Решение за името нема да се најде до декември - анализираат грчки експерти
Средбата Груевски – Папандреу во Брисел е добар знак за решавање на проблемот со името, оценуваат дел од грчките аналитичари. Оптимизмот дека ќе се најде решение во скоро време постои, но тоа нема да се случи до декември. Аналитичарот Јоанис Михалетос смета дека до декември за грчката влада поприоритетно ќе биде турското и кипарското прашање, отколку спорот за името. Поради тоа, но и поради немањето заедничка стратегија на Унијата кога ќе ги прими земјите од Балканот, нема да се постигне договор за датум за преговори со ЕУ. Михалетос гледа можност за договор за името и покрај поставените црвени линии.
- Меѓу овие линии има простор за тактички маневар. За деталите можат да направат значителен напредок. Мислам дека новата влада навистина ќе се фокусира на прашањето за името, но не пред јануари, поради тоа што сега во Грција го имаме прашањето за грчко-турските односи и прашањето за Кипар. Така што мислам дека прашањето за името е на трето место, а можеби ќе биде на прво по почетокот на 2010 година, изјави Јанис Михалетос политички аналитичар.
Грчкиот професор Аристотел Циампирис за Гласот на Америка на македонски јазик оценува дека решението на проблемот е во географската одредница и немањето монопол врз историјата.
„Ако спорот се реши со име со географска одредница, тоа значи дека никој нема право да бара монопол врз историјата на регионот,
идентитетот, симболите
... Размислувањето е дека ако името е Северна Македонија – нешто што означува географија,
но не идентитет или историја, тогаш никој не го монополизира името и она што доаѓа со него и сите тргнуваме напред“, изјави професорот Аристотел Циампирис за Гласот на Америка на македонски јазик.
Нова рунда преговори за името не се најавува. Причината, како што објави Канал 5 е што Грција се чувствува за неподготвена за нова средба со Нимиц. Не бил изграден консензус до каде би одела грчката влада во отстапките во договорот. Македонската страна ги демантира гласините во Грција дека веќе една недела се водат тајни разговори на дипломатско ниво.
30.10.2009
izvor:
http://www.kanal5.com.mk/default.aspx?mId=37&egId=13&eventId=54863
Sekoj shto prodava prikaski za mali deca, deka ako se prekrstime vo severna demek nema nishto da izgubime, se nadevam deka e svesen za opasnosta po nego i negovata familija.....................................
Mislam deka sorosoidite i ostanatite prodadeni kopilinja treba da vnimavaat shto zboruvaat i pravat vo ovie teshki momenti za Majka Makedonija bidejki mirisa rabotata deka ke letaat glavi!