Овде ќе поставам едно прашање:
Зошто до 2006, во изминатите 15 години од нашето осамостојување, никој од политичарите и историчарите не го форсираше античкото потекло како стратегија која ќе придонесе за нашата дефинитивна победа над Грција ?
Затоа што биле глупави ?
Затоа што биле предавници ?
Затоа што Грујо и Паско се најпаметни ?
Не!
Реален ајде да одиме по ред!
Потполно се согласувам дека Македонскиот идентитет не се брани со невистини. Но уште поточно е дека за срамота во 21ви век да разговараме кои сме, што сме, одкаде сме, зашто сме и како сме. Мене ми е преку глава од квази научничи и само прогласени мудреци, или модерно кажано експерти, кои ми кажуваат за минатото на мојот народ и мојата држава. Знам да читам и да користам интернет значи можам да го дознаам она што ме интересира.
Каде е проблемот?
Проблемот според мене е во поранешниот Претседател Киро Глигоров и „образованата“ багра околу него на чело со „ценетиот“ академик Блаже Ристески. Овие типови велат дека: ние сме Словени кои дошле од зад карпатите и дека немаме ништо заедничко со античките Македонци, бидејќи двете работи заедно неидат.
Со твојот речник кажано: го знаете она со лубениците под мишка... нели?!
НО кога си малку по упатен во работава , упатен дали од нужност, или од желба или пак од двете ќе го приметиш огромниот кратер кој е во оваа теза: дека ние Македонците не сме одавде!
Овде се јавува едно контра прашање: Како може Кирил и Методиј да се Словенски просветители (Македонци по род, родени во Солун, како ќе го поврзеш Солун со Словени баш ме интересира), а дошле од зад Карпатите? Чиво писмо тие ги учеле народите кои подоцна ги викаме Словени? И искрено повеќе ме интересира одговор на следново прашање: Како ќе им ја оспориш тезата на Руските, Украинските, Полските и не знам кои други Словенски Академици, кои цело време тврдат дека тие се дојдени од зад Карпатите, а не ние! Кратерот кој се појавува во тезата на Блаже Ристески која е презентирана од Киро Глигоров, кој морам да кажам дека доста лошо и неуко ја презентира. Претседателот Киро Глигоров, кој веројатно се смета себе за екперт на темава, упорно тврди дека ние сме дојденци овде на Балканов, а изворите на кои се потпира се книгите напишани од академикот Блаже Ристовски. Барам да кажете од кои книги читате!!!!
Малку за минатите левичарски влади во самостојна и независна Република Македонија!
Република Македонија помина многу лош период кога левичарите т.е. кога СДСМ беше на власт. Ние заглавивме вака заради нив! Да не ја спомнувам лошата приватизација, негрижата за народот, негрижата за се она што не карактеризира нас како Македоници, за се она кое што можеа да го искористат за државата да не биде на ова дереџе кое е сега. Нив им беше важна само фотелјата, која еден од друг успешно си ја чуваа. Самоит Претседател Киро Глигоров кажуваше како ја „спасувале“ Македонија од надворепните сили (мислам на Југославија), а забоава да каже како ја крчмеа од внатре. МАНУ е збир од деовци и баби кои се изгубија во просторот. Тоа се образовани луѓе кои одработуваат туѓи агенди за малку пари, во немоќ да се изборат за она што им припаѓа (кој не сака да работи за доброто на државата, кој не може, а некој ни девете). Доволно би било кога акрепите од МАНУ би си ја вршеле работата во која се стручни (јавно да го презентираат своето знаење во нивната област). Сега после целиот овој минат период акрепите од МАНУ ќе треба прво да расчистат со себе, па после да излезат со било каква теза за било што. Јас не се прашувам зашто на не им било дозволено да истражуваат, туку се прашувам по кој повод им текнало да се ангажираат малку, да не речам да излезат од дупките во кои се криеа ко глувци целото ова време (појди на една презентација во МАНУ и види ги како спијат, ќе сфатиш што сакам да кажам).
Јас не знам дали Грците наше сојузник во Груевски, но да те потсетам дека зборуваме за окупирана територија и за територија каде што е извршен егзодус! Грците после се бараат НИЕ да смениме се затоа што тие имаат 51% од нашата територија, од која го избркаа дел нашиот народ, а другиот дел што остана не смее да го зборува својот мајчин јазик, не смее да се школува на мајчин јазик, не смее да го користи јазикот на јавни места, па дури ни по дома, затоа што може да плаќаат казни и најлошо да бидат обележани од општеството само затоа што се Македонци! Не мислиш ТИ ко Македонец дека Грцив претераа?
Одговор на твоето прашање:
Затоа што системот во Македонија кој владееше мислам на сојузот не го интересираше нешто. Сојузот успеа го промени името, знамето, но не успеа да го смени идентитетот. Епа извини ама тоа е државата: име, народ, јазик, знаме и грб! Патем историчарите кажуваа, ама не им беше даван простор на тв и по весници за да кажат гласно дека се противат на сојузот за тие работи. Стратегијата на сојузот е дај што ќе ти побараат, само гледај да има пари за внуците, што значи во превод дај го газот на оној што дава најмногу. Во книгата на Претседателот Киро Глогоров и самиот кажува за милионот кој му бил понуден од страна на Фрчко!
Биле глупави! Да не беа глупави немаше да не донесат до ова дереџе!
Да, се предавници! Го променија името на државата, кое требаше да биде решено за неколку месеци ама поминаа многу години!
Грујо и Паско не се најпаметни! Ама, барем прават нешто со кое повеќето од народот се согласува! (во парламент имаат 63 пратеници, избрани без крадење на гласови).
ДА!
Политиката на помал отпор се покажа како многу штетна за Македонија!
Фала му многу на Претседателот Киро Глигоров кој и покрај неговите 92 години сеуште се обидува да ме прави будала при здрав памет!
Искрено се надевам дека сојузот ќе се свести и ќе сфатат дека Грциве не се добронамерници и дека никогаш не ни биле!