Меѓународно движење против промена на името

  • Креатор на темата Креатор на темата Misirkov
  • Време на започнување Време на започнување
Не успеав да ја постирам анализата на Мирка Велиновска минатата недела, па сега тоа го правам. Особено ќе ми е драго ако старата курва Вавилонска се задави на Македонија.

Must read:

Грчкото најавено вето е јамка за иднината на ЕУ

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=11119107136&id=9&setIzdanie=21834

<<Едитирано од Princ>>
 
Мислам дека грците ја покачуваат таканаречената црвена линија во овој период, за пред самитот да направат мала остапка од таа линија која сепак ќе биде далеку во нивна корист а ние ќе излеземе криви накрај, и нападнати од европската заедница за неконструктивност во преговорите.

Одлична статија на Мирка како и секогаш.
Веројатно е дека, доколку се случи повторување на грчкото вето, Македонија ќе побара расправа за својот случај во Советот за безбедност. Јасно е дека тоа не е место кое како разврска го посакува Атина, иако ризици постојат и за македонската страна. Но, таму најмалку влијание имаат грчките поткупи, оти оние пет земји со право на вето играат на крупно. А да не говориме за макотрпната работа да се купуваат и поткупуваат владите на двесте држави со право на глас. Веројатно на тоа мислеше Андреас Папандреу, кој ги потсети своите сонародници дека ако спорот се отвори во ООН, во Советот за безбедност, Грција мора да се соочи со три држави што ја признале Македонија со нејзиното уставно име.

Мора да се цели на ова.
 
:)
Колку интересна работа ми е ова протест, ме потсетува на сточен пазар каде се стрижат овците за волна за правење волнени гунчиња кој ќе ги носи после тоа некој од нашиве браќа по крв, некој кетчап албос.......Протестов не е наменет за името, а уште помалку за државата, наменет е за некој да добие на поени.
 
а ти не сакаш да учествуваш во туѓ филм, уживајси седи си дома гледај ги овците на ТВ пукај сеир дигај му го рејтингот на велија
 
а ти не сакаш да учествуваш во туѓ филм, уживајси седи си дома......

Па ќе си уживам што очекуваше ти, нема како тебе да се лажам да го величам некој си Тодор Петров патриотот со ВМРО-ДПМНЕ кокардата на неговите тегли.Само се протестира во државава...... А не се реагира.Трагедија, затоа уште триесет години има да не зафркаваат како што сакаат........Ако постоиме.
 
Па добро де Борг не мора одма у старт да маваш етикети ВМРО-СДСМ.Излези ма мирен протест кажи дека не се слагаш со промена на името.
 
Па добро де Борг не мора одма у старт да маваш етикети ВМРО-СДСМ.Излези ма мирен протест кажи дека не се слагаш со промена на името.

Види кој го организира протестот, јас сум бил на повеќе протести од овој кој смета дека треба Македонија да се вика „Ганџа Фарминг Македонија“ (аватарот де, без навреда.).Не дека не би отишол на протест, ама кога ќе видам дека го организира човек кој до вчера го молеше Груевски да стане дел од неговата екипа, од екипата која го продава името во моментов, ми оди да............... Знаеш, да не зборам сега, има мали деца на форумов.И се разбира, време е еднаш да се превземат радикални мерки.
 
Па добро де Борг не мора одма у старт да маваш етикети ВМРО-СДСМ.Излези ма мирен протест кажи дека не се слагаш со промена на името.
:smir::smir::smir::smir:

Време е народот да го каже СВОЕТО- и да го крене гласот ЗА СВОЕТО
 
Па ќе си уживам што очекуваше ти, нема како тебе да се лажам да го величам некој си Тодор Петров патриотот со ВМРО-ДПМНЕ кокардата на неговите тегли.Само се протестира во државава...... А не се реагира.Трагедија, затоа уште триесет години има да не зафркаваат како што сакаат........Ако постоиме.

уживај :smir:

Под лупата сме на армија политиколози, социолози, психолози – го следат секој наш тик, си спремаат докторати на нашата глупост а ние прекалени европејци не сакаме да ги разочараме секојдневно им нудиме по некое ексклузивно изненадување издигнувајки го мазохизмот на ниво на уметност, секојдневно сакатејки се на нашите европски пријатели им приредуваме фрикшоу какво што не можат ни да замислат.

Тие не очекуваа ваква претстава, се надеваа на шоу со оглед на средствата кои што ги вложија но не очекуваа спектакл тие во својте земји имаат геј паради но вакви педеришта досега немаат видено, а тоа ја комплицира целата ситуација го продлабочува заплетот и остава можност да се појави некој можеби не-супер ама сепак ХЕРОЈ.

Читајки ги и гледајки ги нашиве политичари, аналитичари, новинари, коментатори не може а да не се забележи нивната сексуална фрустрација -– тие сакаат да го ОМЕКНАТ ЦВРСТИОТ став на радикалите, тие сакаат во нивниот бордел да не вработат сите, сакаат да го прифатиме нивниот курвински морал, од устите им излага ПЕНА кога зборуваат за СТАПОТ и МОРКОВОТ а во очите им се појавува искра при помислата дека сите се како нив, помислата дека тие се дел од тињата а не самата тиња ним им дава животна сила.

Али баба и четириесете разбојници организирани по разно разни тинк-тенкови, медиумски групации, здруженија на работодавци, кластери за текстил, невладини, провладини и незнам уште што не секојдневно газејки го нашето достоинство опасно приближувајки се до точката од која нема враќање РОБОТ, поробениот, понижениот природно е да се побуни.

На 3aедницата за јаглен и челик мора да и се предочи дека и при евентуално изгубена битка војната не завршува, ќе се родат нови генерации, ќе се проретчи македонскиот простор, не еднаш ни било забрането да се мислиме себеси...
 
Па ќе си уживам што очекуваше ти, нема како тебе да се лажам да го величам некој си Тодор Петров патриотот со ВМРО-ДПМНЕ кокардата на неговите тегли.Само се протестира во државава...... А не се реагира.Трагедија, затоа уште триесет години има да не зафркаваат како што сакаат........Ако постоиме.

Борг...тука не се работи за индивудуа,туку колектив:smir:

Ова ми остави силен впечаток.

За разлика од пред еден век, македонскиот народ е свесен и за пропагандите и за центрите на моќ што ги организираат и е чудесно одлучен да не се самоукине. Освен оние малобројни несреќници што без око да им трепне би смениле идентитет и, за еден бугарски автомобил, за грчка пензија или упис на Харвард би се прекрстиле во Пламенчо, Јоргос или Ларс.
 
Борг...тука не се работи за индивудуа,туку колектив:smir:

Тој колектив не разбира дека таа индивидуа на тој колектив си гради политичка кариера..Али ајде пишувањето е бесполезно, наскоро ќе се викаме „Ганџа Фарминг Македонија“.
 
Тој колектив не разбира дека таа индивидуа на тој колектив си гради политичка кариера..Али ајде пишувањето е бесполезно, наскоро ќе се викаме „Ганџа Фарминг Македонија“.

Ама пак да повторам...не се работи за индивидуа,што е со раселените македонци од егејот,иселениците...

Од кај ти текна ганџа фарминг жити се...да не диктира Борг Куин а(од марс:pos2:)???

Она ќе да е...дефинитивно.
 
Тој колектив не разбира дека таа индивидуа на тој колектив си гради политичка кариера..Али ајде пишувањето е бесполезно, наскоро ќе се викаме „Ганџа Фарминг Македонија“.

Добро, кој тебе би успеал да те изведе на улица за да протестираш против промена на името. Не е доволна констатацијата дека името е веќе сменето и затоа не излегуваш. Човечки е да го кажеш своето не, доколку си убеден во тоа. А секако заради принцип можеш и јавно да истакнеш парола дека си излезен заради сопствено убедување, а не заради Тодор , Никола, Бранко итн. Тогаш тежината на твоето не ќе биде уште по убедлива, заради тоа што никој нема да те става како нечија опција, а ти можеш револтот да го реализираш со мирна совест и со морален долг кон нашата држава која во овој момент очајно повикува на помош. Разглабањето политика заради алиби за не излегување, е само кукавички начин да не се оддолжиш во овој момент на сопствената држава Македонија.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom