Паааааах.
Еја, па фино е да си жена. Ти тргнуваат столче у кафеана, ти нудат вазна за добиената ружа и ти прават на лице место перформанс на Либар од Џ.
Бевме.
Се опивме.
И тоа што врнеше снег, само ја растечни нашата љубов другарска.
4 Жени, со мезе и литро со литро и муабети за иднината. Амбиции еден куп.
Се надевам ќе се остварат.
После тоа, кроце по снег и ко во бајката за сексот и градот, отидовме кај едната на работа, втора смена.
Топло чоколадо и црвени носеви, црвена ружа и црвени троседи.
Спокојство дома.
Не отидов на факултет, ме мрзи да веслам, а сполај ми, ќе земам белешки од кој годе. Друго - си добив осмомартовски :smir: од бендот ми. Не очекував.
Мама доби еден куп парфеми, цвеќиња, купки. Им се радувам.
Немам ич желба за тракатанчење во постов.
Го сакам, многу.
Валерие ми пишал кај сме ние од четврта година. Срциња маленки, сакаат друштво.
Вчера бев Партизанка по Партизанска, мартовски поход до просторија за проба. Музика, ракија, па пак музика и ракија.
Редум убавини.
Фала ти животе.
Одам да :music2: сега.
Медс.