Па гледано економски,богами и им треба кеш...па се принудени да продаваат технологија и те како...ехаа далеку се кинезите за дело како фланкерот,ама купуваат сухои...и ќе продолжат,русија најверојатно на кинезите во рок од 3-5 години и С-400 ќе им го испорача,а може Кинезите имаат резерви(девизни) доволно ако сакаат да купат оперативни полкови...ништо чудно-ете нарко босови користат руски подморници за пренос на дроги во САД...можат и кинезите да купат дел од спецназ ќе биде таман.
со оглед на вредноста на животот во руската армија-која е прва по суицид...можеби и подобро е некој полк да се продаде.
Статистиката вели дека и покрај психијатриските третмани, сепак оваа година американската војска не успеа да го спречи поставувањето на новиот неславен рекорд во бројот на војници кои си го свирнале меѓу очи.
Бројот на самоубиства меѓу американските војници оваа година го надмина минатогодишниот рекорд, со 211 припадници на активниот и резервниот состав кои си го одзеле животот, објави Пентагон.
Од јануари до средината на ноември, потврдени се самоубиствата на 140 припадници на активниот состав на копнената војска и 71 припадник на резервниот состав на војската и Националната гарда, изјави генералот Питер Чиарели, заменик-шеф за персонал во американската војска.
Ова е највисока бројка од 1980., кога војската започнала да води официјална статистика.
„Говорејќи отворено, ова не е едноставен проблем со одредена низа на симптоми или маркери“, изјави генералот Чиарели на конференцијата за новинари во Пентагон.
„Нема лесни одговори, ниту решенија. Се уште немаме пронајдено некоја статистички значајна причинска врска која би ни овозможила поефективно да го предвидуваме човечкото однесување“, додаде тој.
Генералот Чиарели нагласи дека од март оваа година војската, во соработка со Националниот институт за ментално здравје, применува бројни програми за ублажување на воениот стрес, како и за превенција и спречување на самоубиствата меѓу војниците.
Речиси една третина од овогодинешните самоубиства се забележани во јануари и февруари, од кога и трендот започна да опаѓа, благодарејќи на споменатите иницијативи, откривањето на недијагностицирани душевни болести и отстранување на стигмите над психичките тегоби на војниците, рече генералот Чиарели.
Програмата „Сеопфатната кондиција на војникот“, низ која се подига неговата физичка и психичка подготвеност за заминување на боиштата во Ирак и Авганистан се покажува како прилично успешна, се пофалија од војската.
www.kajgana.com
И велиш Русија е прва по самоубиства?
.
Руската во сите војни се покажа како непрактична и несоодветна...освен АК,рпг..
Да бидеме реални
Да бидеме реални до крај. Тие што го користеа Руското оружје (авиони, хеликоптери, пушки, транспорт, тенкови и сл.) какво искуство имаа? -Никакво. Каква обука имаа? -Никаква. Во каква временска разлика беше во однос на Западното оружје? - 20-30 години. Бројноста ?!?
За да се спротивстават Американското и Руското оружје сето од горе наведеното треба да биди во рамнотежа. Дури тогаш ќе се знае кој има подобро оружје!