Ел Класико : Барселона - Реал Мадрид 1:0

  • Креатор на темата Креатор на темата SanIker
  • Време на започнување Време на започнување

Koнечен епилог од натпреварот

  • Победа на Барселона

    Гласови: 142 59,2%
  • Нерешено

    Гласови: 25 10,4%
  • Победа на Реал Мадрид

    Гласови: 73 30,4%

  • Вкупно гласачи
    240
Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
21 септември 2008
Мислења
14.653
Поени од реакции
14.624
15hh6jp.jpg


Примера Дивизион, 12то коло|Недела, 29 Ноември 2009|Почеток: 19:00h
Стадион
:Камп Ноу, Барселона

El Clasico – најголемо дерби во македонски превод.
Еден од долго очекуваните и најавуваните натпревари оваа сезона е токму Ел Класико, натпреварот помеѓу европскиот и шпанскиот првак Барселона и најтрофејниот клуб во Европа, тимот на Пелегрини “GALACTICOS 2”.

Во меѓусебните дуели Реал има 68 победи, а Барселона има 60 и имаат 30 нерешени средби..

Во последните десет години во мегусебните дуели во лигата Барселона има забележано 7 победи, а Мадрид 6. Имаат 8 нерешени средби.

Последната сезона фантастичниот тим на Пеп Гвардиола успеа на двапати да го совлада својот вечен ривал Реал Мадрид. На 13ти септември минатата сезона, Барселона со головите на Ето во 83 и Меси во 91 минута од продолжението го совлада Реал на домашен терен. Сепак беше прерано за говорење кој ќе ја земе титулата шпански првак, па љубителите на фудбалот знаеа дека се ќе се одлучи во втората полузесона кога на 4 кола пред крајот, Реал Мадрид ја пречека Барселона на домашен терен. Во прекрасна атмосфера започна фудбалското дерби, можеби и одлучувачкото за надимакот „првак“. Со голот на Игуаин во 14 минута Реал поведе, но немаа доволно сили да го задржат водсвото само 4 минути подоцна левото крило на Барселона, Тиери Анри израмни на 1-1. Две минути подоцна капитенот на Барса, постигна гол со глава, (воедно и прв гол во лигата за него во таа сезона) за дополнителна мотивација на играчите и навивачите. Во 35 минута по одземената топка од Ето, Меси успеа да се запише во листата на стрелците. Првото полувреме заврши со 3-1. По почетокот на второто полувреме Робен успеа да го намали резултатот на 2-3 и да ја врати надежта на Бернабе и борбата за титулата. Но две минути подоцна Анри го запиша и својот втор гол на овој натпревар. Од оваа 60 минута Реал ја изгуби целата контрола врз играта, а Каталонците доминираа на секој дел од теренот. Следуваше и уште еден гол на Меси, а дефанзивецот Пике на одличен начин успеа да ја круниса оваа вечер, вечер на Каталонците.

Првиот натпревар оваа година ќе се одигра на феноменалното здание на 20 век, стадионот Камп Ноу со капацитет приближно од 100 000 седишта, се очекува Кампот да биде полн, и да се даде подршка од двете страни, но се разбира, да доминира каталонската.

camp-nou-cat3.jpg



noh4rm.jpg


Барселона

Барселона оваа година има одличен старт со 8 победи и 3 нерешени средби, со 29 дадени гола и само 8 примени Барселона го потврдува она што го стори минатата сезона. Со нерешениот резултат во единаесеттото коло Барселона му го препушти првото место на табелата на Реал Мадрид, и сега се наоѓа на втората позиција, со 28 бода, еден помалку од првопласираниот Реал. Иако имаше некои кои мислеа дека замената на Ибрахимович со Ето ќе биде промашена замисла на Гвардиола, сепак тоа се покажа како грешно, а Ибрахимович тотално ги оправда очекувањата. Оваа сезона има постигнато 7 гола за тимот на Барселона што е доста добар ефект. Меси има постигнато 6, а Кеита 5.Последната недела во тимот на Барселона владее свинскиот грип, заразени се Абидал, Јаја Туре и Маркез, а Ибрахимович поради повредата може да биде изоставен во овој дуел.

2e4j1aa.jpg


Реал Мадрид

Не заостанува ништо поназад и Реал, Со 9 победи еден пораз во дербито против Севиља и еден нерешен резултат против Спортинг Хихон, Реал се наоѓа на првата позиција на табелата во Примера, на само бод пред Барселона. 28 дадени гола, 8 примени. Роналдо дефинитивно ги оправдува дадените пари за него, постигна 5 гола во 5 натпревари, но повредите си го направија своето, па оттука и не беше возможно таа бројка да се зголемува. 4 гола оваа сезонаи има постигна најдобриот стрелец од минатата година за Реал, Гонзало Игуаин, а по 3 Раул и Кака. Може да се каже дека тимот на Реал Мадрид ќе биде комплетен за овој натпревар, според сите претпоставки се очекува враќање на Кристијано Роналдо, Ласана Диара се пожали на полесна повреда, но се очекува да биде спремен за големото Ел Класико.

Според светските кладилници а и според до сега покажаното како од оваа и така и од предходната сезона Барселона се фаворити. Но не смееме да заборавиме на добрите индивидуалци кои Реал ги доведе оваа сезона. Најскапиот трансфер на денешницата Кристијано Роналдо (94 милиони), Кака (64 милиона) Бензема (35 милиони) Чаби Алонсо(30 милиони) го прават Реал на исто ниво против Барса оваа сезона. На другата страна Барселона го замени шпицот Самуел Ето со Ибрахимовиќ. Плати 40 милиона и го даде Ето во замена со Ибра. Го доведе исто така левиот бек на Интер Максвел, како и централниот дефанзивец на Шахтјор, Димитро Чигрински.

Претходни натпревари во Примера – Барселона

Барселона 3 – 0 Спортинг Хихон
Гетафе 0 – 2 Барселона
Барселона 5 – 2 Атлетико Мадрид
Расинг Сантандер 1 – 4 Барселона
Малага 0 – 2 Барселона
Барселона 1 – 0 Алмерија
Валенсија 0 – 0 Барселона
Барселона 6 – 1 Зарагоса
Осасуна 1 – 1 Барселона
Барселона 4 – 2 Мајорка
Атлетик Билбао 1 – 1 Барселона

Претходни натпревари во Примера – Реал Мадрид

Реал Мадрид 3 – 2 Депортиво Ла Коруња
Еспањол 0 – 2 Реал Мадрид
Реал Мадрид 5 – 0 Ксерез
Виљареал 0 – 2 Реал Мадрид
Реал Мадрид 3 – 0 Тенерифе
Севиља 2 – 1 Реал Мадрид
Реал Мадрид 4 – 2 Ваљадолид
Спортинг Хихон 0 – 0 Реал Мадрид
Реал Мадрид 2 – 0 Гетафе
Атлетико Мадрид 2 – 3 Реал Мадрид
Реал Мадрид 1 – 0 Расинг Сантандер

Клучни играчи:

Барселона
Лионел Меси
ddn7fd.jpg



Реал Мадрид
Кристијано Роналдо
10p2crn.jpg


Играчи со кои располагаат двата тима оваа сезона.

Барселона:
Валдес, Пинто, Дани Алвес, Пике, Маркез, Пујол, Чигрински, Максвел, Абидал, Милито, Серхио Бускетс, Јаја Туре, Кеита, Чави, Иниеста, Анри, Педро, Џефрен, Бојан Кркич, Ибрахимовил, Меси

Реал Мадрид:
Касиљас, Дудек ; Арбелоа, Рамос, Пепе, Гарај, Албиол, Мецелдер, Марсело, Дренте ; Ласана Диара, Мамаду Диара, Чаби Алонсо, Гаго, Ван Дер Варт, Гранеро, Кака, Кристијано Роналдо, Гути ; Игуаин, Бензема, Раул, Ван Нистелрој.

Судија на натпреварот: Alberto Undiano Mallenco Navarre

2057aqr.jpg


Можни состави

Барселона:

------Валдес------
Алвес – Пујол – Пике - Максвел
Чави - Туре - Кеита
Меси – Ибра - Анри

Реал Мадрид:

------Касиљас------
Рамос-Албиол-Пепе-Арбелоа
Чаби – Ласс
Игуаин – Кака – Роналдо
Бензема

Натпревар во кој бројките немаат никакво значење, натпревар кој со нетпрение го очекуваат сите љубители на фудбалот. Ќе успеат ли милионите на Перез да ги оттргнат критиките од Пелегрини кои ги имаше по низата неуспешни резултати оваа сезона, и конечно да го обелат образот на кралскиот тим, онака како што му доликува на еден великан, или пак Барселона со својата препознатлива доминантна игра уште еднаш ќе успеат да го покорат кралскиот тим. Останува да видиме.


Дербито е на 29 ноември, во 19:00 часот, пренос Алфа(македонски) и Алсат (на албански)


НЕКА ПОБЕДИ ПОДОБРИОТ !

п.с голема благодарност до heathy за соработката и помошта која ми ја пружи за изработката на воведот. :back:


 
Tuka mislam deka ke bide kratko i jasno , pobeda na Barca . Ne kako lani so 6:2 ( :pos2::pos2::pos2::pos2::pos2: ) , tuku 2:1 ili 3:2 .

Da bideme realni Alcorcon im zabode 4 komada na Realovcite , so ostanuva za Barca da im naprave :vozbud::vozbud:

p.s ne sum Barca fan :smir:
 
Не знам за мечов,до пред некое време мислев дека ќе тепа барса,ама гледав не се у форма изиграа 1-1 вечерва со тапа тим,ќе сочекаме да видиме што ќе направи во дуелот со Интер да им се види правата моментална сила,па тогаш да се даде конкретен коментар,а и реал тепаше вечерва минимално со 1-0...па ќе видиме..Онака од ќора гледна точка:pos2::pos2: јас би играл Х...мирољубиво 2-2
ПС.Нека постави некој анкета...:smir:
 
Не знам за мечов,до пред некое време мислев дека ќе тепа барса,ама гледав не се у форма изиграа 1-1 вечерва со тапа тим,ќе сочекаме да видиме што ќе направи во дуелот со Интер да им се види правата моментална сила,па тогаш да се даде конкретен коментар,а и реал тепаше вечерва минимално со 1-0...па ќе видиме..Онака од ќора гледна точка:pos2::pos2: јас би играл Х...мирољубиво 2-2
ПС.Нека постави некој анкета...:smir:

Tапа тим ??? Едно од најтешките гостувања во сезоната е Сан Мамеш.

Него друг е проблемот, Меси има повреда на ногата, утре ке се знае што како и зашто :icon_bigg Туре е неизвесен а Ибра би требало да се врати :smir:
 
Кхм анкета кхм

И да, веќе кога има анкета, не постирајте постови у стил, овој ке биде победник оној ке биде победник, кец у кец, 2 у кец, местено е и остало .
 
гласав за нерешено, моментално единствен :)

гласав бидејќи Барса е можно за вечерта да ги нема нејзините предводници Меси и Ибра, а без нив вечерва ремизираше иако Билбао сезонава вади добри резултати... Роналдо можеби ќе се врати но ќе му биде тешко да ја врати со себе и формата која го следеше на самиот старт од сезоната, секако не целосно закрепнат ќе старта...

тоа се причините поради тоа што го дадов мојот глас за реми :smir:
 
Кратко и јасно, барса не ги сакам зошто ми го победија тимот во финалето во мај, а реал зошто мислат дека пак ќе направат галактико силен и моќен како тој со зидан и фиго...доџи јуче.
Но тоа не е причина да не го гледам ова дерби, според многумина најдоброто на светот, карневал, бла бла итн...
Сакам само финти опасни, добар фудбал и ГОЛОВИ, а кој сака нека победи, ме заболе.
убав ден :wink:
 
lele edvaj cekam da pocne toj mec:)
na edno samo se nadevam- i dvete ekipi da pocnat so najdobrite 11,tek togas ke vidime koj e koj(iako se znae)
Normalno glasav za pobeda na Barca timot koj go sakam poveke od sesto.Moj tip 4-0:)
 
Мангаа бее не требало ти да отвораш тема :)))

бај д веј ќе ги мачкаме 8-)
 
Го чекам тој 29ти никако да дојде:)
Tetova биди среќен со нерешено не си прави фантазии.
Го чекам тој ден на хејтерите да им се затнат муцките, Реал имат подобар тим годинава од Барса така да ништо друго освен победа на Реал :tv:
 
Гласав за Барса,онака како анти Реал,мада со играта во последно време воопшто не мимпресионираат.Без Туре ќе бидат,а и Меси ако не им игра ќе биде стварно тешко.Сепак мислам дека ќе го победат Реал минимално.:toe:

П.С Кој е судијава ? Првпат слушам за него.:toe:
 
Добро е се отвори конечно темата што ја чекав. Ја чекав за да ви го претставам моето најново видео кое се однесува токму на овој натпревар. Па погледнете го и чекам коментари:


П.С Гласав за нерешено.
 
Добро е се отвори конечно темата што ја чекав. Ја чекав за да ви го претставам моето најново видео кое се однесува токму на овој натпревар. Па погледнете го и чекам коментари:


П.С Гласав за нерешено.

Твое видео а ? абе оди не ни мачкај очи...:))) ако е твое видео..што потреба си имал да ја ставиш таа реклама таму за некоја си телевизија и серија :)))
 
Мене оддамна ме немаше на форумот, па ајде да напишам нешто за долго очекуваното Класико.

Барса како барса далеку е од ланската форма, не ни очекував да ја повтори таа сезона зошто е скоро неможно. Се надевам дека ќе бидат во состојба да играт Меси и Ибра, а позади нив Чави и Иниеста. Оваа златна четворка ако игра, јас мислам дека шансите за победа се 70 посто на наша страна. Не дека го потценувам Мадрид, имат индивидуалци кои можат со еден потег да ја решат утакмицата, имат страшни имиња во тимот, али ништо посебно не ме изненадуват ни они.

За разлика од минатата година каде Барса беше за класа подобра од Реал, оваа сезона го очекувам нај израмнетото класико во последните 10 години.

Нека победи подобриот, и се надевам дека и двата тима ќе излезат со најдобрите 11 за да гледаме фудбалски спектакл. Овој меч нема да решава ништо за титула како што беше случај ланскиот на Бернабе, ова само ќе биде за престиж и докажување.

Поздрав момци, и се знае гласав за Барса навивачки.:)
 
Твое видео а ? абе оди не ни мачкај очи...:))) ако е твое видео..што потреба си имал да ја ставиш таа реклама таму за некоја си телевизија и серија :)))


Мое е бе со жива глава тврдам. Хоби ми е да правам видеа и ова ми е последно нешто што сум го направил па сакав да го споделам со вас. А тоа рекламата што си ја видел е од самиот клип кој е користен при правење на видеото.Ако не забележа има снимки од различни телевизии.

За повеќе мои видеа со ваква и друга тематика посетете ме на:

www.youtube.com/bobipppp :helou:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom