Почитувани досега не забележав тема слична на оваа освен еве за соборувањето на стелтот,кое беше дискутирано и на повеќе теми воедно и вон подфорумот авијација.
Па да започнам со елаборирање на инфо од мојата архива.
Во истиот подфорум има и тема САМ,но конкретно темава се надевам ќе даде добра основа за дискусија.
Имено ќе почнеме од почетокот,после прогласувањето на независност од страна на словенците ЈНА реагираше.
Сепак овде е првата жртва на 27 јуни беше соборен СА-341 Gazzele од страна на словенците,истиот експлодира во воздух,погоден од СА-7 стрела.
Ова е прво летало соборено во воената разврска на екс југославиа
Да летнеме малце накај хрватска во која имаше војна против хрватите и србите-фронтот беше околу 1600 километри .Но да се вратам на авијацијата,имено 7 октомври-воздушен напад врз загреб,при истиот беше лансиран АГМ-65 маверик прецизно наведуван,кој ја погоди претседателската палата во загреб-интересно според некои авионот кој го извршил нападот е миг 21,но мое лично мислење е дека станува збор за МИГ-29(ЈНА купуваше маверик од УСА).
Инаку 46 летала беа соборени на ЈНА во хрватска.
Интересно 7 јануари 1992 ЈНА собори Италијански Bell-agusta 205 кој патем имаше мониторинг мисија-истиот беше соборен од MIG-21 во хрватска се случи овој "инцидент" хеликоптерот беше невооружан,а имаше бела боја-Peace-мисијата на хеликоптерот како што кажав беше мониторинг под закрила на Europian community monitoring mission.
Хрватите немаа доволно авијација да се спротистават(1992) бидејќи авионите беа веќе во србија и дел во босна,но потоа неколку хрватски пилоти пребегаа со своите мигови,а им останаа и неколку МИ 8..и др хеликоптери.
Само би забележал дека за време на балканскиот сталинград-вуковар хрватите употребија АН-2 за залихи,но потоа истиот "бомбардираше"
со импровизирани авио-бомби поставени во тн oil drums-забелешка-ова е првиот хрватски мод откако хрватска стана независна и тоа рачно
договор за мир беше потпишан под притисок на САД и ООН во 1992,но сепак србите држеа под контрола 30% хрватска територија-затоа договорот едвај беше потпишан.
НО,овој т.н МИР Хрватска го искористи за да се спреми за "големата магија"-имено беа околу 20 МИГ-21,40МИ-8,и според мене најдобрата машина 15 МИ-24
се тврди дека биле купени 15-сетте 24-ки од блек маркет. Исто така Хрватите ја прилагодија домашната индустрија колку толку да помага на авијацијата,а и набавија и UAV.
1995-јасно е. СТОРМ операцијата,каде ЈНА експертите беа пуздер направени.
БОСНА и ХЕРЦЕГОВИНА
Овде се знае дека парамилитаристичките четници беа вооружени од ЈНА и прогласената независна република Српска,босанците немаа авијација,но сепак успеаа да Набават МИ-8 од источно европските земји кој ги потпомагаше муслиманите(П.С сараево...се шпекулира дека имало подземен тунел ископан од муслиманите...за снабдување со оружје храна..).
НАТО присуството-беа присутни Бродови на алијансата а и добриот боинг Е-3А набљудуваше како би известил за евентуален напад врз алијансата.
Важно е да се забележи дека залихи со храна беа испорачувани во сараево од страна на франција,белгија,британија,грција,турција...па дури и Сауди арабија(за последниве сумњам храна да носеле)
Одредени количини залихи беа пренесувани од загреб до сараево.
3 септември-соборен Италијански алениа G222, истиот соборен во Сараево-одговорност никоја страна нема преземено.Реакција на ова имаше од USAF од 3 октомври наредните 3 години секој транспортен авион и хеликоптер беше соодветно заштитен со одбрана од ракети но и придружба-најчесто американски француски и германски авиони.
За време на овие три години
беа соборени околу 200 ЈНА летала најчесто од Ф-15(истиот го нарекуваат МИГ килер-има извештаи дека денешните модификации со нови радари ќе го направат уште подобар)
Но 50 НАТО авиони беа погодени од ПА артилерија и Стрела системи,но ниту еден не е соборен.
24 март британски SeA KING HC4 и француски СА330 пума прелетаа над сребреница,беа погодени но не и соборени мислам дека принудно слетаа во северна босна,имаше повредени неколку ООН лица.
12 април 1993 започнува операцијата Deny Flight со цел патролирање врз босна за да се спречат евентуални напади помеѓу срби,четници хрвати,муџахедини марсовци.....:wink:
5 февруари 1944 Црните витези USAF, посебно пилотот херој(чиј идентитет се криеше)-Капетан Bob Wright истиот забележа напад од минофрлач врз пазарот во сараево.
Интересна битка имаше на 24 фебуруари 1994,имено НАТО АВАКС забележа 6 летала кои летаа кон бања лука(истите беа предупредени од аваксот да се вратат но игнорираа),всушност беа СОКО Г-2 wright и капетанот Scot O'Gradly беа пратени да ги пресретнат леталата и да ги предупредат,но србите бомбардираа фабрика за оружје во Нови Травник,по што Горенаведените пилоти побараа дозвола од центарот во винченца-дозвола добија,после бомбардирањето србите обидувајќи се да го избегнат радар-ја намалија висината на летање и се упатија но џабе,имено wright во 5:45 лансираше АИМ-120 АМРААМ(Advanced Medium Air To Air Missile)кој го погоди галебчето,потоа кон останатите два авиона беа лансирани 2 ракети АИМ-9 кои ги погодија целите,според пилотите не забележале еџектирање..авионите буквално биле фајрбал во воздух
понатаму Ф-16 ките се повлекоа на дополнување гориво од Боинг KCR-135R.
Но истовремено беа испратени уште еден пар Ф-16ки Knight25 и 26
кои по инструкции од авакс успеаа да ги пресретнат останатите српски авиони Knight 25 успеа да собори уште еден авион со АИМ-9,останатите србски авиони веќе успејаа да излезат од босанскиот воздушен простор,па поради тоа не беа нападнати-истите слетаа во удбина.
Не помина подолго време француски авион etendard4 беше соборен од ракета со инфра наведување,а исто така и британски SEA Harrier FRS.(ова беше во горазд каде и Ф-16 бомбардираше србски тенкови со Мк-82,а потоа и Ф-18ки извршија напад.
1995 хрватите употребија МИ-8 за транспорт на специјалци behind enemy lines а и МИГ21.
Овде србите изгубија 2 авиони-врз хрватски воздушен простор.
Исто така и србската САМ претрпе загуби,имено Ф-18,Ф16 имаа за цел да ја онеспособат и уништат србскта САМ беа користени АГМ-88 и ласерски наведувани бомби-резултат 15 погодоци,меѓу кои комуникациски центри,радари,САМ батерии и командни центри.
Понатаму во сараево американски А10 и холоандски Ф16(после уништувањето на СА6 батерии како и онеспособувањето на српската САМ) извршија напад врз српски тенкови,артилериски позиции-но по барање на ООН,воглавно беа користени МАВЕРИК,а цел беа и магацините за муниција на србите.
Понатаму следуваа уште напади,врз мостови понатаму српските позиции околу сараево...
Југославија 1998-2000
Не би мешал политика...уствари ова е свет-случувања и авијација
(иххх забегав пишејќи...оверхитуван сум:pos2:
)
Покрај надчовечките напори на Холбрук кој со сите сили се трудеше да најде мирно решение,патувајќи Белград-Приштина,секоја чест за холбрук-респект,интересна забелешка е што кога на милошевоч му соопштил дека НАТО планира напад овој се изнасмеал-може бил сигурен во мајчица русија(П.С имаше 4 руски подморници во јадранот меѓу кои беше и курск
)
После неуспехот на преговорите во Париз беше јасно-мора да се спречи
евентуален геноцид.(дали ќе имало или не геноцид и без интервенција на НАТО не се знае..тоа е друга алтернативна реалност:wink: мислам можеби србите ќе се бореа само против УЧК без притоа да убиваат цивили-затоа болдирав евентуален).
Додека НАТО се засилуваше неколку стелтови Ф-117А беа пратени во авиано. а во меѓувреме Б-52 stratofortress вооружени со крстосувачки ракети пристигнаа во во англија конкретно во Fairford.
(србите знаеа за ова-...руски извори..ама пусти национализам-негативен...позитивниот е дефиниран како сакање на својата нација,ценење на истата и давање придонес кон истата,но НЕ и наштетување или омраза кон другите Т.Е без етноцентризам)
Во Југославија беше првиот верувам би се сложиле.
Понатаму во авиано пристигнаа груман ЕА-6Б,25 КС-135 танкери и 4 дагласови КС-101А(Ова се исто така танкери)...И така се роди Армада од 250 НАТО авиони(турски,германски,холандски,САД..).
Се разбира пред акцијата следуваше собирање на информации,сателитско набљудување,а и би го спомнал Кумановскиот KVCK(ksovo Verification Centre Kumanovo) истиот работеше на собирање податоци,а од тетовско беше лансирана германска Шпион ракета.
Се разбира по неуспехот на преговорите операцијата Allied Force имаше три цели.
1.Деградација на Југословендката САМ одбрана.
2.Напад на Војската во косово и цела југославија.како и парамилитаристички формации.
3.
Напад на логистички цели(фабрики,магацини за оружје...),патната инфраструктура(supply
routes)-ова оправдува бомбардирање мостови како легитимна цел.
Алијансата веруваше дека милошевиќ ќе попушти после неколку дневно бомбардирање(дури беа обележани специјални мети).
Се излажаа па така нападот започна во 20 часот
кога беа лансирани околу 10 крстосувачки ракети од Б-52 понатаму беша лансирани исто така и од бродови(остатокот) беа уништени 23 САМ системи.
Интересно е што сепак 1 САМ сеуште не беше целосно онеспособен па беа пратени холандски Ф-16 и Американски Ф-15 да ја довршат работата,во меѓувреме АВАКС забележа 3 МИГ29 кои имаа јасна цел,истите беа нападнати од НАТО-овци-резултат-3 МИГУЈАНИ соборени,2 од Ф-15 и еден од холандскиот Ф-16.
Нато немаше тешкотии околу САМ одбраната,туку проблемот беше со војската,тенковите...иако имаше погодоци сепак недоволно.
Но интересно првите денови од акцијата константно патролираа Ф-15 во македонија,босна бидејќи НАТО-вци се мислеа ќе има напад,МИГ-29 исто така беше соборен во босна од Ф-15 пилот...преживеан и вратен во Југославија преку босанските срби.
Интересно Британците бараа и заштита на петровец.
Нато силите најмногу користеа ласерско и оптичко наведување,па тоа објаснува зошто во првите 8 дена пола од мисиите беа откажани,имено времето е фактор кој влијае врз прецизноста на оваков тип наведувани оружја-од истата причина имаше додатни откажувања на мисии.
Без сомнение покрај Ф-16 ката соборена на 27/28 март НАТО претрпе загуба,имено беше соборен Ф-117А, истиот е соборен од СА3 нева,а на остатокот се приметуваат погодоци,најверојатно од фрагменти,од ракетата.
(материјалот беше пратен во русија,а во меѓувреме кина очајно се обидува да ги добие резултатите од руската анализа на стелтот-Иако B-2 во никој случај не е под закана и ден денес,бидејќи користи други композитни материјали,а и има посебен слој кој апсорбира радарски бранови а и инфраред одразот е минимизиран бидејќи погонот има систем за ладење-но затоа пак истиот бара посебен хангар со посебна температура...за слојот кој апсорбира бранови-Според многумина слојот е хлорофлуоросулфолна киселина-затоа и бара посебна температура...композитните материјали не реагираат со истата,но има инфо дека кај други Б-2 оваа киселина е заменета со подобар слој...но сепак тоа е строго доверливо
)Б-2 го спомнав бидејќи беше изненадување,имено никој не очекуваше дека истиот ќе биде употребен.
Во мај алијансата имаше дури 912 авиони.
Со цел уништување на Ѕу армијата во косово,покраината беше поделена на т.н kill box секоја од нив со посебни мети,и авиони+наоружување.
Интересно е што бил употребуван белфосфор за маркирање на метите па понатаму нивно ракетирање или бомбардирање.
Сепак околу 50% од српската војска се криеше по фабрики(тенкови оклопни возила)-артилеријата беше добро камуфлирана а и лошото време предизвика мала доза на сомнеж-ОПРАВДАНО...НО за криењето тенкови по фабрики села,болници-НЕОПРАВДАНО.
ФАКТ=
Ју војската и покрај бомбардирањето на косово и загубите сепак беше мобилна и оперативна-исто како да нема бомбардирање-тоа е резултат на добрата пасивна одбрана,и кукавичкото криење тенкови по села,болници хали....