Значи досега ако немав кренато раце од Бориело сега веќе и последната трошка надеж ја изгубив дека ќе биди некогаш напаѓач. Голо не го видов, ама толку бавен играч јас во живото немам видено и така незаинтересирано се влечка не ми се верва значи, никаков ентузијазам.
Пирло и Фавали тешки глупости напраја, мада Фавали баш и не беше толку крив колку тој шо го намести шо му ја додаде плус се изваде покри навремено. Вторио на Каљари ко од офсајд да беше, ама ајде не е прв пат.
Антонини и Бориело то шо промашија беше многу потешко да се промаши отколку да се погоди. А овој Астори ако случајно (не нарочно) игра вака слабо поарно никогаш да не го видиме во дрес на Милан, за голо голмано ја еба ама општо врска нема досега.