Драга Кајгана

Статус
Затворена за нови мислења.
Денес бев крал. МОНАРХ бејбе! Али апсолутен монарх а не ко она педерчињана од уставнине монархии. Јес и МОНАРХОТ фаќа трема коа збори пред сите али ок. После идам по мостон и бев РЕЧНИОТ МОНАРХ, со мокри чорапи. Мораше некоја фалинка да има сеа...После бев АВТОБУСНИОТ МОНАРХ иако малолетнине дворски шутови ми ја подуа главата со нешо ко - АААААААААААААААААААААААААА! Така мислам дека беше али не сум сигурен околу 7та самогласка. Сеа сум ДОМАШЕН МОНАРХ со папучи на нозе и без цигари а и без кеш али шо има везе коа си ја имам титулата. Ајт чао.
 
Блах .
Страшно колку не може да им се верува на луѓето. Премногу такви ги има.
Фала.Чао.
 
School fails.
Снегот почна да се топи. :cry:
Не сум спана, а и тоа шо требаше не научив.
Уште пијано да ми падне денес над глава, ептен сум тапа. -.-
И ти си тапа, и искачања се тапа, и нема више криење на тераса за да запалиш цигара, и нема веќе криење да не те приметат дека си испил поише отколку што си смеел, нема веќе тивко куцање на тастатура за да не ти се раздерат дека е три саат сабајле да си легнеш, и нема веќе стигање дома и чекорење на прсти за да не приметат дека си останал поише отколку што ти дозволиле.
Нема више возбуда у ништо, кајгано.
:/
 
.Д..К.
...........сакам да спијам...........треба да учам................имам повторување.............имам тест...............и шехерезад му бега на онур..............имаш видено ПОтапа ден????? :uvo: :nesvest: :nesvest: :nesvest: :nesvest:


се надевам успешно ќе го поминам и утрешниот ден. држи палци (ако сакаш и курци ) и биди мих поздравења :back:
 
Вчера ме удрија флешови, чепкав повторно низ стари рани и повторно ги раскрвавив. Не во буквална смисла на зборот мислам нормално. Стварно понекогаш...некои работи ми изгледаат дека немаат смисла, навистина некогаш знам да направам глупост и да знам дека правам глупост. Ама ај барем да не се замарам, после тоа јас живеам со чувство на вина. А тоа пошто сум идиот. И така...
 
уммм како да ти кажам тапа е а од друга страна ласка ептен коа мислат дека имаш 30 + прајслессс :јебач:
 
j0 dawg!

Си го избришав фејсбукот, ми дое преку таквиот од безвезните групи, од сите тие бфф шо до вчера се оговарале позади грб, од фото ку*вите (случајно да не ги забораам).. Имаше и некои добри ствари шо се дешаваа, али не вреди за нив да си тупам мозок на фејсбук.

I feel better now. :back:
 
Драга

Не е денеска мој ден:(Нашколо тапа едвај иседов, прееска ме преслушаа Плејстејшн како никад и уште 999 работи ми се случија денеска:(:nesvest:
П.С. Ако сака некој да му кажам шо имам пишано за денеска у кладилница да го пише обратно ФАЌА ОБАВЕЗНО:tapp:
 
Кајги, пак јас те замарам.
Морав да ти пишам да си олеснам на душава, зошто на сите сум им советник!
И сите се преокупирани со нивните проблеми па собери ги тинејџерските глупи проблеми на 5 души и пресметај како ми е мене!!!
А ни на крај памет не му текнува на некој да ми се јави да ме праша како сум туку им служам за советник! Нека идат кај психијатар шо сум јас?!?!
Да, мене мило ми е да им помагам и да им кажам мое мислење за нивната ситуација и тоа како јас би постапила ама они гледаат само нивната работа да си ја завршат, а за мојата ич не им чуе! Вчера поминав тензично на tribute to joy division затоа што мораше да решавам проблеми на други луѓе и да пробувам постојано да ја разубавам атмосферата зошто сите беа непнати!
Денес дома седев изолирана у мојава соба од клавирот не се одвоив, а на никој не му текна да ми се јави да ме праша зашто не су била у школо!!!А ја будала за сите се грижам, на сите им се јавувам, на сит совети им давам!!!
епа нема више!!! глупи деца глупи луѓе, глупи личности!
ништо не ценат!
Е ТАКА!


уф ми олесна...
 
:helou:

Епа Кајгана, кајгана ми се "јаде". :icon_bigg Море како што сум најадена сега и пица ( едно од моите најомилени јадења ) да ми донесат нема шанси да јадам. Туку сега немам ништо ниту за жалење, ниту за фалење. Е ! Единствено што ме оддалечува од преубавите чувства сега е тоа што морам да одам да учам... ама како и да е, тоа не е ништо ново и затоа не се ни жалам. :) Поздрав.
 
Драгоева

“Зборови чудни, зборови волшебни
зборови разни, но сепак празни“

Празни зборови, празни постови, празни безсмислени реченици.
Празен е форумов....а сепак полн.

“Ко да сипаш од шупљо у празно
па ово нема ни у Београду“

Ми треба ментална борба,
ментална хигиена,
сум зарѓал.
Додека научниците напредуваат,
народот назадува.
Веќе мразам се што е user-friendly.
Се што знаеме е да си ја контролираме моториката.

Сајн оф, ќе одбивам постирање, ќе стагнирам.
Се додека не се реши да се крене востание.
Време е за промени.
Предвремени избори.
Ама не измени на “аватарот“, туку на јадрото.
 
Кајганче!
Денов-напор!
Почнав да учам-ЈЕС!
Во ПМС сум, ама чудно, нормално некако се однесувам(пу пу да не се урочам).
Сакам снег!Ама мразам шљапатарки после:(.
И сакам утре да дојде, да гледам фудбал.Оф леле, треба и домашно да пишувам, ме мрзи!Ама ќе пишувам, учениче сум сепак:pipi:.

п.с.не беше толку напор ден.

:back:
 
Драга,
професорине и асистентине на факултет не се нормални. Сме ги прошле лекциите пред повеќе од две недели а они уште не ги објавуваат. И сеа ја безделничам, а после сите ќе објават по 3 предавања во еден ден па ќе се сликам. Аххх.
 
И јас сум учениче.
И работниче.
И волонтерче.
И ме бркаат рокови а интернетов си игра крижи-мижи. Ами ко сум смотана па не знам да си се качам у 5ка, тап до последна, бап есеј напишан. Е не!
Пред 10 минути имав напад на паника. Одамна не ми се десило. Трчаница до продавница по посно благо.
Ко ми залупа срце, Бог да чува.
Не знам од каде да почнам. А мислев дека знам да се организирам. Знам мај ес!
Инаку добро е, сполај му, освен смрдеата низ земјава.
Ја сетив по 6 месеци. Корне.
Инаку не знам шо сакам да бидам кога ќе пораснам и теле сум за компјутери и технологија воопшто.
Сакам да си купам нешто пролетно. Каиш во шашави бои. Шарен. И исти такви обетки.
Ми се иде на Водно и до Кокино и ми се јадат листови од цвекло со кисело млеко, а не смеам.
А да, за 8ми март Матео ми даде букет од чоколадни бонбони. Јас скоро и да заборавив дека на наставничките им се носеа цвеќиња. Се надевам нема цел живот да бидам професорица. Too much!
Матео ќе биде шармер и шмекер.
Јас иам помал г'з од пред 6 месеци. Сакам јога со Андрес и U2 flow! Ах мамата...
Нејсе!
Мљацкам овесни колачи и напраив добар превод!
Тоа.
 
Кики!

Знам досадна сум на некој ама мора да кажам нешто.
Го мразам Горан.
И брат му.
И него.Мики
Eте за таа џукела зборев цело време овде.Итс over.
Епа се нека оде у .!.
Извини вака ама морав.
И ако навредив некој му се извинувам.
И Ајсбој не се нервирај да не те скалпирам оти и мене ме факаат бедови.

Ајде гитла мури досадна си...:nerv:
Се вракам кога сонцето ке изгрее од запад.

Ајт:salut:

П.С. Ти ибам фудбалот,ти ибам апарати и се по список.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom