bama
† Револуционер †
- Член од
- 1 февруари 2007
- Мислења
- 2.040
- Поени од реакции
- 362
Барањето на Македонската алијанса за корекции на Албанската енциклопедија без резултат.
Нашинците од властите во Тирана успеале да издејствуваат средба со заменикот на тамошната Академија на науките и уметностите, но и од него не добиле оптимистички ветувања. Барањата за промена на делот во кој Македонците се нарекуваат како славомакедонци и дојденци во Албанија како луѓе без корени било објавено само во дел од медиумите.
Ако не успеат во битката за промена на информациите и вистински приказ на македонското малцинство, од Македонската алијанса за навредливите содржини ќе реагираат и до меѓународниот фактор. Ќе побараат од американската амбасада и претставникот на Европската унија да им помогнат во надминување на проблемот.
Додека Македонците во Албанија се борат за промена на само мал дел од енциклопедијата на Албанија, кај нас на големо се вршат промените на над 20% од нашата Македонска енциклопедија. Според зборовите на претседателот Старделов интензивни се дебатите за потребните промени кои беа побарани од албанскиот фактор во државата. Додека кај нас се вршат промени, Македонците за своите барања во Албанија не добија ниту поддршка за промените кои нас не отсликуваат во соседството.
извор :
www.sitel.com.mk