Воскреснатиот Исус и дванаесетмината апостоли

  • Креатор на темата Креатор на темата Let 3
  • Време на започнување Време на започнување
Да,да...

Еве мене, на пример, „никад„ не би ми паднало на памет дека од 12-те израилеви племиња, саде еден јудеец бил именуван како „Кифа/Симон„, така?
 
Miki1 the comic relief na podforum religija!

Гарфилд, исмејувањата остануваат само исмејувања...

Ептен сум навреден, признавам, мислим.... Го исмејуваа и Христа, па зашто да не ги исмејуваат и Неговите, не?

Ada, Corbadzi, so dolzna pocit, kako sega da ne si terame seir?

Ееејјј, а да не го заборави на помош и пасторот Грозданов? :pos2:
 
Ајде Лет3, не го дрви без потреба, оти преку к.. ми е и од тебе и од Гарфилд, кои иако добивте одговор, ја „затупивте„ темата во бесцелни дискусии. Од твојов последен пост, сега ти ја пренасочуваш ТВОЈАТА тема не од тоа кој бил 12-от Апостол, туку сега одеднаш ти стана многу битен муслиманскиот став дека Св. Ап. Павле проповедал нешто поинаку од Христа Бога.

Гледам се вознемируваш од дискусии на тма Религија. Не е тоа добро. Можеби посмирен ќе бидеш на “Мода и убавина“ или “Љубовни проблеми“?

Инаку во право сме, се заплеткавме со тој дванаесети апостол па како одговараш се се менува бројката или се 11 + некој си кифа (кој за сите христијани е апостолот Петар освен за тебе) или се Кифа + 12 = 13 или е Кифа + 11 а во нив и дванаесетиот Матеј...... значи дефинитивен одговор се уште не е даден но ние одиме кон него.

Пред исламот, христијанството беше разделено, самиот Павле ни вели дека некој одел по Петра некој по Аполона некој по Павлета, и самиот Павле не ги почитувал напаствијата на првите христијани (Јаков и Петар) што се смее а што не. На самиот почеток се одвои несторијанството кое тврдеше дека Исус е само човек а не бог, и ебонитите и назарените (кои произлегле на Јакова и првата христијанска заедница) се со учење дека Исус беше човек роден сосема нормално а не син на бог зачнат безгрешно.
Не знам што толку страв од муслиманите, нив никој не ги спомна туку ги ископа од негде од длабините на својата престрашена потсвест.
Не се плаши, не се бој, туку да видиме кој беше дванмаесетиот апостол на кој му се јавил Исус а знаеме дека Јуда се обесил (значи останале 11) а Матеј е избран од кога веќе Исус се вознел на небото.
 
Да,да...

Еве мене, на пример, „никад„ не би ми паднало на памет дека од 12-те израилеви племиња, саде еден јудеец бил именуван како „Кифа/Симон„, така?

МИки ... Кифа во превод значи карпа ... не е име а од бандата на Јешуе само еден го викале Карпа .
 
Лет3, ај сега, обиди се да ги направиш следниве математичките операции:извод, интеграл и диференцијал па „највероватно„, со таа виша математика, ќе ти успее (конечно!) да откриеш кој бил/е 12-от Апостол, иако прашањето веќе е одговорено.

Да, и јас секое утро откривам топла вода во болјерот...

МИки ... Кифа во превод значи карпа ... не е име а од бандата на Јешуе само еден го викале Карпа .

„Бандата на Јешуе„, велиш? Хммм, на твој грб нека биде изразов.

А „првиот„ Кифа/Симон веќе беше преименуван во „Петар„-што значи дека „првиот„ Кифа беше преименуван во „Петар„ од Христа, пред Христовото воскресение, а „вториов„ Кифа не е Св. АП. Петар, оти „првиот„ Кифа веќе беше преименуван во „Петар„, а „вториов„ Кифа, на кого Христос му се јавил после Своето воскресение, е именуван како „Кифа„ а не како „Петар„.

Ти текнува?
 
МИки ... значи прелистав преку 700 страни литература сношти на темата кој е кифа ... И вервај ме дека нема прв или втор еден е .
 
МИки ... значи прелистав преку 700 страни литература сношти на темата кој е кифа ... И вервај ме дека нема прв или втор еден е .

Да, „700„ е импозантна бројка од прелистани страни, признавам...(Ха-ха-ха!). А дали ги прочита истите? Сношти, нормално...
 
Лет3, ај сега, обиди се да ги направиш следниве математичките операции:извод, интеграл и диференцијал па „највероватно„, со таа виша математика, ќе ти успее (конечно!) да откриеш кој бил/е 12-от Апостол, иако прашањето веќе е одговорено.

Ko ќе фати зорт се одрекуваш Мики
И кутриот Кифа појќе не го познаваш дека е апостол Петар. И јадните дванаесете апостоли велиш дека нема докази дека биле апостоли. Можеби биле самураи од Куросава... или дванаесете далматинци од 101 далматинец... се ќе негираш се ќе погазиш од страв и ужас дека можеби нешто се згрешило или промашило во библијата.
Знаеме дека имало 12 апостоли
Знаеме дека Јуда се обесил и останале 11
три дена после смртта Исус воскреснал се покажал ваму таму и се вознесол.
Откако се вознесол (заминал) го избраа Матеј за апостол.
Значи за време на Исусовото покажување, на земјата имало 11 апостоли. Како можел да му се покаже на 12 кога имало 11???

До сега се понудени следни одговори

Кифа не е Петар не се знае кој е и што ,е а и дванаесете не се знае дал се луѓе или камења или пустински скокачки пацови или апостоли

Дванаесетиот апостол е и Матеј кој иако не бил уште избран за апостол сепак бил апостол пошто бог се знае и тој знаел дека него ќе го изберат во иднина па го уброил и него со ретроактивно важење на функцијата

Кифа е петар и заедно со 12 апостоли добиваме бројка од 13 апостоли ! (пус и матеј кој допрва ќе се одбери се 14!!

За ни едно од овие тврдења нема доказ во библијата. Матеј во времето на покажувањето не бил апостол (а не бил ни додека Исус пребивал воскреснат на земјата), Кифа е Петар така самиот Исус го нарече а ако тоа не ти е доказ тогаш сегде низ библијата каде наместо Исус се вели Он, Тој, Него, син божји, син човечки... можеме да се повикаме на Микијевиот апсурд и да речеме “не се споменува дека е Исус тоа може да биде било кој друг“

Значи заозбили се и кажи спрема тебе и спрема пишувањата во библијата

Кој е тој 12 сти апостол на кој Исус му се јавил кога воскресна ??
 
Аманте луѓе Божји, еве јас, најголемата беда на форумов, немам поим ниту кој е Кифа, ниту кој е Петар, ниту кој е Павле, ниту знам да бројам, ама дајте одговорете му на чоеков:

Кој бил 12-от Апостол на кого му се јави Хритос кога воскресна?


Аманте, дајте помогајте за „случајов„...
 
Аманте луѓе Божји, еве јас, најголемата беда на форумов, немам поим ниту кој е Кифа, ниту кој е Петар, ниту кој е Павле, ниту знам да бројам, ама дајте одговорете му на чоеков:

Кој бил 12-от Апостол на кого му се јави Хритос кога воскресна?


Аманте, дајте помогајте за „случајов„...

Нема докази дека постоел некогаш некој кој се викал исус и кој го распнале па воскреснал...
нема докази дека постоеле 12 негови апостоли ...
нема доказ дека постоел некојси кифа.....
библијата неможе да биде релевантен доказ оти е само обична книга....
ако треба да веруваме на таа книга ....тогаш треба да веруваме на сите книги...
така да ликовите од книгите ....како што се одисеј, зевс, др...офболи, силијан штркот итн.....би биле сите реални ликови :toe:
 
Е ова (погоре..) се вика „...одговор достоен за почит..„! Е не! Ќе си ја кршам глата кој бил „првиот„ а кој „вториот„ Кифа! А бе ајде...

Туку, пишуваш ваков (како овој погоре..) нихилистички пост, све ќе „однегираш„ и решен е проблемот!

Лет3, ајде да те читам...Пиповски вели дека не само што нема 12-ти апостол, туку и оние единаестте ги немало бе! Ето, имаш проблем со твојата математика-не биле ниту 11, ниту 12, туку воопшто не биле-не ни постоеле...
 
лет3 ....ја зема библијата како таква и ти ја треска од глава со докази за контрадикторност во самата.....
кога ти и таквите како тебе што не веруваат на очигледното немате одговор се повикувате на ЧУДНИ СЕ БОЖЈИТЕ ПАТИШТА....или ..БОЖЈА ВОЛЈА......
единствено писание за бог исус апостолите случувањата во тоа време е библијата....што е неверодостојна полна со приказни фантазии и контрадикторност..
 
Од Адам и Ева па досега, не си прв, а се чини, ниту последен кој дошол до „мудриот„ заклучок дека Библијата е неверодостојна. Дај сега, кажи нешто ново, досега непознато, нечуено, непрочитано, оти, и покрај сите досегашни напади врз Писмото, тоа останува релеватно и ненадминато по дух и по содржина.
 
Каде, туго, wot, виде коцкање, како што ние го разбираме и кое се смета за порочно?
Ждрепка влечеле, не стаавле деца и жени ко влог.
У секој случај, никаков недоличен пример нема у посечениот дел.
Мене, ова, како христијанин аматер, ми се чини дека било жесток влог. Дабидеш апостол или да останеш, мање-више, ништо посебно во една вака голема работа.

На комар била ставена најважната животна улога која еден христијанин може да ја игра!!! И викаш ова не е комар?!?!

Замисли да дојдеш у финале за три катаљони евра и изгубиш на таксе мааш?!?! Не заебавај!

Комар - по дефиниција. И не ги т'нчи сега работите. Религијата е егзактна работа - закони, завети и све тоа... Нема произволно читање и толкување - се си пиши. ...додуше и вака и онака, ама пиши. Затоа и муабетов.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom