Пробав да не искоментирам, зашто самава тема кад тад ќе се претвори во кој попаметна работа ќе каже и кој е позгрозен од Велики Брат/поодушевен од Васко, ама не можам. Овој Васко Ефтов не знам во кој век живее, ама во која држава живее многу добро знам, за разлика од многу, многу луѓе.
Ако Васко Ефтов е дефиниција за македонскиот морал, менталитет и вредности, онда ја сум граѓанин на светот. Овие реални шоуа во светот во кој никој не се замара со луѓето надвор од нивниот круг на роднини и пријатели (па ни толку) опстојуваат 28 години, и тоа нормално, за оние што сакаат да учествуваат во нив, и оние кои самоволно ги гледаат.
Овде имаме сосема друг проблем, што во шупакот на светот каде што на луѓето ништо (убаво) не им се дешава, еден ваков феномен како реалните шоуа е премија. Како да ви го претставам тоа, а да не бидам погрешно сфатена. Сетете се на комшиката од 3-ти спрат. Просечна македонска домаќинка, осудена на работа на шалтер во државна служба, доаѓа дома, спрема мезе за мажот кого е осудена да го трпи (ако се разведе, што ќе каже комшиката), и додека во петок вечер горенаведениот сопруг се забавља по прчварници и на Ацо Пејович, дотичната домаќинка гледа Во Центар. Според нејзиниот медиокритет, токму во ликовите како Васко Ефтов лежи прогресот на општеството, тие се хероите на Македонија и тие ќе не спасат од девијации како Вики.
А сега, сетете се на дечкото од 5-ти спрат, кој чека да дипломира на некојси факултет и да почне да ги брка своите соништа. Него му е сосема сеедно за некоја си таму Вики што стенкала, и иако бројот на книги кои тој ги прочитал е неспоредлив со бројката на Вики, тој нема ни причина да спореди. Се додека неговото секојдневие не е засегнато, тој мирно спие и не се грижи што таа Вики прави на телевизија.
Поентата е: Васко Ефтов и таквите како него е што треба на некој начин да им бидат благодарни на појавите како Вики што постојат, затоа што напаѓајќи ги (и влегувајќи им во збор) пред очите на просечниот македонец, како во првиот пример изгледаат три до пет пати посупериорни отколку што навистина се. И додека мене, тебе и на уште неколку други Васко Ефтов им е припрост таксист што не користи гел за коса (поЗЗ до членот што го даде описот), за други он е херој на новото труло време.
И јас имав слично мислење, дека таквите појави се лоши за развојот на младината, и дека не треба да се третира како пролазна работа. Ама, откако видов дека постојат милијарда Васковци, што додека децата дома им гледаат Велики Брат, они го спашаваат светот, Велики Брат ми дојде као путкин дим. Едноставно е, да не беше Велики Брат, тие Васковци ќе останеа закопани длабоко во светот на небитното, и немаше да знаеме какви НЕ треба да бидеме.