Меѓународно движење против промена на името

Член од
28 март 2006
Мислења
17.773
Поени од реакции
12.237
Арно, арно...во право сте биле
Го занемарив фактот дека, кога се работи за грци, потребно е секоја нивна постапка или изјава (плус нецелосно/погрешно пренесена на нашите медиуми) да се измери 5 пати
Нема потврда од Грција дека се откажува од позицијата erga omnes



Медијаторот Метју Нимиц нема доставено нов предлог до Македонија, а од Грција нема никаква потврда дека се откажува од erga omnes.Ова е коментарот на премиеорт Груевски на информациите објавени во грчкиот весник Парон,дека Папандреу ќе се откаже од настојувањето компромисното име да биде за севкупна употреба,на што Грција претходно инсистираше.
- Во Грција практично започна кампањата за локалните избори, па треба да се воздржиме од лесно прифаќање на тезите што се искажуваат во нивните весници во врска со името. Тоа не значи дека треба да се исклучат од нашите анализи и секојдневни коментари, но да се прифаќаат со резерва, изјави Груевски
 

cokance

Затишје пред курац.
Член од
11 август 2008
Мислења
686
Поени од реакции
145
ако името е свето,
а свето е газда на тикваш, а тивеш неплатил пари за ланското грозје и сега македонија е на пола поделена со штрајкови за тоа грозје, значи ли тоа поделба на македонија?!?

:nesum::nesum::nesum::kesa::kesa::kesa::oeoeoe:
 
Член од
15 септември 2010
Мислења
6
Поени од реакции
0
Точно е дека имаше грчки платеници како А1 телевизија и опозицијата.Ама што зборуваш па ти.Ти Никола дека Груевски го заштитил државното име.Јас Груевски во секое интревју го слушам како вели дека чека погоден компромис.Исто така го одобрува референдумот.И јас во почетокот мислев дека оваа влада нема да направи отсапки за името но тоа беше времето кога Груевски велеше самиот дека нема да направи отстапки за името.Сега тој вели дека е подготвен на компромис.И кој му го дал тоа право на него да одобрува референдум за име.Зарем нашава генерација има право да одлучува за името на државата во која живееле и минатите македонски генерации.
Кој им дал на нив право да преговараат за името.Преговарање за име на држава е велепредадство.Преоговорите ги почнале без дигање многу врева пред подолго време.Ако пак преговорите ги почнала друга влада зошто груевски не ги заврши.Ако преговараш мораш да се сложиш на компромис.Нешто добиваш, нешто даваш.
Се надевам дека си во право ама по изјавите на груевски ние покажуваме пред светот дека сме подотвени на некаков компромис.Кога преговараш за име компромисот ќе биде во врска со името и ништо друго.Не ме интересира дали си симпатизер на вмро,јас не сум на никого,само кажи ми без заобиколување како можеш да велиш дека ќе го задржиме своето име кога премиерот зборува за компромиси.Нас не треба да не интересираат интересите на пратиите и ние не треба да ог браниме груевски или бранко.Единствено што треба да не интересира е државата, па така да без бранење на никакви интереси кажи ми како ти го сфаќаш прифаќањето компромиси и одобрувањето на референдум од страна на владата.другите партии се веќе докажани предавници,не треба ни да зборуваме за нив но еве зборуваме за партија која откако дојде груевски важеше за заштитник на државните интереси но сега излегува дека тоа било маска.
Ме интересира и зошто организиравме протести пред една година кога премиерот велеше дека нема да има никаква промена и референдум а сега кога дава вакви изјави и кога притисокот за името е најголем никој не организира никакви протести.Зошто сега веројанто го припремаат народот за промена па не им треба нереди а пред една година кога се знаеше дека нема да има промена во скоро време протестите беа добродојдена реклама на владата која иако не ги организираше тие протести во тоа време излегуваше под маската дека се заложува само за името македонија и ништо друго.Како може народот да е слеп и да ги заборава овие работи.
 

@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.113


против промена на името - колку повеќе чекаме- повеќе губиме
 

THE_CHOSEN_ONE

1903-2012
Член од
13 август 2007
Мислења
3.724
Поени од реакции
1.333
Груевски: Опозицијата ги поткопува позициите во преговорите за името

Премиерот Никола Груевски при денешната посета на Пробиштип изјави дека го загрижува ставот на опозицијата да се прифати име со географска одредница за севкупна употреба што би значело и промена на Уставот.



- Вчера се објави веста дека Грција не отстапува од едно име за употреба за Македонија што значи и промена на Уставот. Потоа целата опозиција преку медиумите кажа дека треба да бараме начин да се договориме со Грција. Навистина сум збунет и ме загрижува ставот на нашата опозиција да прифатиме име со географска одредница за севкупна употреба што ќе значи и промена на Уставот, рече Груевски одговарајќи на новинарско прашање за критиката на опозицијата да се бара датум за преговори и без решение за името.

Во однос на идејата на претседателот на СДСМ Бранко Црванковски „стан за секого во државата“, премиерот рече дека тоа не е идеја на Црвенковски затоа што некои други држави во соседството имаат вакви активности.

- Човекот и понатаму се обидува да манипулира со граѓаните. Тоа го направија во соседната држава Србија и ние сме запознаени со оваа активност. Нема да го лажеме народот стан за секого зошто тоа е нереално. На размислување сме ако веќе влеземе во реализација на оваа активност државата да субвенционира дел од каматата, нагласи Груевски.

Запрашан за криминалното работење на градоначалникот на општина Сопиште Јован Ѓорѓијоски, премиерот Груевски рече дека кога ќе се проверат фактите за кои се обвинува градоначалникот на Сопиште тогаш ќе се објави во јавноста, додавајќи дека не поддржува толеранција за оние кои го кршат законот.

Груевски зборуваше и за проекцијата на Владата за раст на индустриското призводство во идната година од 3,5 проценти со надеж дека тоа и ќе се оствари.

За легализацијата на дивоградбите во Македонија, Груевски посочи дека со донесувањето на Законот за легализација на дивоградбите и граѓаните и општините ќе имаат корист. Со легализацијата приходите што ќе ги добиваат општините ќе бидат насочени во развој на самите општини.

Во однос на ставот на Владата за едно евро за метар квадратен градежно земјиште, Груевски рече дека ова ќе даде резултати и најголема придобивка ќе имаат општините.

По денешната посета на фабриката за акумулатори „Весна Сап“ во Пробиштип, премиерот изјави дека оваа фабрика е една од поуспешните во македонското стопанство бидејќи во 2009 година во време на економска криза не само што не го намали производството и не отпушти работници, туку го зголеми производството и учествуваше во севкупниот извоз на државата. - Фабриката за акумулатори има добри развојни планови и ние како Влада ќе се вклучиме во стимулирањето за отворање на нови работни погони, а со тоа и нови работни места овде во Пробиштип, рече премиерот Никола Груевски.
 
Член од
4 јули 2008
Мислења
6.134
Поени од реакции
1.896
Да бевме Јужно Американски земји наместо црвени ќе имавме бели линии и ќе ги шмркавме.
 
Член од
7 октомври 2008
Мислења
6.055
Поени од реакции
6.443
Робин О Нил: Името на државата е екслузивна работа на народот на Македонија
19.09.2010 - 12:18
Името на државата е екслузивна работа на народот на Македонија, смета првиот посредник во грчко-македонскиот спор околу разликита за името, амбасадорот Робин О Нил.


- Македонијата треба да ја бара најблиската можна врска и со НАТО и со Европската Унија и ако не е членка, како на пример преку статус на соработник и практична соработка која нема да биде предмет на вето...., изјави во интервјуто за програмата „ Гласот на народот“ О Нил.

Тој додава дека во извештајот за неговите дискусии во 1992 година, ја забележал волјата на тогашната влада на Македонија да бара парламентарно одобрување за измена на името на државата „само за меѓународни цели“ и тоа во „Република Македонија (Скопје)“ доколку тоа би водело до нејзино признавање од страна на сите земји членки на ЕУ и дека за ова не би биле потребни измени на македонскиот Устав.

- Владата не беше спремна значително да го измени името на Републиката бидејќи тие не веруваа дека ќе го добие потребното одобрение од член 131 од Уставот т.е. да вклучи референдум...“, вели О Нил.

Според О Нил, Република МАкедонија нема причина да размислува да го промени своето име кога веќе била признаена под тоа име од голем број на држави.

- Сметам дека ако Владата размислува да ги даде измените на името во рацете на македонскиот народ, тие ќе бидат доволно мудри да бараат потврда дека сите соседи на Македонија тогаш ќе ја третираат државата со целосна почит и пријателство, вклучувајќи ги и сите противења на членствотото на Македонија во ЕУ и НАТО, вели О Нил.

Тој посочува дека доколку измената на името сеуште го вклучува зборот Македонија, тоа навистина би значело крај на сите непријатности кои Македонија мораше да ги соочи и да ја постави државата на своето вистинско место на Балканот и во Европа, а тоа би било прашање за народот на Македонија и од нив би се барало да го дадат своето мислење за ова.

- Ако Владата на Македонија реши да не се труди да го измени името на државата, тогаш треба да направи се што може за да ја добие подршката од сите земји членки на ЕУ и НАТО вклучувајќи го и притисокот да се престане со противењата од грчка страна, смета О Нил.

Тој додава оти не е убеден дека измената на името ќе значи само по себе крај на притисокот врз Македонија или дека ќе донесе целосно пријателство и великодушност од страна на соседите на Македонија. - Напротив, тоа ќе биде сметано за знак на слабост, вели О Нил.

- Владата на Македонија треба да се обрати до членовите на владите на ЕУ и да инсистира тие да повикаат кои било службени лица од Европска комисијата кои се изјаснуваат на овој начин. Надворешните односи на ЕУ не се предмет на работа на Комисијата, вели тој.

http://sitel.com.mk/dnevnik/makedonija/robin-o-nil-imeto-na-drzavata-e-eksluzivna-rabota-na-narodot-na-makedonija
 
Член од
7 октомври 2008
Мислења
6.055
Поени од реакции
6.443
Папандреу:" Решение во рамки на нашите позиции"

http://a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=127629

Bravo za Gejovite se gleda deka se spremni na kompromis...Samo sto ocigledno nie a i ostanatiot svet ne go razbirame zborot "kompromis" koj na Gejovski vo prevod znaci "ke igrate taka kako sto ke vi kazeme"...

Za sreka nie toj zbor go razbirame kako " ne go gledate toj film"...

 

theMac3donian

Мак3донецот
Член од
5 февруари 2007
Мислења
3.690
Поени од реакции
259
wdf.jpg

Незнам што да кажам само... :(
Ќе не пукнат веќе. Незнам Македонија уште колку време може да издржи вакви тушеви.

п.с. Веста дека НИМИЦ не планира нов предлог е постара.
 

Славјански

Антички Словен
Член од
2 мај 2008
Мислења
5.644
Поени од реакции
1.346
Оваков мазохизам нит имало нит ќе има.

Едноставно треба да се постават работите.
ЕУ и НАТО има услов за нас, промена на име, па влез.
Македонија ако сака во ЕУ и НАТO, треба да го смени името, факт.

Ако не сака, треба да одговори на НАТо и ЕУ со официјално писмо дека Македонија и Македонскиот народ не се спремни да направат отстапка која го крши основното човеково право за самоопределување и спремни сме во иднина за соработка со овие организации по различни прашања од заеднички интерес во духот на пријателството и соработката.

Енд оф дискашн.
 

theMac3donian

Мак3донецот
Член од
5 февруари 2007
Мислења
3.690
Поени од реакции
259
Оваков мазохизам нит имало нит ќе има.

Едноставно треба да се постават работите.
ЕУ и НАТО има услов за нас, промена на име, па влез.
Македонија ако сака во ЕУ и НАТO, треба да го смени името, факт.

Ако не сака, треба да одговори на НАТо и ЕУ со официјално писмо дека Македонија и Македонскиот народ не се спремни да направат отстапка која го крши основното човеково право за самоопределување и спремни сме во иднина за соработка со овие организации по различни прашања од заеднички интерес во духот на пријателството и соработката.

Енд оф дискашн.
Ако тоа Македонија го направи а нема грб ова ќе се случи:
1. Ќе почнат економски да не запостават уште толку.
2. Ќе си прават гејлада, бугарија и србија што сакаат (пасоши, блокади, малтретирања)
3. Ќе ни наметнат војна.
4. Ќе не федерализираат.
5. Ќе ни убијат некој лидер.
6. Ќе не делат.
7. Ќе направат се за да не сотрат.
8. Ќе се откажеме од своето.
9. Ќе не интегрираат преку ноќ.

Еве го сценариото.
Ако имаме пак некаков грб, процесот ќе е ист само ќе биде малку побавен.

:jaj:
Мрачно размислувам? ЕУ скептицизам? Одбивност кон НАТО?
Епа и моето куче знае кога не се замарам со него.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom