СРЕДБА ГРУЕВСКИ-ПАПАНДРЕУ

  • Креатор на темата Креатор на темата ogledalo
  • Време на започнување Време на започнување

ogledalo

провинцијалец
Член од
12 мај 2008
Мислења
3.198
Поени од реакции
174
Папандреу и Груевски веднаш по партиските состаноци ќе заминат во седиштето на Советот на ЕУ, за сега нема индикации за присуство на трета страна на оваа средба. Состанокот би требало да биде чисто билатерален, а веднаш потоа Македонија и Грција се очекува да објават заедничко соопштение со усогласен став за преговорите за спорот со името.

НА ВЕБ СТРАНАТА ОДЕШЕ ТИТЛ ДЕКА СРЕДБАТА Е ЗАПОЧНАТА.

Како и да е НЕ ме бендисува ако се има намера да се договара и преговара.

3а нас секој договр значи измена на името!!!!!
 
Па изгледа Реалниот беше во право а?И сега ни останува од двата да го одбереме едниот.Ај нека биде јас не сум за глупавата двојна формула Република Македонија-Скопје.Јас би одбрал Република Македонија-Битола,Скопје,Прилеп, Тетово,Охрид,Велес,Струмица итн итн ме смрзи да пишувам.
 
Реалниот е координиран со А1...кај ќе испуштат ваква шанса да плукаат по Грујо.
 
Реалниот е координиран со А1...кај ќе испуштат ваква шанса да плукаат по Грујо.
Да не тргнат работиве во некоја несакана насока па после да се расплукаме лигајци се да направиме:nesum:
 
Одамна е тргната....подфорумов секој ден добива по некоја тема која порано одеше во политика подфорумот.И оваа ми е навистина чудна.Уште не сме сигурни дали имало средба а веќе се почна со плукање...
 
Па изгледа Реалниот беше во право а?И сега ни останува од двата да го одбереме едниот.Ај нека биде јас не сум за глупавата двојна формула Република Македонија-Скопје.Јас би одбрал Република Македонија-Битола,Скопје,Прилеп, Тетово,Охрид,Велес,Струмица итн итн ме смрзи да пишувам.

не, реалниот се сити на секој обид за смена на името...ама и во тој случај ``неговите`` пак нема да се амнестирани. тие се докажани БЛАНКО предавници
 
Одамна е тргната....подфорумов секој ден добива по некоја тема која порано одеше во политика подфорумот.И оваа ми е навистина чудна.Уште не сме сигурни дали имало средба а веќе се почна со плукање...
Страмежливо ама вистинито.Кајгана е единствениот форум без политика.Да се протне нешто ако се може.Македонска работа:nesum:
 
Премиерите на Македонија и на Грција, Никола Груевски и Јоргос Папандреу, попладнево имаа получасовна средба во зградата на Советот на Европската унија во Брисел.
Двајцата премиери, јави дописникот на МИА, по средбата одржана зад затворена врата, не дадоа изјави за медиумите.
Како што беше најавено, Груевски и Папандреу на првата меѓусебна средба иницирана од грчкиот премиер, требаше да разговараат за прашањето за името, како и за македонските евроатлантски перспективи, и во тој контекст добиениот позитивен извештај од ЕК и препораката за старт на преговорите за членство во ЕУ.

а1
 
Бугарија и Грција се наелектризираа од изјавите на македонскиот премиер

Изјавите на премиерот на Македонија, Никола Груевски, дадени за време на неговата посета на Австралија, дека Македонците од Егејска, Пиринска и Вардарска Македонија, кои живеат и работат таму, се обединети предизвикаа голем бран на жестоки рекации во Бугарија и во Грција.

Груевски во Сиднеј, на средба со македонската заедница, рече дека Македонците во Австралија имаат уникатна можност да живеат заедно со своите сонародници од Егејска и Пиринска Македонија, што не е случај во нивната родна земја. Македонскиот премиер додаде дека нема вардарски, егејски или пирински Македонци, туку дека има само Македонци.

Вчера на овие изјави жестоко реагираше претседателот на Бугарија, Георги Прванов.

“Со недоумие ја примам изразената позиција на премиерот на соседна Македонија. Ја примам како недопустлива, како израз на територијални претензии. Тоа е недопустливо, уште повеќе што Македонија има амбиции да биде членка на ЕУ и тука сакам да споменам уште по силно она што го кажав пред девет – десет месеци, на почетокот на годинава, дека Македонија треба строго да ги исполнува сите критериуми за членство, оние кои се врзани со добрососедски односи и да не се дозволи спорни прашања да се внесуваат во рамките на ЕУ. Така бугарската поддршка за македонското членство во Евросојузот, повторно ќе кажам – не е безусловна. Тоа ќе зависи во голема мера до тоа какво ќе биде однесувањето на нашите соседи и дали ќе бидат навистина добри кандидати“, рече Прванов.

По него се огласи и премиерот на Бугарија, Бојко Борисов, според кого, “македонските политичари не треба да забораваат кон какви заеднички вредности сакаат да се присоединат, како што декларираа дека сакаат да влезат во ЕУ и во НАТО“. Вчера при пристигнување во Брисел тој изјавил дека со албанскиот премеир, кој побарал средба со него, ќе ги разгеда изјавите на Груевски. Борисов додал дека во Европа без граници, кон која Македонија аспирира, конфликтите не се решаваат такви изјави.

Реагираше и заменик министерот за надворешни работи на Бугарија Марин Рајков, кој изјавата на македонскиот премиер ја оцени како неумесна и дека тоа е обид за повлекување етнички линии меѓу граѓаните на Бугариј и граѓаните на Македонија.

Поддршка на позициите на бугарските власти им даде и контроверзниот Божидар Димитров, министер без ресор.

“Лично знам, од свои анализи и од многубројни неформални средби со македонски политичари, дека сегашната гарнитура на власт во Македонија, не сака земјата да стане член на ЕУ и на НАТО“, рекол Димитров.

Според бугарскиот европратеник Евгени Кирилов изјавие на Груевски не се случајни, туку се доказ за тенденција на ескалација на политиката на краен национализам, која од лани ја води лично премиерот на Македонија.

“Никаде во Европа, а и во светот, веќе не се збоува за територијални претензии“, додал Кирилов.

Реакции имаше и од Грција.

“Нема да влегуваме во никаков дијалог со господинот Груевски, со Скопје, за непостоечки прашања“, рекол Друцас, како коментар за изјавите на македонскиот премиер Никола Грувески.

Друцас посочил дека останува на својата стара позиција.

“Атина гледа отворено на односите со Скопје, и навистина сака да биде конструктивна... Мислам дека лидерите во Скопје треба да сфатат дека во нивни раце е изборот меѓу познатата агресивна, националистичка и иредентистичка реторика и конструктивниот и искрен дијалог за разрешување на спорот за името“, рекол тој.

Според Друцас има само едно решение.

“Сме го кажале многупати досега, а ќе ја искористам можноста да го повторам: име со географска одредница, кое ќе биде користено од сите и во секакви ситуации. Тоа е решението, кое ќе ј отвори евроатлантската перспектива на нашиот северен сосед, кого сакаме да го видиме во нашето европско семејство, колку што е можно побргу. Сметам дека тоа решение ќе придонесе и за стабилноста во регионот“, рекол грчкиот заменик министер за надворешни работи.

“Македонскиот премиер Никола Груевски направи иредентистички претендзии кон Грција и кон Бугарија во својот говор пред македонската заедница во Австралија, објави грчки “Неоскозмос“.
Грчката заедница во САД, вчера, изрази протест во врска со “антигрчката настроеност во Македонија и на македонската дијаспора“ во отворено писмо на организацијат на американците со грчко потекло - Панмакедонска асоцијација, публикувано од изданието на “Хеленик њус оф Америка“.
“Националисти од бившата југословенска република и нејзината дијапсора во своите изјави искажуваат омраза кон Грците“, било наведено во писмото, кое било пратено и до раководството на Универзитетот во Јута, каде на почетокот на ноември, годинава, треба да се одржи конференција посветена на истражувања за Македонија.

“И покрај тоа што голем дел од учесниците на конференцијата се занимаваат стриктно со проблемите на Поранешната југословенска република Македонија, сепак има и политички лектори, кои атакуваат и го оцрнуваат народот на Грција, и ги искривуваат историските факти во своите вознемирувачки презентации. Официјални владини и академски извори во ФИРОМ, го негираат грчкиот суверенитет врз целата територија на државата Грција и северната грчка област Македонија ја нарекуваат ‘Егејска Македонија’ или ‘македонски регион пдо грчка јурисдикција’. Тоа се гледа и од последните изјави на македонскиот премиер, Никола Груевски, дадени пред македонската дијаспора во Австралија, но и од содржината на новоиздадената Македонска енциклопедија, издадена од Македонската академија на науките и умтеностите“, наведено е во протестното писмо.

Критички текст во врска со изјавите на премиерот на Македонија објави весникот “Навтемборики“, во кој се вели дека говорот на Никола Груевски е иредентистички, и дека предизвикал жестоки реакции од Бугарија.
 
Премиерите на Македонија и на Грција, Никола Груевски и Јоргос Папандреу, попладнево имаа получасовна средба во зградата на Советот на Европската унија во Брисел.
Двајцата премиери, јави дописникот на МИА, по средбата одржана зад затворена врата, не дадоа изјави за медиумите.
Како што беше најавено, Груевски и Папандреу на првата меѓусебна средба иницирана од грчкиот премиер, требаше да разговараат за прашањето за името, како и за македонските евроатлантски перспективи, и во тој контекст добиениот позитивен извештај од ЕК и препораката за старт на преговорите за членство во ЕУ.

а1

Грешка во чекори.....

Не требаше да оди на првата свирка, требаше да изиграва млада невеста на која и треба долго и големо молење......
...колку ли пати грците беа молени за средби ама нив ги болеше лево маде за тоа.......вака излегуваме како куче на кое му фрлаат топче...
 
Otide imeto...Stom ednas sednes da pregovaras, znaci priznavas deka ima nesto za pregovaranje, i mora da se smeni...
 
Тоа би бил голема грешка Воне, кредитите за такви лапсуси ги искористивме со прекрстувањето на аеродроми, улици и целата таа популистичка кампања наречена антиквизација од опозицијата која не преобрати од жртвени јагниња во провокатори и потенцијални аспиратори на Европа па така сега притисокот не е врз Грција туку врз нас,за разлика од нашиот вожд Папандреу знае дека ова е најповолниот период за да извлече решение за разлика од нашето кое беше непосредно пред и по Букурешт кога ние се обидувавме да покажеме заби наместо да замавтаме со опашот и да добијаме корка.
Изгледа ништо не научивме од рамковни ни браќа кој константно мавтаат со опашките и си поткаснуваат ковчиња
 
Otide imeto...Stom ednas sednes da pregovaras, znaci priznavas deka ima nesto za pregovaranje, i mora da se smeni...

Од кај толку сигурен???

Само двојна формула и точка.

Реферундум....нема потреба бидејки очигледно е дека имаше ветувања од владејачката партија,и врз основа на тие ја доби довербата на народот...така да...страв ми е ако има референдум,а дотогаш не верувам дека кој и да е македонец ќе потпише да бидеме северњаци...тоа е одрекување од самиот себеси,од историјата,нејсе па и гоце делчев,и сите македонци одма ќе станат бугари...пошто ете се бореле ЗА МАКЕДОННИЈА-но НЕ СЕВЕРНА:toe:

Тоа веќе од поодамна се знае.Ништо ново.

сеуште не,но останува да видиме...абе...ова ЕУ ЕУ ЕУ,НАТО НАТО...па тоа е илузија со која го вееа народот сите политичари,наместо да се свртат кон решавање на клучни економски прашања,ако имаме економија не ни треба ниту ЕУ ниту НАТО.

И на крај краеви свиткавме опаш уште на самитот во букурешт...наместо повлекување на војската...ние уште ко офци залетани.
 
Груевски: Референдум за името ќе има

prazno.gif
prazno.gif
30.10.2009 10:15

Референдум за името ќе има и за мене тоа е затворено прашање. Без референдум, без граѓаните да се изјаснат за евентуалното предлог-решение не постои можност да се реши проблемот со името, истакна премиерот Никола Груевски во интервјуто за дописникот на МИА од Брисел дадено пред заминувањето за Хаг каде што денеска треба да се сретне со Јохан Тарчуловски.
„Длабоко сум убеден дека вака крупно прашање во историјата на еден народ не може да се реши без консултација со сите граѓани. Името на државата е наследно. Тоа беше составен дел од прашањето за референдум на 8 септември 1991 година. За името на оваа држава не може да одлучуваат сами грст политичари или поедини интелектуалци, НВО или поединци. Тоа е толку крупно историско прашање за кое може да одлучи само народот“, рече Груевски.
„Политичарите за ова прашање можат да го дадат само своето мислење но не и сами да одлучат“, вели Груевски. Посочува дека тоа било и предизборно ветување содржано во Програмата на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“.

a1
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom