Еве интересна вест. Браво поддржувачи на Македонија, од се срце ви благодариме на сите кои со големо срце ја согледувате и цените вистината.:smir:
Видеото не е цело во ред, меѓутоа и почетокот е доволен, се надевам ќе го видиме цело наскоро , со слика и тон.:wink:
http://89.205.123.41/video/makedonija/evropskite-parlamentarci-se-skaraa-za-makedonija
Употребата на името Македонија, беше причина за остра размена на реплики на синоќешната пленарна сесија на Европскиот парламент.
Се расправаше за Предлог резолуцијата за проширување на Европската унија на Западен Балкан, Турција и Исланд, предложена од Надворешно-политичкиот одбор на Парламентот.
На грчкиот европратеник Николаос Салавракос, кој бараше од европратениците да не го употребуваат името Македонија, туку да се служат со привремената референца, остро му се спротистави германскиот европратеник Берндт Поселт.
- Македонија е Македонија и Македонија ќе си остане. Да се дискутира за ова, сигурно дека нема да и се помогне во ништо на соседната земја, рече поселт потсетувајќи на сличниот став на лидерот на европските Зелени Даниел Кохн-Бендит.
Како што јави радио Дојче веле - програма на македонски јазик, Поселт претходно побара да се ублажат формулациите во резолуцијата, во која има премногу обвинувања за Македонија кога станува за билатералните добрососедски односи, бидејќи според него, одговорноста не е само кај неа.
Претседателот на делегацијата на Европскиот парламент за соработка со Македонија, германскиот европратеник Јорго Шацирмакакис, смета дека единствениот проблем за земјата е проблемот со името.
- Потребно е едноставно да се прескокне една сенка. Двете страни мислам дека се подготвени да одат чекор подалеку. Во петок на една петминутна средба на премиерите на двете земји нема да се успее да се реши целото прашање. Но, важна е целта, потребно е повеќе време за да се најде трајно решение. Во спротивно може да се најде избрзано решение кое ќе биде катастрофално на долгорочен план, порача Шацимаркакис. Потсети дека Европскиот парламент треба да помогне со охрабрување на двете страни да најдат трајно решение со широко поле на спроведување.
Претходно тој во изјава за Радио Дојче веле рече дека е најдено решението за името.
- Двете земји веќе го имаат најдено името. Но, неговото користење е тоа што создава проблеми. Но, со духот кој владее во моментот, мислам дека имаме можност да најдеме решение сега, изјави Шацимаркакис.
Пратениците во Европскиот парламент по синоќешната дебата денеска ќе гласаат за Предлог резолуцијата за проширување на Европската унија на Западен Балкан, Турција и Исланд.
- Советот на ЕУ на Самитот на 7 декември да ја потврди препораката на Европската комисија за почеток на пристапните преговори со Македонија, се бара во резолуцијата.
Во документот, почетокот на преговорите не се условува со претходно решавање на спорот за името, но се охрабруваат Македонија и Грција да ги интензивираат напорите за да го окончаат проблемот, бидејќи како што се посочува, можно е изнаоѓање заемно прифатливо решение.