Васко Ефтов vs. Вики Ралева, Големиот Брат и останатите "реални" шоуа и фејк личности

Статус
Затворена за нови мислења.

Zemzela

носител на титулата ултимативен клабер
Член од
19 јули 2006
Мислења
5.045
Поени од реакции
152
Емисијата беше добра,НО гостите беа од глуп поглуп...имаше ли некој бар малку со мозок на ВАско да му каже дека не живее за комшиите што ќе кажат туку за самите себеси,а кој колку постигнал во животот можеше да се види,изгледа само Васко е на дното на листата од овие,одиме со ред
...Вики без коментар онаква каква што беше,но можеби ова ќе ја направи поиздржлива како личност
...се разочарав од Тамара,ја мислев попаметна а она само се смееше ко зелка :tapp: можеше да му го плесне у фаца,но некако сите се воздржуваа,а незнам зашто :toe:
...татко и на Вики,либерален човек кој нешто постигнал во животот,за разлика од чичко Ефто којшто воден од неговите комунистичко-популистички сфаќања не става ни гел на косата и носи чешле во џебот од кошулата :tapp:
...Белов поголема зелка,само се смее иако тој како што кажаа беше со некоја музичка цел,но и цел цела МК да праќа пораки а Белград да лапа пари
...професорките :tapp::tapp::tapp: да не си им дома само ќе кажам
...и на крај Васко Ефтов,имаше некои добри моменти,но стилот се мразам се е зоолошка и слично,па нивото на комуницирање му е дно,сигурно е тој и против интернетот,пирсовите,тетоважите се што било табу и баук во 70-тите :tapp:,па боже мој во светот реални шоуа секој ден излагаат и се сексаат луѓето внатре па дури и истополово и што...чекај да ги прашаме комшиите а? Иди носи се и ти и комшии,не живеам јас заради нив,ама тоа е искомплексирана личност заглавена некаде во 1975 години на корзо меѓу Ванила и Рубин Кармин :tapp:
 
H

HITCH

Гостин
Најјак дел е кога ќе ја праша дали слушнала за Усеин Болt :pos2::pos2::pos2:
 

Мишелинка

расол
Член од
19 мај 2006
Мислења
3.449
Поени од реакции
385
Таков си е Васко, нема влакна на јазикот.
Може да нема влакна на јазикот и да не е ретардиран.
Кај овој немањето влакна на јазикот иде во комплет со тоа што е неписмен, не-премногу-бистар, неречит, некултурен...
Што знам, стварно не сфаќам од каде одеднаш треба да му се восхитуваме на овај?!
 
U

UniqueGirl

Гостин
Богами класа е !. Иначе тој татко и испадна поголем простак и од нејзе.. Не му пречело да ја гледа ќерката како стенка на ТВ :tapp:.
О, сериозно?
Прво не си родител.
Многу нормално дека г-нот не би кажал дека се срами од својата ќерка, која наводно не стапила во сексуални односи.
Што не е ни битно.
Доколку на Виолета не и пречи тоа што буди ниски страсти кај помладата популација воопшто не треба да го засега Васко.
Без влакна на јазикот?
Зарем на тој начин треба да и се обраќа на 19 годишна, со никакви морални вредности девојка.
Ама добро, најлесно е да се истакнеме со attack према оние послабите, не?
Како и да е ..фина тема [читај пљувачница] :back:
 
Член од
2 ноември 2008
Мислења
5.335
Поени од реакции
1.782
Богами класа е !. Иначе тој татко и испадна поголем простак и од нејзе.. Не му пречело да ја гледа ќерката како стенка на ТВ :tapp:.
Ццц сварно е ненормален тој бе ..:nesvest:
 
Член од
30 јули 2007
Мислења
1.391
Поени од реакции
86
Може да нема влакна на јазикот и да не е ретардиран.
Кај овој немањето влакна на јазикот иде во комплет со тоа што е неписмен, не-премногу-бистар, неречит, некултурен...
Што знам, стварно не сфаќам од каде одеднаш треба да му се восхитуваме на овај?!
Таков му е стилот..
Сакаш глеај го сакаш не ,тоа ти е..
Кој па те натера да му се восхитуваш? Отерај го у пм.. и готово. :)
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.329
Поени од реакции
7.796
Што има да гледам и за едниот и за другиот исто мислење имам, перверзии одвратни глупи емисии само за профит слава и лично издигнување и има луѓе што ги гледаат итоа во голем број. Тоа е тоа.
 

Setsuko

Модератор
Член од
29 јануари 2006
Мислења
6.401
Поени од реакции
5.953
...професорките :tapp::tapp::tapp: да не си им дома само ќе кажам
...и на крај Васко Ефтов,имаше некои добри моменти,но стилот се мразам се е зоолошка и слично,па нивото на комуницирање му е дно,сигурно е тој и против интернетот,пирсовите,тетоважите се што било табу и баук во 70-тите :tapp:,па боже мој во светот реални шоуа секој ден излагаат и се сексаат луѓето внатре па дури и истополово и што...чекај да ги прашаме комшиите а? Иди носи се и ти и комшии,не живеам јас заради нив,ама тоа е искомплексирана личност заглавена некаде во 1975 години на корзо меѓу Ванила и Рубин Кармин :tapp:
Не е до тоа што ќе кажат комшиите, до моралот е. И ти го оправдуваш тоа што се случува по реалните шоуа во светот, мислиш дека е во ред? Светот е свртен наопаку, владее морална рамнодушност, јас сум за тоа дека треба да живееме за себе, а не за другите ама ова е апла курвинска работа човече. Не е до тетоважите, присовите и сите тие нешта до однесувањето е, иако повеќе од јасно е дека реалните шоуа се направени токму за тоа и ни еден асален човек воопшто не се ни пријавува на такво нешто. А публиката се пали на тоа и гледа за да фаќа сеир наместо да се замисли што всушност прикажуваат на ТВ и кон каде води тоа. Подобро ако се толку напалени нека си земат порно и нека си изгледаат барем знаат која му е намената, а овде само пикантерии и малограѓанштина. Не е ни битно дали всушност имала секс во куќата, доволно е што мисли дека направила којзнае што, дека е славна, дека е силна личност со карактер па згора на сè и горда е на тоа.

Во целата приказна најчуден ми е татко ѝ, иако сфаќам дека против сопственото дете не можеш да зборуваш јавно и сигурно е свесен на каков ризик се изложува тој сепак им дозволил да учествуваат во такво шоу, читал коментари на форуми и повеќето биле негативни, па нормално човече, да не сакаш да и оддаваат признание на ќерка ти затоа што направи Македонија да се гордее со неа?

Водителов можеби е преарогантен ама можеби мораше и во овој стил да настапи за народов да се свести и конечно да сфати што всушност гледа. Пресеците одат во ударни термини и ги гледаат и малолетни деца, каков пример е тоа за нив? И после се чудиме зошто нѝ се расипала младината.
 
Член од
2 април 2006
Мислења
14.363
Поени од реакции
3.069
О, сериозно?
Прво не си родител.
Многу нормално дека г-нот не би кажал дека се срами од својата ќерка, која наводно не стапила во сексуални односи.
Што не е ни битно.
Доколку на Виолета не и пречи тоа што буди ниски страсти кај помладата популација воопшто не треба да го засега Васко.
Без влакна на јазикот?
Зарем на тој начин треба да и се обраќа на 19 годишна, со никакви морални вредности девојка.
Ама добро, најлесно е да се истакнеме со attack према оние послабите, не?
Како и да е ..фина тема [читај пљувачница] :back:
А ти си као родител? :devil3:

Пошто гледам во следната реченица си пишала "многу нормално", од каде па ти знаеш девојче?
Сам себе убијал работава, само интересното е, обично луѓево ќе пишат нешто па се контраат - али ти прво се исконтра, па после почна да пишуваш.

"Ти побрзо од Усаин Болт легна некој". Па нормално, она е убава така-така, он е грд, кај ќе легне Болт некоја. Освен со селебрити фактор оф корс.
 
M

Mario Gómez

Гостин
Абе легенда е Васко Ефтов, коа се караше со тој татарот во Софија, ќе се истепаа за малце, ама во петокот малце претера, измеша политика и целата нација со курвичено Вики.
 

Мишелинка

расол
Член од
19 мај 2006
Мислења
3.449
Поени од реакции
385
Таков му е стилот..
Сакаш глеај го сакаш не ,тоа ти е..
Кој па те натера да му се восхитуваш? Отерај го у пм.. и готово. :)

Генерално не го гледам, секако. Ама многу прашина се крена зад него, а нели... Зад добрата кобила секогаш се крева... Хмм
Не е тоа стил. Тоа е простотилук, пак ќе речам.
 
Член од
25 октомври 2007
Мислења
1.583
Поени од реакции
89
Што знам, стварно не сфаќам од каде одеднаш треба да му се восхитуваме на овај?!
Не треба да му се восхитуваме ама концептот му беше во ред. И не беше Васко вс Вики туку Васко вс турбофолк. Не за џабе ги даваше идиотите на концерт на тој Србинот. "Дали се чувствувате како Антички Македонци кога слушате српски турбо фолк."
Јебига Васко е напорен и си мисли дека многу знае ама поентата му беше добра.
Доколку на Виолета не и пречи тоа што буди ниски страсти кај помладата популација воопшто не треба да го засега Васко.
Па сите треба да не засега тоа. Газда Велија се претаставува како голем промотор на културата во Македонија а ниту еднаш немам фатено да има некој документарец, се му се реалити шоуа и квизови. И сега тој ќе ми продава култура. Или пак Сител што се утепуваат од давање Сурвајвор или Сфрј/ сапунски серии а ни тие немам видено дека дале некога нешто "едукативно."
 

Мишелинка

расол
Член од
19 мај 2006
Мислења
3.449
Поени од реакции
385
Не треба да му се восхитуваме ама концептот му беше во ред. И не беше поентата Васко вс Вики туку Васко вс турбофолк. Не за џабе ги даваше идиотите на концерт на тој Србинот. "Дали се чувствувате како Антички Македонци кога слушате српски турбо фолк."
Јебига Васко е напорен и си мисли дека многу знае ама поентата му беше добра.
Мене токму концептот не ми е во ред. Не ја сфаќам поентата на емисијата, да биде едукативна - не и беше намерата, да исмее - ми се чини не, да ја прикаже реалноста - би било глупаво, сите ја знаеме...
Евтини бљувотини за подигање на популарност, маалски провокации, речник на таксист.. Сакајќи да оди против турбофолкот, совршено си се вклопи во целата таа „турбофолк слика“.
 
U

UniqueGirl

Гостин
А ти си као родител? :devil3:

Пошто гледам во следната реченица си пишала "многу нормално", од каде па ти знаеш девојче?
Сам себе убијал работава, само интересното е, обично луѓево ќе пишат нешто па се контраат - али ти прво се исконтра, па после почна да пишуваш.

"Ти побрзо од Усаин Болт легна некој". Па нормално, она е убава така-така, он е грд, кај ќе легне Болт некоја. Освен со селебрити фактор оф корс.
Не мора да бидеш родител.
Доволно е да се ставиш во негова кожа и да ги согледаш работите од друг аспект.:smir:
 

bRutal savaGe

ಠ_ಠ
Член од
10 јули 2009
Мислења
4.213
Поени од реакции
88
де бе до толку ли стана фаца оваа локалнава пицајзла?
- баш вчера дур седев у маало во еден кафич долета оваа со нејзините френдици :pos2::pos2:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom