- Член од
- 12 мај 2009
- Мислења
- 46
- Поени од реакции
- 3
Само две можности
Има само две алтернативи, само две можности. Мораш или да Го примиш Исус или да Го одбиеш.
„Но", ќе си речеш, „можам да бидам неутрален. He морам да застапувам ни еден од овие ставови. Нема да Го примам, но нема ни да Го одбијам."
Слушај сега! Во џебот имам еден подарок за тебе, но нема да ти кажам ништо за него. Сè до тогаш можеш да бидеш неутрален. Меѓутоа оној момент кога ќе го извадам од џебот и ќе ти го понудам, тогаш мораш да донесеш одлука. He e можно после тоа да останеш неутрален.
Порано, кога се уште си немал слушнато за Исус Христос, си можел да бидеш неутрален. Но од моментот кога ти бил понуден, ти мораш да донесеш одлука. Од тој ден, па до сега не си бил неутрален, ниту пак ќе можеш некогаш да бидеш. Секој пат кога ќе слушнеш покана, ќе мора да се одлучиш - да Го примиш Исус или не.
Ако вечерва не Го примиш Исус, тогаш Го отфрлаш. Или едното или другото. Можеш да останеш да седиш, без да реагираш, без воопшто да мрднеш. Но, веќе со самото тоа си покажал, барем што се однесува до денешната покана дека Го отфрлаш. Дали повторно ќе Го отфрлиш или токму сега ќе Го примиш за свој личен Спасител. Одлуката треба сам да ја донесеш.