноставно сакаа да ја бомбардираат Србија и тоа го направија.

Него да се вратиме на воздушните операции, нашите кои мисии ги имаа? ОК знам дека е по 2000 али е 2001 а на Балкан и така не сме многу точни и се после рок правиме:pos2:.

Пред се ме интересира за СУ25, дали имаа некоја побитна мисија или за џабе ги купивме за да земат Љубе и Љубчо провизија? За Ми24 знам дека се покажале супер али за авионите ме интересира.
 
S

smart ass

Гостин
Еве за МИ-24 и МИ-17-патем соседиве наши покажале интерес за иста модификација...а израелците Го нарекле МИ-24 Мацедониан модел:vozbud:

On April 1st, Macedonian Air Force and Air Defence Force (Makedonsko Voeno Vozduhoplovstvo i Protivvozdusna Odbrana or VV i PVO) for the first time officially demonstrated its two Mi-17 and two Mi-24V helicopters that have been upgraded with Aviators Night Vision Head-Up Display (ANVIS/HUD) System by Elbit Systems of Israel. The helicopters involved in the modernization that enables NATO-compatible night-flying operations are Mi-17 Hip-Hs serialed VAM-302 and VAM-303 that are operational with the 301 Transport Helicopter Squadron (301 Transporten Helikopterski Skvadron) and Mi-24V Hind-Es serialed 209 and 210 that are operational with the 201 Combat Helicopter Squadron (201. Borben Helikopterski Skvadron).

The process of serious preparing of Macedonias Air Force for contributing to NATO operations has been initiated in December 2003 when Macedonian Government awarded Elbit Systems of Israel with a US 2 million contract for limited (first-stage) upgrade of two Mi-17 and two Mi-24V helicopters. The upgrade of selected helicopters started at Petrovec air base, near Skopje, in February 2004 and was completed some eight months later. All four aircraft involved in this modernization are now again operational and have redesigned cockpit layout, adopted for night vision goggle (NVG) operations, and are also equipped with ANVIS/HUD System. By equipping its aircraft with ANVIS/HUDs, Macedonian Air Force become one of a very few operators of Night-operation Mi-17 and Mi-24 helicopters worldwide, even before Air Forces of NATO-member countries Poland, the Czech Republic, Hungary and Bulgaria.

Macedonian Air Force used June 10th celebration of its 17th anniversary to reveal one of its two Mi-24V helicopters ultimately upgraded by Elbit Systems of Israel under a complex upgrade project, code-named "Alexander".
Macedonian Air Force (Makedonsko Voeno Vozduhoplovstvo) used June 10th celebration of its 17th anniversary to reveal one of its two Mi-24V helicopters ultimately upgraded by Elbit Systems of Israel under a complex upgrade project, code-named "Alexander". Shown in the static at Petrovec air force base, near Skopje, was Mi-24V Hind-E "MAF-201" (c/n 20127) while the other upgraded aircraft, "MAF-205" (c/n 19977), remained far from public eyes in one of air base hangars.

Under "Alexander", an upgrade that was performed without involvement of Russian Mi-24 design bureau and manufacturer, the two 1984-produced Macedonian helicopters got their cockpits, cargo cabins and external lightings adopted for night vision goggle (NVG) operations, and were also equipped with day/night ANVIS/HUD-24 system that combines the image of AN/AVS-9 NVGs with vital aircraft flight and navigation data (including computer-generated graphics), providing that way an ultimate head-out flight solution to pilots and enhancing flight safety, tactical survivability and situational awareness. Integrated with the ANVIS/HUD-24 system is a newly installed Line-of-Sight system that significantly improves and increases the coordination between pilots. Macedonian helicopters are also equipped with modern GPS, VOR, ILS and DME navigation equipment, Rockwell Collins Talon RT-8200 V/UHF radio stations as well as with ATE-produced IFF systems with full characteristics for military application. All communication, navigation, and identification systems are NATO/ICAO-compatible and have been linked by MIL-STD-1553 digital databus. The "MAF-201" and "MAF-205" are also equipped with HELICOM digital integrated command, control, communication and mission management systems designed to provide crew members with accurate data communications and transmissions, real-time tactical picture and digital moving map for enhanced situational awareness. The most advanced peace of equipment installed on two Macedonian Mi-24Vs, however, is ElOp-produced third-generation compact multi-purpose advanced stabilized system (COMPASS) equiped with thermal imaging, color TV camera with continous zoom, eyesafe laser rangefinder and advanced automatic tracker. The electro-optical payload is positioned on the port side, imediately under the front cockpit that accomodates weapon system operator, and is integrated with the gun turret, Line-of-Sight system and multifunctional displays, that way enabling virtually unlimited 24-hour capabilities to upgraded helicopters.

The "Alexander" upgrade resulted with significant changes in the cockpits of modernized Mi-24V helicopters. Each cockpit got two 6in x 8in (15cm x 20 cm) color display, one of which is multi functional touch display (MFTD). The front cockpit on each helicopter was extensively modified and now features a mission grip for simultaneous manipulation with both electro-optical payload and gun turret. The gun turret can also be slave by weapon system operator to his helmet i.e. the 12,7mm gun can me aimed by simple looking at the target. The necessery weight savings was achieved by removing all sub-systems of 9K113 Shturm (AT-6 Spiral) anti-tank guided missile system as well as by entire removal of heavy and rarely used system for automatic bombardment. This leaved "MAF-201" and "MAF-205" short of possibility for use of guided anti-tank missiles and resulted with notable removal of launchers for anti-tank missiles from their wings. In terms of available weapons, Macedonian helicopters will, however, keep relying on improved day/night aiming and guidance when using gun, unguided rockets and bombs.

"Alexander"-upgraded Mi-24s have been generally overhauled and repainted at the Ukrainian state enterprise AVIAKON Konotop Aircraft Repair Plant in August 2005 and serve within Petrovec-based Combat Helicopter Squadron "Night Thunders" (Borben Helikopterski Skvadron - BHS, "Nokjni Molnji") that operates a fleet of eight Mi-24Vs since October 2005. Initially, this unit was equipped with 12 Hinds (10 Mi-24V Hind-E, serials 201-210; and two Mi-24K Hind-G2, "211" and "212") procured second-hand from Ukraine.
 

Eisenhorn

Lord Inquisitor
Член од
6 мај 2009
Мислења
4.112
Поени од реакции
9.483
Вери најс, вери најс. Али има ли нешто за 2001? За Ми24 и Су25. Ги тргнале противтенковските проектили а? Очиглендо е дека овие модернизираните се наменети за против терористички дејства и против герилски акции, и дека не се очекува судир со противник наоружан со тенкови.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom