И јас секој ден ја оставам главата на тие проклети држачиАко ЈСП е крвотокот на главниот град, тогаш главниот град доживува инфаркт.
On topic: Удирањето на мојата глава од новите пластични држачи, е константен процес што предизвикува да ми се расчешла тапираната коса и - нервира. Што се однесува до седењето во автобус, не го практикувам од принцип. Немам потреба од тоа на мои дваесет години, кога автобусите се полни со геријатрија на која место за седење им е попотребно.
Би било убаво исто така, контролорите да не се однесуваат како да се обезбедување на Бил Гејтс.

После ми смета контролата, не затоа што си ја вршат работата туку затоа што не се подеднакво строги кон сите националности( се разбираме на што алудирам:wink

Некогаш ме нервираат кога си застануваат на некои буски за да си купат цигари од трафикиве

Следно, ме нервираат постари граѓани кои во празен автобус се залетуваат и седат позади, а нели предноите седишта се за нив, па мајко му стара што се лутат после кога некој ќе им ги зафати

И да не набројувам има уште многу работи, пред се некултурата на дечишта кои ќе се накачат од школо и урлаат како волови, а и старците кои се дерњачат како едниот да е на артикот а другиот на антарктикот
