Пакистан купува Ј10 од Израел

  • Креатор на темата Креатор на темата Misirkov
  • Време на започнување Време на започнување
За жал, нови авиончиња ги оставија да скапуваат...цццц....

Ма фрогфут не е баш нов...туку е граден врз основа на грешките на америте во виетнам,а воедно е и првиот авион кој гарантира заштита на пилотот,плус централно поставените резервоари за гориво се обложени со титаниум,истиот има диспензер за мамки...во афган се покажа добро против ракетите Reye,ама стингерот направи проблеми...не се нови,но со модификација има да бидат страв и трепет...еве американскиот А-10 планираа да го повлечат од употреба,но по заливската војна истот го модернизираа.

Исто америте почнаа да сваќаат полека дека не е работата да се залетуваат кон нови концепти,туку полека и они ја применуваат руската школа...модернизираат Ф-15-ки,Ф-16ки,понатаму Ф18..арно им текна...русија минеше поевтино со оваа стратегија.

Добро до некаде и беа приморани,имајќи предвид дека до 98 година 30% од авијацијата им беше неупотреблива,понатаму имаа недостиг на резервни делови....но сега таман се.
 
Си имаат тие друг начин на водење војна, на глобално и на локално ниво...

Повеке Арапи (па и Муслимани) годишно гинат од други Арапи него од Американци и Евреи заедно. Немаат шанса дур се вака феудално организирани.

Али да се вратиме на темава, пошто многу љубам авиација и се поврзано со тоа. :vozbud:

Пакистан мораше (ОК мораше е глуп збор али ајде) да се унапреди зошто ф16 ките што ги имаат веќе бајаги време не се обновени а Америте не им се продава помодерна верзија на Пакистан и ете Кина упаѓа.

Од што сум читал за Индиско - Пакистанските војни авијацијата на двете страни се борела максимално и храбро, али Пакистанците го изеле стапот во сите 3 рчки.

Интересно е што во првата војна се бореле (не само во воздух) офицери кои порано служеле заедно како колеги во Индиската војска под Британската империја.
 
Пакистанската армија е одллично поткована.Офицерскиот кадар им е школуван до коска,дисциплинирана сила.Имаат соработувано со ЈНА и сите кои биле таму истото го кажуваат.Има еден лик кој е многу често присутен на бившиве ЈУ форуми човекот е доктор за тенкови.Има работено во сите ќошиња од светов и има напишано кога во една прилика отишол да го презентира нашиот тенк на пакситанците,како нивниот командант на ОМЕ лично го возел и пробувал тенкот цели 8 саати и детално го познавал.А тоа што изгубиле од Индија нормално кој нема да изгуби од толкава држава?Ова изгубиле патем е многу релативен поим.

ПС темава отиде во ПМ.
 
Повеке Арапи (па и Муслимани) годишно гинат од други Арапи него од Американци и Евреи заедно. Немаат шанса дур се вака феудално организирани.

Е па тоа феудалното уредување им е некаква предност, секоја фамилија има по 12-15 деца....

ПС темава отиде во ПМ.
За која "воена" тема да почниме секогаш го сменува правецот..........
 
ПС темава отиде во ПМ.

Точно, и традиционално кајганашки, јебига сакаме за се да збориме :)

За која "воена" тема да почниме секогаш го сменува правецот..........

Да ја вратиме на авиони и блиски исток со......Америка ке му шитне на Израел Ф35.
http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=116664

Русите сигурно трлаат раце пошто комшиите на Израел сега ке бараат ново ПВО (за авијација не ги бива), освен Египет кој се умилкува на Американците и сега има Ф16 и Абрамси.
 
Точно, и традиционално кајганашки, јебига сакаме за се да збориме :)
Не Ајзенхорн не кајганашки ами убаво се знае како и зошто,само не знам кој е модератот на подфорумов а не може овие админиве да постигнат сегде.Бааги се пишува.



Да ја вратиме на авиони и блиски исток со......Америка ке му шитне на Израел Ф35.
http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=116664

Русите сигурно трлаат раце пошто комшиите на Израел сега ке бараат ново ПВО (за авијација не ги бива), освен Египет кој се умилкува на Американците и сега има Ф16 и Абрамси.

Ова на веста го прочитав и одма ми се гади
производител на невидливиот авион-ловец F-35 Joint Strike
Немаат ли толку писмен новинар да земе да прогугла ако ништо друго,или барем да праша а не да шлапа овакви глупости.Аууу....

Инаку ова веќе го реков претходно
САД се ептен бесни на Израел затоа што последниве години премногу технологија кои Израелците ја добиваа од САД го наоѓаше патот до Кина и Индија.Затоа и Гринпајн радарите кои се столб на Израелската противракетна одбрана се под контрола на американците,неколку пати го одбија Израел кој бараше да го купи Рапторот,па и ф-35 одбија да го продадат со стандардната електроника која ке ја носи Американската верзија,па Израелците сега ке го купуваат без никаква електроника за да си го опремат со своја.Инаку не е тајна воопшто дека Лави беше комплет продаден во Кина.Полека полека веќе стасаа Кинезите длабоко во 4 генерација на авиони.

и е логичен потег на Израел со оглед на тоа што продаваат Американците во однос на она што го имаат за себе.
 
Се зезам, иако во некои форуми тука навреди фрчат за кои имаш бан аутоматски на некои странски што ги посетувам. Али како што велиш, многу пишување а малку модератори.

Енивеј, во право си за Израел, мада не би се чудел они и подобар да го направат него Америчкиот. А у ствари они колку што ми се чини го бараа Ф22 за да имаат ловец што ке ги држи Арапите под контрола а Ф35 иако сестран не е чист ловец а за лупање по земја имаат доволно.
 
И јас се сложувам со тебе ајзенхорн-ќе го направат подобар,еве Сухојот го направија подобар од рускиот...има примери,

Плус ќе вградат подобра електроника,израел е напреден и на ова поле...се чудеа кипарците кога С-300 се багираше
 
Енивеј, во право си за Израел, мада не би се чудел они и подобар да го направат него Америчкиот. А у ствари они колку што ми се чини го бараа Ф22 за да имаат ловец што ке ги држи Арапите под контрола а Ф35 иако сестран не е чист ловец а за лупање по земја имаат доволно.
Ма не,рапторот им треба нив не за држење на Арапите под контрола,туку држење на истите да не напредуваат како држави.Инаку ако е за контрола на возухот и со тоа што го имаат се неприкосновени а камо ли ако дојде рапторот.Мада реков висока технологија од САД,по егзибициите со Кина и Индија,нема да добијат.
Инаку иако се доста напредни,далеку се од правење нешто подобро од САД или Русија.Едноставно само сакаат да не се ограничени во употреба на вооружување,и тоа што тие ќе го стават е подобро од ограничената верзија што САД имаат намера да ја продадат,но во никој случај нема да биде подобро од она што САД ќе го користи за себе.
 
А у ствари они колку што ми се чини го бараа Ф22 за да имаат ловец што ке ги држи Арапите под контрола а Ф35 иако сестран не е чист ловец а за лупање по земја имаат доволно.

За да се држат Арапите (палестинците, а и другите), на Израел не му се потребни некои супер летала, доволни се и некои поедноставни, поефтини...

Инаку иако се доста напредни,далеку се од правење нешто подобро од САД или Русија.
Пред се поради финансии, ама и поради научници... иако на полето на улично војување Израел според мене се најнапредна земја во светот...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom